Прашања за Исламот III

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Секој човек,од раѓање до смрт е во постојана војна,без разлика на религиската припадност.
Некој во војна за ислам,некој за христијанство,некој за својот живот,некој за своите деца,некој за парче леб и тн,воглавном откако постои човештвото војната не е запрена.
И секој си има цел во животот за која мисли дека вреди да се живее и да се умре,и тоа на никому не можеш да му одземеш.
Мислам дека сум јасен.
Значи вие муслиманите кои го следите Коранот мислите дека животот вреди да се живее само ако имате војна со другите и да умирате за таа кауза?
И ако секој има цел во животот овде на Земјата и ако не може никој да му го одземе тоа право (ова ме потсетува на она што јас го зборувам веќе 2 години тука) како тогаш ти ќе војуваш со другите и ќе им го попречуваш нивниот пат кон нивната цел? Зошто војна и попречување на другите, кога сите религии имаат една иста цел, зарем не?

Затоа прашав дали има муслимански обиди да се дојде до помирување на боговите и луѓето едни со други во име на човештвото? Или ќе се војува и во иднина некоја далечна со некои други богови и други доктрини?

П.С. Вака со твојот краток одговор добив мислење дека ти ги одобруваш сите што убиваат во името на исламот или било која друга религија, бидејќи нели тие имаат цел во животот - да попречат цел на некој друг! И ти би убивал ако ти се овозможи тоа? :cautious:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Значи вие муслиманите кои го следите Коранот мислите дека животот вреди да се живее само ако имате војна со другите и да умирате за таа кауза?
И ако секој има цел во животот овде на Земјата и ако не може никој да му го одземе тоа право (ова ме потсетува на она што јас го зборувам веќе 2 години тука) како тогаш ти ќе војуваш со другите и ќе им го попречуваш нивниот пат кон нивната цел? Зошто војна и попречување на другите, кога сите религии имаат една иста цел, зарем не?

Затоа прашав дали има муслимански обиди да се дојде до помирување на боговите и луѓето едни со други во име на човештвото? Или ќе се војува и во иднина некоја далечна со некои други богови и други доктрини?

П.С. Вака со твојот краток одговор добив став дека ти ги одобруваш сите што убиваат во името на исламот бидејќи нели тие имаат цел во животот - да попречат цел на некој друг! И ти би убивал ако ти се овозможи тоа? :cautious:
Не,ние муслиманите кои го следиме Коранот мислиме дека вреди да се живее само ако се живее според Куранот,тоа не значи да се убијат сите што не сакаат да живеат според Куранот,барем денес можеш да си живееш како сакаш.
Овде пола тема се потроши за Саудиска Арабија и како тие биле неправедни и бла бла,зарем тоа не е попречување на нивната цел? Ако така си ја уредиле државата луѓето така нека си живеат,на тој што не му се свиѓа нека си бара друго место за живеење,и така е сегде.
Мене во Македонија ако не ми се свиѓа како законот и државата се однесуваат кон мене,ако ми се угрозени религиските права ќе си барам подобро место за живеење,што барам на тука ако не сум посакуван.

Вие за цел го имате Овој свет,а муслиманите за цел го имаат Оној свет,а Овој свет е само средство до целта.
Никого јас не сакам да попречувам во неговата цел се додека тој мене не ме попречува во мојата цел.
И како можеш да напишеш Боговите,кога целта на сите монотеистички религии е постоењето и верувањето во само Еден Бог.

