Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Поздрав до сите ! Ајде нека ги каже некој сите празници во Исламот.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Поздрав до сите ! Ајде нека ги каже некој сите празници во Исламот.

Поздрав и до тебе.

Еве вака. Исламски празници се:

1.Нова муслиманска година (Мухаррем)
2.Рамазански Бајрам (Шеввал)
3.Курбан Бајрам (Ден зул-хиџџе)
4.Мевлуд (роденден на Мухаммед а.с 12 ден од ребиул-еввел)
5.Мубарек ноќи (Лејлетул-регаиб, лејлетул-мираџ, лејлетул-берат и лејлетул-кадр)
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Поздрав и до тебе.

Еве вака. Исламски празници се:

1.Нова муслиманска година (Мухаррем)
2.Рамазански Бајрам (Шеввал)
3.Курбан Бајрам (Ден зул-хиџџе)
4.Мевлуд (роденден на Мухаммед а.с 12 ден од ребиул-еввел)
5.Мубарек ноќи (Лејлетул-регаиб, лејлетул-мираџ, лејлетул-берат и лејлетул-кадр)

Добро, зарем не е за Муслиманите забрането славење родендени или погрешна информација имам.?

Лејлетул-Мираџ знам дека е кога Мухаммед с.а.в.с бил на мираџ, исто лејлетул-кадр кога почнал да се објавува Куранот.

Може за другите објаснување.?

За Лејлетул ноќите секако зошто и кога се слават, како и овие болдираниве кога се слават.
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Ако е Бог совршен, зошто му требало толку време да ја создаде земјата...???
Зарем не можел со еден потег да ја создаде...???
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Зошто некои луѓе одбегнуваат да го клањаат Суннетот на Мухаммед с.а.в.с и го клањаат само Фарзот кој е од Аллах.? Зарем не треба да се почитува се што одредил пејгамберот.?
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Ако е Бог совршен, зошто му требало толку време да ја создаде земјата...???
Зарем не можел со еден потег да ја создаде...???
Приннцез ,имаш стварно интересни прашања ,прашањата секогаш можат да се прошират ,сигурно има многу одговори но еве го мојот.

Сигурно Аллах џелллеџелалуху да сакаше со еден потег можеше да го створи универзумот .
Во Создавањето сигурно има голема мудрост така што самите случувањата тоа го покажуваат. Нокта одеднаш не ја покрил земјата,и денот одеднаш не дошол.Од нокта се преога на зора,него го следел појавување на сонцето,после тоа полека полека со уздигнување на сонцето доагаме до пладне,после него икиндија и залез.

Ако денот одеднаш се појавуваше ,ни од зора ни од пладне ни од залез, ке можевме да споменеме.
Ова мудро Створење и во билките истото правило важит.И во зрното,семето ,сржта,јадрото,трошка гледаме Боженствена вештина и скриена мудрост. И на тоа големо дрво ,целиот програм во тој мал свет е цртан со перо на судбината.Која што научниците колку ги воодушува ,толку и ги остава немокни со генетската шифра.

Со самото “самоотворање“на зрно,то е сосема друго,поразлично,прекрасно нешто. Па почетокот на мудрото покачувањ на нагоре,па фиданката,растење итн. Па на крај давање на плод ,значи еден процес , и не наеднаш него фаза по фаза.

Секоја фаза содржи наука и мудрост во кои се случуваат нелогични дејствија ,и затие кои рамислуваат стварно земаат поука.

Во светот мудроста ,во другиот свет сила,та управува.Во светот да преовладуваше сила,та ,овој универзум не за шест дена или периоди ,одеднаш за миг ке се створеше.и во него сите дрва одеднаш со крајен изглед ке ги гледавме ,и така горе напишаните Боженствените творечки дела немаше да се случат,и да ја гледаме мудроста на Аллах,растењата на зрнцата немаше да бидат.

ова е само еден пример со зрното, илјади дејствија немаше да се случуваат ,бројката ке беше еден и многу убавини немаше да се гледа.

Аллах има ставено одредени принципи,да не беа овие принципи ,науките немаше да постојат,затоа овие принципи значи во физиката,хемијата,атомската физика во астрономијата и за да се проучат како наука треба да содржат некои закони и принципи.

Ако го замислиме обратното ,и ако Аллах рече ова земја нека се уништи без сомнение би се уништил после ако речеше нека биде ,сигурно одма би се створил но без некој закон и принцип,ние не ке можевме да извадиме никаков заклучок.исто така тука има и една поука за лугето,секоја работа ја следи другата работа и после доага до совршенство.До совршенство одеднаш не се доага.овој принцип Аллах така наредил.бебето не може да мисли и да зборува како возрасен.Аллах создавањето го проширил во одредено време и со тоа нам ни укажува тоа,и од нас сака така да постапуваме ваза по фаза сите работи да ги вршиме ,уствари ни кажува дека вака ако постапите ке дојдете до целта,и ке ја најдете правиот пат.

Зошто некои луѓе одбегнуваат да го клањаат Суннетот на Мухаммед с.а.в.с и го клањаат само Фарзот кој е од Аллах.? Зарем не треба да се почитува се што одредил пејгамберот.?
Јас такви луге не знам ,можеби има некои секти што така постапуваат но .....

Добро, зарем не е за Муслиманите забрането славење родендени или погрешна информација имам.?

Лејлетул-Мираџ знам дека е кога Мухаммед с.а.в.с бил на мираџ, исто лејлетул-кадр кога почнал да се објавува Куранот.

Може за другите објаснување.?

За Лејлетул ноќите секако зошто и кога се слават, како и овие болдираниве кога се слават.
Погрешна информација имаш и те како го славиме , отприлика вака, се учи Куран ,салават ,илахии идр.Другите празници (накратко) се молит за опрост ,едниот почнува во почетокот на месецот Реџеп, другиот во месецот Шабан.
 
Abi

Член од
15 март 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Зошто некои луѓе одбегнуваат да го клањаат Суннетот на Мухаммед с.а.в.с и го клањаат само Фарзот кој е од Аллах.? Зарем не треба да се почитува се што одредил пејгамберот.?
Клањање на фарзовите е повредно да се воспостават во Месџид (Џамија), додека сунетите е посевапно да се клањаат дома. Така да не те чуди ако некои лица кои завршиле со клањање на фарзовите ја напуштаат Џамијат, но тие лица сунетите ги клаљаат дома. Во одредени ситоации (патник или хитен случај) оправдано е да се изостават сунетите, но сепак постои солуција да се надклањуваат во наредното намазско време или подоцна.

Ако е Бог совршен, зошто му требало толку време да ја создаде земјата...???
Зарем не можел со еден потег да ја создаде...???

Времето е релативно! Што представуваат милијарда години наспроти вечноста? Само една секвенца а можеби и помалку од тоа.

Е зошто верувате дека бил пејгамбер?
Причини да се верува во пратеништвото дека Мухаммед с.а.в.с. е Божји пратеник, има многу, но од ваша гледна точка не се релевантни. Но еве некои логични заклучоци.

Ветено му е на Пратеникот дека Куранот ќе биде последна божја објава и дека над неа ќе бдее до Денот Суден и дека нема да доживее промени т.е. искривувања. Така да денес сме сведоци дека е афтентична од денот на Објавата.

Ветено му е на Мухаммед с.а.в.с. дека бројот на неговите следбеници ќе го надмине бројот од следбениците на Исус (Иса а.с.), нека е Божјиот мир и спас врз него. Сведоци сме денес дека бројот на верниците на Исламската вероисповест е во стален прираст и феномен на последново столетие. Црквата вложува огромни средства да се повикува во „Христовата вера„ а успехот е минимален скоро и никаков. Исламот го прифаќаат се поголем број луѓе и тоа еминентни личности и високо образовани луѓе, а воопшто не е во прашање материјална корист.

Неисламскиот свет поседува огромен арсенал на оружје. Во состојба е да повеќепати го уништи светот со тој воен арсенал, но сепак не се во состојба да навлезат во сфетите исламски места (Мека и Медина).

Правени се повеќепати обиди да се украде телото на нашиот сакан Божји Пратеник а сите тие обиди се пропаднати и казнети од страна на Семоќниот Бог.

Секоја една секунда еден верник муслиман му паѓа на сеџџде(ничкум) На Севишниот Бог.
Ние муслиманите сме тие кои го издржуваме еманетот на Божјите наредби и покрај сите „потешкотии„ кои ги бара верата од нас.
Тој еманет им беше даден на Евреите па го изневериа.
Го изневерија и „Христијаните„ -направија од Божји Пратеник (кој беше човек) „Божји син„ и кулминација на „Бог„. Верата ја сфедоа само во рамките на манастирите и понешто во црквите а се нарекуваат христијани а незнаете ниту кој бил тој Божји миленик.

Од оваа место ве повикувам на сите луѓе со здрав разум, без предрасуди и стереотипи, проучувајте го Исламот и ќе ви се отвори нов хоризонт нов поглед. Ќе ги забележите доказите Божји во небеските пространства во околината во која живеете а и во самите себеси.

Јас сум еден од тие кои беа „притиснати до ѕид„ од доказите на последната Божја Објава и Го Молам Севишниот Бог да останам доследен на верата и да бидам проживеан како муслиман. Амин.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
...
Ние муслиманите сме тие кои го издржуваме еманетот на Божјите наредби и покрај сите „потешкотии„ кои ги бара верата од нас.
Тој еманет им беше даден на Евреите па го изневериа.
Го изневерија и „Христијаните„ -направија од Божји Пратеник (кој беше човек) „Божји син„ и кулминација на „Бог„. Верата ја сфедоа само во рамките на манастирите и понешто во црквите а се нарекуваат христијани а незнаете ниту кој бил тој Божји миленик.

Од оваа место ве повикувам на сите луѓе со здрав разум, без предрасуди и стереотипи, проучувајте го Исламот и ќе ви се отвори нов хоризонт нов поглед. Ќе ги забележите доказите Божји во небеските пространства во околината во која живеете а и во самите себеси...
Ти повикуваш луѓе со здрав разум и без предрасуди, а во предходниот пасус самиот ги вадиш на површина своите нездраворазумски предрасуди кон другите.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Фала на објаснувањето. Нека ми каже некој зошто нема никакви докази освен во Куранот и Библијата секако, дека Иса а.с постоел ? Зошто ниту еден писател од тоа време не го спомнал во своите дела ? Кога запишувале и прераскажувале се што се случувало, како им побегнал Иса а.с кој правел чуда и повикувал во верување во Бог ? Никаде ама баш никаде не е спомнат.
 
Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Клањање на фарзовите е повредно да се воспостават во Месџид (Џамија), додека сунетите е посевапно да се клањаат дома. Така да не те чуди ако некои лица кои завршиле со клањање на фарзовите ја напуштаат Џамијат, но тие лица сунетите ги клаљаат дома. Во одредени ситоации (патник или хитен случај) оправдано е да се изостават сунетите, но сепак постои солуција да се надклањуваат во наредното намазско време или подоцна.

Времето е релативно! Што представуваат милијарда години наспроти вечноста? Само една секвенца а можеби и помалку од тоа.

Причини да се верува во пратеништвото дека Мухаммед с.а.в.с. е Божји пратеник, има многу, но од ваша гледна точка не се релевантни. Но еве некои логични заклучоци.

Ветено му е на Пратеникот дека Куранот ќе биде последна божја објава и дека над неа ќе бдее до Денот Суден и дека нема да доживее промени т.е. искривувања. Така да денес сме сведоци дека е афтентична од денот на Објавата.

Ветено му е на Мухаммед с.а.в.с. дека бројот на неговите следбеници ќе го надмине бројот од следбениците на Исус (Иса а.с.), нека е Божјиот мир и спас врз него. Сведоци сме денес дека бројот на верниците на Исламската вероисповест е во стален прираст и феномен на последново столетие. Црквата вложува огромни средства да се повикува во „Христовата вера„ а успехот е минимален скоро и никаков. Исламот го прифаќаат се поголем број луѓе и тоа еминентни личности и високо образовани луѓе, а воопшто не е во прашање материјална корист.

Неисламскиот свет поседува огромен арсенал на оружје. Во состојба е да повеќепати го уништи светот со тој воен арсенал, но сепак не се во состојба да навлезат во сфетите исламски места (Мека и Медина).

Правени се повеќепати обиди да се украде телото на нашиот сакан Божји Пратеник а сите тие обиди се пропаднати и казнети од страна на Семоќниот Бог.

Секоја една секунда еден верник муслиман му паѓа на сеџџде(ничкум) На Севишниот Бог.
Ние муслиманите сме тие кои го издржуваме еманетот на Божјите наредби и покрај сите „потешкотии„ кои ги бара верата од нас.
Тој еманет им беше даден на Евреите па го изневериа.
Го изневерија и „Христијаните„ -направија од Божји Пратеник (кој беше човек) „Божји син„ и кулминација на „Бог„. Верата ја сфедоа само во рамките на манастирите и понешто во црквите а се нарекуваат христијани а незнаете ниту кој бил тој Божји миленик.

Од оваа место ве повикувам на сите луѓе со здрав разум, без предрасуди и стереотипи, проучувајте го Исламот и ќе ви се отвори нов хоризонт нов поглед. Ќе ги забележите доказите Божји во небеските пространства во околината во која живеете а и во самите себеси.

Јас сум еден од тие кои беа „притиснати до ѕид„ од доказите на последната Божја Објава и Го Молам Севишниот Бог да останам доследен на верата и да бидам проживеан како муслиман. Амин.

Зошто во 21 век кога треба да им дојде крај на религиите, кога интелигентниот човек поинаку размислува, Исламот масовно се шири? Како може Германски, Британски, Американски и Јапонски студенти, кои одлично ја познаваат науката и изучуваат разни работи, да преминуваат во Ислам? Ова е вознемирувачки факт
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Зошто ниту еден писател од тоа време не го спомнал во своите дела ? Кога запишувале и прераскажувале се што се случувало, како им побегнал Иса а.с кој правел чуда и повикувал во верување во Бог ? Никаде ама баш никаде не е спомнат.
Интересно прашање .. баш и мене ме интересира ...
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Ветено му е на Мухаммед с.а.в.с. дека бројот на неговите следбеници ќе го надмине бројот од следбениците на Исус (Иса а.с.), нека е Божјиот мир и спас врз него. Сведоци сме денес дека бројот на верниците на Исламската вероисповест е во стален прираст и феномен на последново столетие. Црквата вложува огромни средства да се повикува во „Христовата вера„ а успехот е минимален скоро и никаков. Исламот го прифаќаат се поголем број луѓе и тоа еминентни личности и високо образовани луѓе, а воопшто не е во прашање материјална корист.

Неисламскиот свет поседува огромен арсенал на оружје. Во состојба е да повеќепати го уништи светот со тој воен арсенал, но сепак не се во состојба да навлезат во сфетите исламски места (Мека и Медина).

Го изневерија и „Христијаните„ -направија од Божји Пратеник (кој беше човек) „Божји син„ и кулминација на „Бог„. Верата ја сфедоа само во рамките на манастирите и понешто во црквите а се нарекуваат христијани а незнаете ниту кој бил тој Божји миленик.
1. како тоа му било ветено на Мухамед дека неговите следбеници ќе го надминат бројот на следбеници на Исус(Иса) кој вие признавате дека постоел и дека бил пратеник од Господ пред Мухамед(6 века)?
Зарем тоа не е малку себично да се потиснува еден пратеник кој е исто од Бог и да се издигнува некој друг? Не мислам дека Бог(Аллах-зошто еден е Бог) сакал да му даде такво ветување на Мухамед, пред се зошто знаел дека ќе има ваква борба меѓу Исламот и Христијанството каква што има денес, во која загинаа толку многу луѓе,чеда на Бог, а тој не би сакал неговите чеда да загинат во борба меѓу двата негови пратеници.
2.Зошто би сакале луѓето од христијанскиот свет да уништат нешто што е свето? Зошто би сакале да уништат свети места? како мислиш не се во состојба да го уништат? Се може да се уништи со оружје, но тоа не е целта која ја имаат христијаните.Кога би употребиле атомско оружје ќе се уништи целиот свет, нема тука да бидат простени ни најубавите златни катедрали, ни светите места кои постојат. Не се чепка она што му е свето на некому!
3.Исус е син на Бога, направил многу чуда кои не може да ги направи човек! Воскреснувал мртви и лечел луѓе, на слепите им давал вид!
И како мислиш дека верата ја сведоа само на манастири и по нешто Цркви, биди малку поконцизен што сакаш да кажиш со ова.

Однапред благодарам на одговорите
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Фала на објаснувањето. Нека ми каже некој зошто нема никакви докази освен во Куранот и Библијата секако, дека Иса а.с постоел ? Зошто ниту еден писател од тоа време не го спомнал во своите дела ? Кога запишувале и прераскажувале се што се случувало, како им побегнал Иса а.с кој правел чуда и повикувал во верување во Бог ? Никаде ама баш никаде не е спомнат.
Никаде, освен во делата на: еврејскиот генерал Јосиф Флавије, римските историчари Тацит, Плиниј Помладиот, Светониј, Луциан, Целзо, понатаму Марко Аурелије, Галениј, Дидахето, Псевдо-Тома, Мара Бар Серапион, Климент, Пастирот од Хермас, Игнацие, Поликарп, Папиј, Маркион, Јустин Исповедникот, Диатесаронот, Мураторискиот Канон, Талмудот и други од 1 и 2 век.

П.С. Зборувам за историскиот Исус. Додека за исламскиот Иса, се сложувам дека никаде во историјата не е спомнат.
 
Ок, спомнат е ..
но како мислиш историскиот а не исламскиот ... нели е истиот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ок, спомнат е ..
но како мислиш историскиот а не исламскиот ... нели е истиот?
Не е. Историскиот Исус е оној библискиот, осудениот, распнатиот и воскреснатиот.

Исламкиот Иса има слично име со историскиот/библискиот Исус, ама тој таму е опишан како сосема друга личност, со други учења, со поинаков епилог (не бил распнат, не воскреснал).
Извештаите на независните и објакетивни историчари се согласуваат со библискиот Исус, а креваат рамења за исламскиот Иса.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom