Прашања за Исламот III

Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Значи никаква музика ни онаква за опуштање со звуци од природа и сл. Да. Ама од маркети и сендвичари не треба да се јаде? Пилешкото дозволено е нели? Доналд сакав истото да го прашам. :)
Музиката и пеењето се забранети во Исламот (освен ако не се во служба на славење на Господ, односно ако не се од верска природа).
- тоа беше одговорот на истово прашање, се збореше за тоа поназад на темава.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Зошто музиката е забранета? Ова е нешто што ми е многу нејасно со оглед на тоа што сите народи имаат традиции со музика, пеење и музички инструменти. Иранците и арапите не се исклучок. Да не е дело на шејтанот па да биде забранета?

Друга работа-1001 ноќ, епохалната збирка на бајки и раскази од Блискиот исток содржи доста сочни секс сцени, дали верниците се ок во поглед на истакнувањето на сексуалноста и сексуалните слободи во исламска литература?
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114

Друже не секој што се нарекува муслиман е муслиман
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Друже не секој што се нарекува муслиман е муслиман

Тогаш може да добијам одговор на овие прашања?

Ако ти си примерен муслиман тогаш верувам можеш да ги објасниш.
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
Не јас не сум ни муслиман. Само мое мислење е дека оња што се прикажува во серииве не е баш во муслимански дух
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Значи никаква музика ни онаква за опуштање со звуци од природа и сл. Да. Ама од маркети и сендвичари не треба да се јаде? Пилешкото дозволено е нели? Дондар сакав истото да го прашам. :)
bilo kakva muzika e zabraneto , a prirodnite zvuci ne se zabraneti.
najubavo e da ne jades meso koga ne si siguren vo cije ime e zakoleno. no Allah gi prostuva grevovite sto se praveni neznajekji :)
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Тогаш може да добијам одговор на овие прашања?

Ако ти си примерен муслиман тогаш верувам можеш да ги објасниш.
Убави прашања :)
Културата и обичаите на еден народ кој му се припишува на исламот не е мерило за прописи во Исламот.
Исламските прописи црпат докази од 2 примарни извори: Кур'ан и суннет а не од арапите или иранците итн итн.
Културата и обичаите на еден народ кој себеси се смета за исламски се прифаќа се додека не му опонира на Куранот и сунетот,кога ќе дојде до конфликт со Куранот и суннетот,се остава.
Докази дека музиката е забранета се следни:

1. Куран.
6. Има луѓе кои купуваат залуден говор, за да, не знаејќи колкав грев е тоа, од Аллаховиот пат да одвраќаат и за предмет на исмејување да го земаат. Нив ги чека срамно страдање.
(сура Лукман)

За овој збор залуден говор, на арапски се вика лехвул-хадис, имам Табери ги бележи следниве преданија:
Од Сеид ибн Џубејр се пренесува дека Ибн Аббас коментирајќи го овој дел од ајетот,за лехвул-хадис рекол: Тоа е песна и слично на тоа.
Ебу Сахба го прашал Абдуллах Ибн Месуд за овој дел од ајетот,а тој рекол: Тоа е музиката.

2. Суннет.
Покрај овој Курански ајет горецитиран,еден од најголемите докази е хадисот каде што Мухаммед с.а.в.с. вели:
Во мојот уммет(народ) ќе се појават луѓе кои ќе дозволуваат блуд,свила(за мажите),алкохол и музички инструменти...(хадисот го бележи Бухари и ибн Хиббан)

А нормално,за да се дозволи нешто значи дека пред тоа било забрането.
Има уште многу хадиси во кои е спомната и музиката.
Но ова мислам дека е доволно јасно.
Музиката пропратена со музички инструменти е забранета во Исламот па макар тоа биле познатите илахии.
Пеењето е дозволено без музички инструменти и да не е пропратено со вулгарности,и слични работи во текстот кои се косат со Исламот.
 
Значи музиката не е ок бидејќи поттикнува на блуд и грев?

Имаш одговор за другото прашање? За 1001 ноќ. Ја имам читано и не очекував отсуство на религиска рестрикција за секс сцените во таа книга, иако во многу наврати се спомнува Алах како го избавил од некоја беља, знаеш вообичаеното благодарам ти Боже, а особено што немам налетано на осуди за такви секс сцени кај муслиманите, барем оние кои ги познавам, иако повеќето секс сцени вклучуваат секс со повеќе девојки, оргијања, инцест па дури и геј секс (иако еден од ликовите е девојка, но сите мислат дека е машко која има секс со еден тип кој ја сака, но никој не и може ништо зошто мислат дека е машко и воедно султан на што имплицира дека не вреди да ја губиш главата ако му кажеш на султанот дека практицира геј секс).
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
И дали според ајетот дека се што е убиено во друго име освен во име на Аллах е забрането да се јаде, значи дека уствари секое месо е забрането освѓн за време на курбан? Особено ова во сендвичарите и по маркети зашто незнаеме во чиво име е заклано.

Ајетот вели вака:
3. Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото...(сура ел-Маида)

Ова е прв дел од одговорот кој се однесува за муслиманите кои колат месо.
Дозволеноста на месото е голема тема во Исламот,ќе пробам во кратки црти да објаснам.
Прво и основно,муслиман треба да настојува да се храни со халал храна(и самата храна да е халал и парите кои се заработуваат за да се купи храна треба да бидат халал).
А на муслиман му е обврска,кога коле животно кое сака да го јаде,да при колење го спомне Аллаховото име,односно да каже бисмиллах(во името на Аллах).
И тоа треба да го знае секој муслиман.
Доволно е да се кажат тие зборови,не мора човекот да биде оџа или некое верско лице туку едноставно да биде муслиман и да каже бисмиллах.
Е сега,што се однесува до забраните,на муслиман му се забранува да јаде месо од многубожци или атеисти.
пр. земји како Индија,Кина,итн итн каде што не само што не се муслимани туку веруваат во тие нивни кипови,богови и слично.
Па така,кога купуваш месо,гледај да е кај муслимани,ако ги познаваш и ако знаеш дека се добри верници тогаш уште поубаво.
Но ако само знаеш дека се муслимани,и не знаеш ништо повеќе за нив.. ќе го јадеш месото без додатно испитување бидејќи тоа месо е во основа дозволено.
А на пр. ако познаваш муслимани,а ги има денес такви.. што не ја почитуваат својата вера,го пцујат Аллах,негираат многу работи од верата, забрането е да се јаде месото од такви луѓе.
.............
Вториот дел е,што со месото кое го колат припадниците на Книгата(ехлу-китаб) односно Евреите и Христијаните.
Основата на ова е дека ова месо е дозволено,освен кога се коле за празници.
на пр. забрането е месото од христијаните кое е заклано за Божиќ или некоја слава,или од евреите за нивните празници(ханука,и не знам кои се други).
Бидејќи Аллах во Куранот вели:
4. Те прашуваат што им се дозволува. Кажи: „Ви се дозволува убавата храна и тоа што ќе ви го уловат животните кои на лов сте ги подучиле, така како што Аллах вас ве научил. Јадете го тоа што тие ќе ви го уловат и споменете Го Аллаховото
име при тоа, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах, навистина, брзо ги сведува сметките!“
5. Од сега ви се дозволува сета убава храна; и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив;

Во овој ајет,е дозволеноста на месото од тие што им е дадена Книгата(се мисли на евреите и христијаните) освен во ситуациите кои ги напоменав горе.
Е сега,туку има разединување меѓу исламските учењаци околу тоа,колку денешните христијани и евреи можеме да ги вброиме во Ехлу-китаб кои Аллах ги спомнува во Куранот.
Учењаците велат дека не е на нас да анализираме колку денешните христијани и евреи се припадници на ехлу-китаб,бидејќи во ајетот е јасно нагласена дозволеноста на храната без понатамошно испитување,и тоа е поисправно мислење.
освен,нормално од оние луѓе кои се родени во христијански фамилии,но тие јавно кажуваат дека немаат ништо со христијанство,односно дека се декларираат како атеисти и слично(на кајгана еден куп ги имаш).

Е сега,се појавува еден друг проблем тука,а тоа е самото колење на храната.
Бидејќи во некои европски земји дури и со закон е забрането да се колат животни туку прво ги убиваат со електрошокови и разни инјекции,па после ги колат.
Таквото месо е забрането затоа што потпаѓа под леш,стврина,мрша која е забранета па макар и да муслимани така прават.
Се надевам дека бев јасен.

--- надополнето: 29 декември 2013 во 16:47 ---
Значи музиката не е ок бидејќи поттикнува на блуд и грев?

Имаш одговор за другото прашање? За 1001 ноќ. Ја имам читано и не очекував отсуство на религиска рестрикција за секс сцените во таа книга, иако во многу наврати се спомнува Алах како го избавил од некоја беља, знаеш вообичаеното благодарам ти Боже, а особено што немам налетано на осуди за такви секс сцени кај муслиманите, барем оние кои ги познавам, иако повеќето секс сцени вклучуваат секс со повеќе девојки, оргијања, инцест па дури и геј секс (иако еден од ликовите е девојка, но сите мислат дека е машко која има секс со еден тип кој ја сака, но никој не и може ништо зошто мислат дека е машко и воедно султан на што имплицира дека не вреди да ја губиш главата ако му кажеш на султанот дека практицира геј секс).
Па и тоа меѓу останатото,какви само текстови има човек да се запраша дали се нормални луѓево,а најтрагичната работа е тоа што и муслиманите не ги заобиколила таа појава.