П.С Во мојот краток одговор требаше да добиеш став дека никого прв не напаѓам,ако ме нападнат готови се :)
Да живеам во авганистан,пакистан,сирија и да ме гаѓаат секој ден амерички авиони без потреба,сигурно би војувал.
Овде против кого да војувам?
Мене ми е засега генерално добро :)
Тоа што ситуацијата во државата економски не чини е друг муабет. :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Овде пола тема се потроши за Саудиска Арабија и како тие биле неправедни и бла бла,зарем тоа не е попречување на нивната цел? Ако така си ја уредиле државата луѓето така нека си живеат,на тој што не му се свиѓа нека си бара друго место за живеење,и така е сегде.
Дали исламски уредена држава - шеријатска држава, ќе му дозволи да си оди на друго место на нејзин граѓанин, кој решил или сватил дека повеќе несака да биде дел од неа?
 
W

Werther

Гостин
Мене во Македонија ако не ми се свиѓа како законот и државата се однесуваат кон мене,ако ми се угрозени религиските права ќе си барам подобро место за живеење,што барам на тука ако не сум посакуван.
Па ти во неколку наврати кажа дека законот во Македонија ги дискриминира муслиманите и е неправеден.

Исто сакаш да се имплементира и шеријатот,само за жал,тоа нема да се случи.
Нели единствен закон кој ти го почитуваш е шеријатскиот,сите други се не легитимни за тебе како муслиман.

Прашањето ми е што чекаш,зошто не се иселиш во земја која е уредена според шеријатскиот закон ?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Кои се тоа ВИЕ во кои ме буткаш цело време? И од каде знаеш која е целта на поединецот овде на Земјата? Да не судиме бидејќи ќе паднеме во грешка...
Значи делиме исто мислење: не може Коранот да биде во секоја куќа, нели? Како што ниту Библијата не може да биде во секоја куќа (во смисла сите да бидат или муслимани или пак христијани или евреи, бидејќи не сте саде вие околу кои се врти опстанокот на човештвото).

За да биде тоа исполнето (коранот во секоја куќа) мора што... да убиваш физички или да водиш војна со философски полемики (што не донесува ништо друго денес освен омраза - мислам дека гледаш и самиот дека освен омраза никој друг не чувствува ништо друго спрема муслиманите ) за да преобратиш некој да биде муслиман?
Не е ова пак мешање во нечија волја која го води поединецот до некаква си негова цел? :)

Значи дека не треба водење војни религиски во името на некаков си бог, нели? Човек човека следи заради делата не заради проповеди, нели?

П.С. И зошто мислам дека лажеш? Погледни ги твоите изјави на арапски со македонска транскрипција! Не бидува да лажеш, јас не сум младич од 20-30 години... тука сум на Земјата малку поеќе... со лаги може да добиеш само кукавици за воини во твојата религија. Тоа не е добар пат... лагата. Контрадикторно одговараш... НЕ така.

П.П.С. Реков ако не знаеш или не сакаш да одговориш, подобро да молчеше... или да кажеше она твоето: Алах знае, не јас, па да се објаснував со него на раат, не со тебе. Но мора да ми одговориш нели... повикан си...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не,ние муслиманите кои го следиме Коранот мислиме дека вреди да се живее само ако се живее според Куранот,тоа не значи да се убијат сите што не сакаат да живеат според Куранот,барем денес можеш да си живееш како сакаш.
Овде пола тема се потроши за Саудиска Арабија и како тие биле неправедни и бла бла,зарем тоа не е попречување на нивната цел? Ако така си ја уредиле државата луѓето така нека си живеат,на тој што не му се свиѓа нека си бара друго место за живеење,и така е сегде.
Мене во Македонија ако не ми се свиѓа како законот и државата се однесуваат кон мене,ако ми се угрозени религиските права ќе си барам подобро место за живеење,што барам на тука ако не сум посакуван.

Вие за цел го имате Овој свет,а муслиманите за цел го имаат Оној свет,а Овој свет е само средство до целта.
Никого јас не сакам да попречувам во неговата цел се додека тој мене не ме попречува во мојата цел.
И како можеш да напишеш Боговите,кога целта на сите монотеистички религии е постоењето и верувањето во само Еден Бог.

П.С Во мојот краток одговор требаше да добиеш став дека никого прв не напаѓам,ако ме нападнат готови се :)
Да живеам во авганистан,пакистан,сирија и да ме гаѓаат секој ден амерички авиони без потреба,сигурно би војувал.
Овде против кого да војувам?
Мене ми е засега генерално добро :)
Тоа што ситуацијата во државата економски не чини е друг муабет. :)
Ухууу што све не изнапиша, а ништо конкретно не кажа.

Ај ја да те прашам нешто конкретно од реалноста. Батали ти овој муабет и фолософии за цитати од Куранот и хипотетички ситуации.

Зошто сите муслимани се стремат да најдат подобар живот во западните атеистичко-хриситјански земји, и го прифаќаат сето западно зло, а претходно си биле во исламски држави кои им нуделе се она што го пишува во копијата на Библијата, која вие сте ја измениле и нарекле Куран?

Зашто нема ниту еден муслиман што сака да оди во Саудиска Арабија, како врв на Илсамското општество во моментов, туку сите сакаат Германија, Англија, Франција, Америка, Скандинавија?

Па таму нема бе пријател шеријат и Куран? Таму ви го палат Куранот, а вие сакате таму да седите.

Ама убав е животот таму дефинитивно нели:) Ќе глумите муслимани пред оние што останале, ама ќе си терате ќефот во Европа.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Дали исламски уредена држава - шеријатска држава, ќе му дозволи да си оди на друго место на нејзин граѓанин, кој решил или сватил дека повеќе несака да биде дел од неа?
Зашто да не му дозволи,барем сега има држави колку сакаш.
Би требало да дозволува.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Зошто сите муслимани се стремат да најдат подобар живот во западните атеистичко-хриситјански земји, и го прифаќаат сето западно зло, а претходно си биле во исламски држави кои им нуделе се она што го пишува во копијата на Библијата, која вие сте ја измениле и нарекле Куран?
Знаеш да кажуваш во темата до модераторот,а прв од сите провоцираш и навредуваш.
Ова за мене е навреда поголема од сите навреди кои до сега вертер ги напишал.
Плус, ова го гледам напишано од човек кој се декларира атеист.
Што се однесува до мене,јас повеќе не се обврзувам да ти возвраќам на било што нити да ти одговарам било какви прашања на оваа тема.
Поздрав.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Знаеш да кажуваш во темата до модераторот,а прв од сите провоцираш и навредуваш.
Ова за мене е навреда поголема од сите навреди кои до сега вертер ги напишал.
Плус, ова го гледам напишано од човек кој се декларира атеист.
Што се однесува до мене,јас повеќе не се обврзувам да ти возвраќам на било што нити да ти одговарам било какви прашања на оваа тема.
Поздрав.
Хмм. Мислам дека немаше да одговриш и без болдот, бидејќи одговорот на тие прашања го руши митот за муслиманите и Исламот, како верни следбеници на куранот.

Како што сам кажа од моја атеистичка гледна точка, сум согледал дека Куранот е копија на Библијата видоизменете и дополнета. Тоа сфати го повеќе како метафора за тоа дека Исламот е само видоизменето Христијанство во полош облик.

Значи, во 21 век, не смее да биде навреда нечиј став за одредена работа.

Ниту еден Христијанин не постапил како што ти постапуваш, кога било споменато дека Библијата е копија на Тората.

Не да се повелкуваш од дискусијата, туку обиди се да ме убедиш дека грешам.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Кои се тоа ВИЕ во кои ме буткаш цело време? И од каде знаеш која е целта на поединецот овде на Земјата? Да не судиме бидејќи ќе паднеме во грешка...
Значи делиме исто мислење: не може Коранот да биде во секоја куќа, нели? Како што ниту Библијата не може да биде во секоја куќа (во смисла сите да бидат или муслимани или пак христијани или евреи, бидејќи не сте саде вие околу кои се врти опстанокот на човештвото).

За да биде тоа исполнето (коранот во секоја куќа) мора што... да убиваш физички или да водиш војна со философски полемики (што не донесува ништо друго денес освен омраза - мислам дека гледаш и самиот дека освен омраза никој друг не чувствува ништо друго спрема муслиманите ) за да преобратиш некој да биде муслиман?
Не е ова пак мешање во нечија волја која го води поединецот до некаква си негова цел? :)

Значи дека не треба водење војни религиски во името на некаков си бог, нели? Човек човека следи заради делата не заради проповеди, нели?

П.С. И зошто мислам дека лажеш? Погледни ги твоите изјави на арапски со македонска транскрипција! Не бидува да лажеш, јас не сум младич од 20-30 години... тука сум на Земјата малку поеќе... со лаги може да добиеш само кукавици за воини во твојата религија. Тоа не е добар пат... лагата. Контрадикторно одговараш... НЕ така.

П.П.С. Реков ако не знаеш или не сакаш да одговориш, подобро да молчеше... или да кажеше она твоето: Алах знае, не јас, па да се објаснував со него на раат, не со тебе.
под тоа ВИЕ,мислев на немуслиманите.
За да преобратиш некого треба да му го објасниш исламот,а од Бога зависи дали тој ќе се преобрати или не.
Ти зошто си го отворил твојот блог на пример? Која е целта со неговото рекламирање?
Нели е и тоа мешање во нечија воља и наметнување на туѓо мислење.

П.С Зошто мислиш дека лажам? Кога зборувам за мојата религија се трудам максимално да бидам искрен.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 23:31 ---
Хмм. Мислам дека немаше да одговриш и без болдот, бидејќи одговорот на тие прашања го руши митот за муслиманите и Исламот, како верни следбеници на куранот.

Како што сам кажа од моја атеистичка гледна точка, сум согледал дека Куранот е копија на Библијата видоизменете и дополнета. Тоа сфати го повеќе како метафора за тоа дека Исламот е само видоизменето Христијанство во полош облик.

Значи, во 21 век, не смее да биде навреда нечиј став за одредена работа.

Ниту еден Христијанин не постапил како што ти постапуваш, кога било споменато дека Библијата е копија на Тората.

Не да се повелкуваш од дискусијата, туку обиди се да ме убедиш дека грешам.
Како може да биде дискусија кога ти од почеток имаш став дека едно е копија на друго,нема потреба да дискутираме понатаму.
Јас кога дискутирам со христијани никогаш не сум им рекол дека библијата е копија или слично,настапувам онака како тие гледаат на библијата,тие настапуваат онака како јас гледам на куранот и водиме дебата.
Како можеме на пример да дискутираме за татко ти и мајка ти ако сум јас од почеток со став дека си посвоен :D малку е дебилно да бараш таква дискусија нели :D
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Како може да биде дискусија кога ти од почеток имаш став дека едно е копија на друго,нема потреба да дискутираме понатаму.
Јас кога дискутирам со христијани никогаш не сум им рекол дека библијата е копија или слично,настапувам онака како тие гледаат на библијата,тие настапуваат онака како јас гледам на куранот и водиме дебата.
Како можеме на пример да дискутираме за татко ти и мајка ти ако сум јас од почеток со став дека си посвоен :D малку е дебилно да бараш таква дискусија нели :D
Јас побарав од тебе одговор на реалан ситуација со желбите на муслиманите во моментов ширум светов, околу тоа која земја ја бират за нивни дом.

Ти од целиот пост се фати за она што го повторувам од секогаш - Куранот копија на Библијата, Библијата копија на Тората, Тората сублимат на египетски и останати митови итн.....

За посвоените, старателите се татко и мајка и може да зборуваат за родителство секако.

Прашањето е во насока токму на тоа дека муслиманите не се држат до Куранот целосно, и дека како и секој човек, ако им се пружи шанса и те како ќе емиигрираат во Западан Европа и САД, и оберучке ќе прифатат се што носи тој запад таму.
Тоа и ти ќе го сториш, претпоставувам.

Од друга страна ниту еден муслиман нема да с епотегне да оди во С. Арабија освен за аџилак.

Точно ли е ова или не? И зошто?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Мислам дека лажеш бидејќи на исти прашања одговараш на различни начини (или двосмислено). Ете затоа... небитно, како ти е волја.
Секој што се преобратува не го гледаш како предавник или кукавица или неспособен човек што не може да си ги носи искушенијата по својот пат и да ги надминува истите? Па сега ќе пробува друго? Демек повистинито и подобро?
Сакате луѓе кои менуваат вери, дури да е тоа и преминување во вашата?

П.С. Целта на рекламирањето на МОЈОТ блог е лично мое задоволство и задоволство на читателите (y) . Она што го знам го пишувам, цитирам дела и уживам во моето дело (наскоро и страница ќе биде по се изгледа). Јас не барам иницијанти со пишувањето (иницијанти - тоа се луѓе кои не бараме да се преобаруваат, небитно ни е кој е богот кој го следат се додека ЧОВЕШТВОТО Е ПРЕД СЕ) преку блогот (не секој е подобен за тоа), тие не' бараат нас. Тука е разликата помеѓу вас и нас :) Нели? :)
 
Нормално дека не го гледам како предавник,секој кој ќе прифати ислам го гледам како и останатите муслимани кои се родени како такви.

П.С Каква и да е целта,пак застапуваш нечие учење/мислење кабала,закони и не знам уште што.
И го правиш истото како и сите други религии,а до сега мрчиш против тоа :) не е фер.
Со среќа со твојот блог,нека пролжат да ве бараат и тоа е тоа.
Поздрав.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 23:52 ---
Јас побарав од тебе одговор на реалан ситуација со желбите на муслиманите во моментов ширум светов, околу тоа која земја ја бират за нивни дом.

Ти од целиот пост се фати за она што го повторувам од секогаш - Куранот копија на Библијата, Библијата копија на Тората, Тората сублимат на египетски и останати митови итн.....

За посвоените, старателите се татко и мајка и може да зборуваат за родителство секако.

Прашањето е во насока токму на тоа дека муслиманите не се држат до Куранот целосно, и дека како и секој човек, ако им се пружи шанса и те како ќе емиигрираат во Западан Европа и САД, и оберучке ќе прифатат се што носи тој запад таму.
Тоа и ти ќе го сториш, претпоставувам.

Од друга страна ниту еден муслиман нема да с епотегне да оди во С. Арабија освен за аџилак.

Точно ли е ова или не? И зошто?
Ти реков друже,тоа што ти го кажа за мене е поголема навреда од се што до сега вертер има изнакажано.
Радо би позборувал и за овие теми верувај,но нема да ти го овозможам тоа задоволство.
Поготово бидејќи се декларираш како атеиста.
Ти како атеиста би требало да ги перципираш светите книги онака како ги перципираат припадниците и следбениците на тие книги и така и да дискутираш/дебатираш.
Со ваков став за светите книги,нема потреба ниту еден припадник на било која религија да дискутира со тебе бидејќи од старт си со став дека си тргнат да убедуваш милијарди следбеници дека нивната света Книга била копија,и само ти ајнштајн си најпаметен и само ти ја имаш откриено вистината,што мислам дека нема да ти помине во било која дискусија.
Од мене толку.
Поздрав.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Muki-20 koj e gospodarot cii zborovi gi prenesuval Muhamed, a ne po svoja zelba?

Rimokatolickata crkva li?
Господарот чии зборови ги пренесувал Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, е Аллах! Господарот на сите светови, Владарот на Судниот ден. Оној кој го знаее и видливото и невидливото, Создателот на се што гледаме и се што не гледаме. Тоа е Аллах!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom