Една работа која ни ја препишуваат силните клеветници на исламот е дека жената муслимнка е со сила покриена. Овде би ви нагласилa една многу битна работа што секогаш да ја имате на ум кога ќе сакате да дознаете нешто за исламот а тоа е :
Никогаш не учете за исламот од другите луѓе, земете прочитајте го Куранот, хадисите на Последниот Пратеник од Бога Мухаммед а.с.,па ќе ја пронајдете вистината за жената муслиманка.
Нека вашата комшика или пријателка муслиманка што секој ден ја гледате не биде показател на она што е вистина, тоа што го гледате е традициаја, тоа е застранување, од вистинскиот ислам.
Денес вие можете да видете кај муслимаската жена, две крајности, или некоја која е необразувана, дома затворена и роб на сите околу неа, без право на збор, и избор, или пак вториот случај е прозападно насочената муслиманка, која во својот пат кон слобода пак избрала погрешно. Слободате не е во робувањето на материајлниот свет, слободата е во робувањето и покорувањето на само едниот Бог и на никој друг.
Ако некоја муслиманка дојде и ви каже дека некој со сила ја покрил, верувајте таа е далеку од ислам, воопшто не ја сватила пентата на сето тоа!
Јас сум покриена не затоа што некој со сила ме покрил, затоа што така ми наредил Едниот единсвен Бог, и јас само по неговите закони одам, и само на Него му се покорувам, на никој друг. Ниедно човечко сворение не е поголемо од Створителот за да ги слушаме неговите наредби и да му се покориме!!!!!
Нашата жена е покриена, и вие неможете да и видите ништо освен лицето и дланките. За вас ова е многу смешна слика и вредна за потсмев. Но да размислете малку, барем малку со логична и разумна мисла.
Дали треба да се робува на модата која се менува секоја пролет/лето,есен/ зима, да се робува на машкиот режим на облекување, кој со секоја нова модна колекција ја крати се повеќе должината на облеката, а со секое кратење ја повишува цената. Зарем не е просто и логично и премногу добро исцениран начин за заработувачака а од друга страна предизвикување и задоволување на машки страсти на овој свет . Никој повеќе не гледа во личноста на жената, никој веќе не ја почитува која е и што е, секој ја мери нејзината големина со тоа кави нозе има, каква коса има, како е облечена. А жената мислејќи дека само така ќе успее во машкиот свет, упорно се труди што повеќе да биде во тренд, а незнае дека самата си ја поставува и паѓа во замката наречена ТИ СИ САМО КУКЛА ИГРАЧКА ВО РАЦЕТЕ НА МАШКИОТ СВЕТ , твојата борба за рамноправност не е во тој правец, таму нема да ја најдиш својата слобода.
Но слушнете за слободата што муслимаката ја има.
Нејзината слобода датира уште од 7 век кога Бог ја дал својата последна објава, и кога во своите наредби и закони ја ставил жената на исто рамниште со мажот. Со ништо подолу од него, со никаво ограничување. Какви права има мажот такви има и жената, таа има право на образование и наука, тоа нејзе и е наредено, има право на работа, има право на избор, има право на одлука, право на наследство. Нејзината личност е почитувана и јака, нејзината зароботувачака е само за неа, не е должна да ја дава на друг, нејзината приватност е нејзина, не е должна да ја дели со друг, нејзината облека е долга не ја дели својата убавина со друг. Најубавите и најслатките работи се покриени и само еден може да дојде до нив, само еден пар раце можат да ги отворат и да се насладуваат. А кај муслинката тоа е само нејзиниот маж, за другите може да биде само почитувана личност, и да гледаат во нејзинот разум, не во нејзиното деколте. Дали слободата ја гледате во помалку облека и откривање на телото, дали се чуствувате слободни, душата е таа што се стреми кон слобода, а муслимаката ја има таа слобода верувајте. Никој не може да ја види нејзината лелеава коса која е покриена со шамија, на нејзите коси само најблиските се радуваат и ги галат, другите немаат потреба од тоа, секоја една работа која ја гледаат и допираат повеќе раце ја валкаат и уништуваат, и ја исфрлаат од употреба, но муслимаката вечно останува скриена и недопирлива за туѓинците,на нејзините убавини се радуваат само нејзините најмили. Тоа беше накратко за муслиманката, па ако некој не најде разум и логика во сето ова, останува основното правило, ИСЛАМОТ Е САМО ЗА ОНИЕ СО РАЗУМ ОБДАРЕНИ!!!!