1001 ноќ,ја имам само прегледано доволно видов за да не ја читам понатаму,ете ти си ја читал,и само тоа што ти го наброја е доволно да муслиманите не ја читаат таа книга.
Колку и да е позната и блабла итн итн.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Каков материјал бе моничке,ваљда на тоа што се пишувало тогаш.
Не знам на шо материјал се пишувало пред 1400 години,но со сигурност можам да кажам дека не е тетратка. :D
фала богу не е тетратка ама вакво нешто би требало да знаете мене еднаш ми кажаа ама заборавив
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
Ајетот вели вака:
3. Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото...(сура ел-Маида)

Ова е прв дел од одговорот кој се однесува за муслиманите кои колат месо.
Дозволеноста на месото е голема тема во Исламот,ќе пробам во кратки црти да објаснам.
Прво и основно,муслиман треба да настојува да се храни со халал храна(и самата храна да е халал и парите кои се заработуваат за да се купи храна треба да бидат халал).
А на муслиман му е обврска,кога коле животно кое сака да го јаде,да при колење го спомне Аллаховото име,односно да каже бисмиллах(во името на Аллах).
И тоа треба да го знае секој муслиман.
Доволно е да се кажат тие зборови,не мора човекот да биде оџа или некое верско лице туку едноставно да биде муслиман и да каже бисмиллах.
Е сега,што се однесува до забраните,на муслиман му се забранува да јаде месо од многубожци или атеисти.
пр. земји како Индија,Кина,итн итн каде што не само што не се муслимани туку веруваат во тие нивни кипови,богови и слично.
Па така,кога купуваш месо,гледај да е кај муслимани,ако ги познаваш и ако знаеш дека се добри верници тогаш уште поубаво.
Но ако само знаеш дека се муслимани,и не знаеш ништо повеќе за нив.. ќе го јадеш месото без додатно испитување бидејќи тоа месо е во основа дозволено.
А на пр. ако познаваш муслимани,а ги има денес такви.. што не ја почитуваат својата вера,го пцујат Аллах,негираат многу работи од верата, забрането е да се јаде месото од такви луѓе.
.............
Вториот дел е,што со месото кое го колат припадниците на Книгата(ехлу-китаб) односно Евреите и Христијаните.
Основата на ова е дека ова месо е дозволено,освен кога се коле за празници.
на пр. забрането е месото од христијаните кое е заклано за Божиќ или некоја слава,или од евреите за нивните празници(ханука,и не знам кои се други).
Бидејќи Аллах во Куранот вели:
4. Те прашуваат што им се дозволува. Кажи: „Ви се дозволува убавата храна и тоа што ќе ви го уловат животните кои на лов сте ги подучиле, така како што Аллах вас ве научил. Јадете го тоа што тие ќе ви го уловат и споменете Го Аллаховото
име при тоа, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах, навистина, брзо ги сведува сметките!“
5. Од сега ви се дозволува сета убава храна; и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив;

Во овој ајет,е дозволеноста на месото од тие што им е дадена Книгата(се мисли на евреите и христијаните) освен во ситуациите кои ги напоменав горе.
Е сега,туку има разединување меѓу исламските учењаци околу тоа,колку денешните христијани и евреи можеме да ги вброиме во Ехлу-китаб кои Аллах ги спомнува во Куранот.
Учењаците велат дека не е на нас да анализираме колку денешните христијани и евреи се припадници на ехлу-китаб,бидејќи во ајетот е јасно нагласена дозволеноста на храната без понатамошно испитување,и тоа е поисправно мислење.
освен,нормално од оние луѓе кои се родени во христијански фамилии,но тие јавно кажуваат дека немаат ништо со христијанство,односно дека се декларираат како атеисти и слично(на кајгана еден куп ги имаш).

Е сега,се појавува еден друг проблем тука,а тоа е самото колење на храната.
Бидејќи во некои европски земји дури и со закон е забрането да се колат животни туку прво ги убиваат со електрошокови и разни инјекции,па после ги колат.
Таквото месо е забрането затоа што потпаѓа под леш,стврина,мрша која е забранета па макар и да муслимани така прават.
Се надевам дека бев јасен.

--- надополнето: 29 декември 2013 во 16:47 ---

Па и тоа меѓу останатото,какви само текстови има човек да се запраша дали се нормални луѓево,а најтрагичната работа е тоа што и муслиманите не ги заобиколила таа појава.

1001 ноќ,ја имам само прегледано доволно видов за да не ја читам понатаму,ете ти си ја читал,и само тоа што ти го наброја е доволно да муслиманите не ја читаат таа книга.
Колку и да е позната и блабла итн итн.
Фала на убавиот одговор. Уште за пилешкото ме интересира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom