Како прво треба да научиш да цитириш, ова немој да го сватиш како навреда , туку како совет, ако сакаш да бидеш конструктивен, и да твоите коментари бидат достојни да би привлекле нечие внимание.....
ќе почна по ред на твоите прашања, и однапред кажувам дека не очекувам да се сложиш со мене, иако ке бидам со сигурност во право, природата на човековото его недозволува да се предаде со една борба....
За оставањето простор дека би можело да постојат повеќе Богови, во суштина имаш право, но во денешни случувања а и од порано се знае дека луѓето обожувале различни Богови, Богови кои неможеле да им донесат нити добро нити зло, древна грција верувала во повеќе Богови: Бог на сонцето, Бог на ветерот и тн.
што значи од случувањата кои не опкружуваат си дозволив да го користам изразот за да бидам полесно сватен, но ете секогаш има некој кој ужива да комплицира и да си ја самозадоволува својата суета.....
Едиснтвен Бог достоен за „Обожување“ зборов во македонскиот јазик објаснува сосем погрешно сваќање токму онака како свати ти, но неговото значење треба да се свати бидееќи немаме богат речник за жал, па ке се обидам да ти образложам.
Бог нити има потреба да биде обожуван, нити пак ние би можеле да му донесеме некое добро а нити пак лошо, нашата покорност кон Божјите изречени закони е само за нас од корист, само за нас луѓето во никој случај за БОГА !!!
И сега ти се врти прашањето па зошто мора да го обожуваме???
Исто така , зашто мора да правиме тест по математика ???
за да самите согледаме колку навистина сме научиле и колку знаеме.
Професорот веќе знае скоро 90% проценти што ние ке напишеме во тестот, оти он е цела година наш професор и зане колкав е нашиот капацитет, но и покрај тоа ни дава тест да бидеме на чисто, да знаеме кој колку и што....
друг пример: кога сите од сабајле стануваат за на работа, цел месец исто темпо, вложуваат труд за да на крајот од месецот добијат плата, А ТИ ВИКАШ ЈАС ДОМА КЕ СТОЈАМ И НА КРАЈ НА МЕСЕЦ БАРАШ ПЛАТА.... кој труд си вложил брате за да добиеш плата???
нејсе понатаму....
БОЖЈАТА РЕЛИГИЈА НЕ Е ЖЕЛБОТЕКА па кој што ке посака или кој како ке му текне да го обожува да го слави или да го моли Бога!
Бог кажал како треба да се моли како да с еобожува на кој начин и зашто...
Кај тебе брате е друг проблемот, ти неверуваш во Бога, или нецелосно, па со тебе брате ке почнеме од нула, за и ние да бидеме на чисто!!!
Ако модераторите на подфорумов дозволат дојалог, да можам да поставувам реторички прашања, а и само ние двајца да имаме можност да комнентираме за да дојдеме до заклучок, би било многу добро!
Во секој случај еве ке почнам со воведот на нашиот дијалог, а потоа ке чекам од тебе кратки јасни и децидни одговори, и повторно ке напоменам се со една цел:
да бидеме конструктивни учтиви и да извлечеме поука, се освен ова е невредно за коментирање...
па се надевам дека имаш добра волја да се окористиме од нашите разменувања на мсилења, а воедно и сите оние кои не читаат:
Прашање бр 1 : КОЈА Е ДЕФИНИЦИЈАТА ЗА БОГ ???
(особини, карактеристики, кои би требало да ги има еден Бог)
Прашање бр 2 : ДА ПРЕДПОСТАВИМЕ ДЕКА ПРЕД ТВОИТЕ ОЧИ СЕ ПОСТАВУВА ЕДНА МАШИНА, ДОТОГАШ НЕВИДЕНА ОД ТВОИТЕ ОЧИ, НИТИ СИ ЧУЛ НИТИ СИ ПРЕДПОСТАВИЛ ЗА ТАКВА МАШИНА...
КАЖИМИ КОЈ Е ПРВИОТ КОЈ МОЖЕ ДА ТИ КАЖЕ КАКО РАБОТИ ТАА МАШИНА (на кој начин функционира каков механизам е предочениот)
Брате те молам кратко и јасно па ке продолжам да говорам.....