Каква врска имаат христијаните со заветот што Бог го склучил со Авраам?
Ако јас и мојата фамилија склучиме договор на 24 месеци со T-Mobile, дали од тебе ќе се очекува да плаќаш по 600ден месечно?
и колку е ова веродостојно
"А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат од утробата." (Luka 2:21)
--- надополнето: 14 мај 2013 во 02:29 ---
А што вели за задгробниот живот?
Многу големо прашање и тема,но ќе се обидам да ти одговорам.
Веќе порано пишував,ќе напишам и сега: Целиот живот и смислата на целото постоење на човек муслиман се состои во 3 прашања: Од каде дојдов? Зошто сум овде? и Каде ќе одам?
Создадени сме од Бог,овде сме во поминување и да заработиме што подобра завршница за Оној свет.
Една од главните точки,поенти на исламското верување(акида) е постоење на задгробен живот,постоење на џеннет и џехенем.
И дека со покорност кон Бога,обавување молитва,правење добри дела,почитување на родителите и тн се дела кои водат кон џеннет(рај) а спротивно на тоа е непокорност и неред.
За верник муслиман,Овој свет не смее да биде цел,туку средство до целта(Оној свет)
Животот на верник муслиман се базира на две работи,надеж во Аллахова милост и страв од Аллаховата казна,и не смее да замине во ниту една од овие две крајности.
Ниту смее да крене нозе во вис,да прави што сака,да прави неред и да се надева на Аллаховата милост,ниту пак смее своето верување да го потпре само на Аллаховата казна.
Верувањето во Судниот ден е обврска на секој муслиман,без тоа човек не може да биде муслиман.
Секој што се декларира муслиман а вика дека нема ништо после смртта,не е муслиман,да знаеш.
Задгробниот живот е извесен,Судниот ден е извесен,само од тебе зависи каде ќе завршиш,Џеннет или Џехеннем.
Ако имаш додатни прашања за подетално,кажи.
Бидејќи вака прашањето е премногу општо,има до утре да се кажува на оваа тема,има многу курански ајети и хадиси кои кажуваат за тоа.
Пробав вака со наш јазик да ти објаснам.