Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.242
- Поени од реакции
- 12.251
Значи вие муслиманите кои го следите Коранот мислите дека животот вреди да се живее само ако имате војна со другите и да умирате за таа кауза?Секој човек,од раѓање до смрт е во постојана војна,без разлика на религиската припадност.
Некој во војна за ислам,некој за христијанство,некој за својот живот,некој за своите деца,некој за парче леб и тн,воглавном откако постои човештвото војната не е запрена.
И секој си има цел во животот за која мисли дека вреди да се живее и да се умре,и тоа на никому не можеш да му одземеш.
Мислам дека сум јасен.
И ако секој има цел во животот овде на Земјата и ако не може никој да му го одземе тоа право (ова ме потсетува на она што јас го зборувам веќе 2 години тука) како тогаш ти ќе војуваш со другите и ќе им го попречуваш нивниот пат кон нивната цел? Зошто војна и попречување на другите, кога сите религии имаат една иста цел, зарем не?
Затоа прашав дали има муслимански обиди да се дојде до помирување на боговите и луѓето едни со други во име на човештвото? Или ќе се војува и во иднина некоја далечна со некои други богови и други доктрини?
П.С. Вака со твојот краток одговор добив мислење дека ти ги одобруваш сите што убиваат во името на исламот или било која друга религија, бидејќи нели тие имаат цел во животот - да попречат цел на некој друг! И ти би убивал ако ти се овозможи тоа?