Да јас го знам ова.Знам и дека нема ниедна вера што тера на убиства и сл.Меѓутоа ме интересира дали тие верски организации(или како да ги наречам) кои го тераат муслиманскиот свет на џихад и самоубиствени бомбашки напади се некој вид на секти,или немаат никаква врска со Исламот?
Prasanje:
Zosto koga ovie islamskite ekstremisti povikuvaat na cihad preku internet ili tv pocnuvaat so zborovite VO IMETO NA ALLAH...KE BIDETE NAGRADENI OD ALLAH AKO SRUSITE 2 AMERIKANSKI AVIONA itn...
ako se oni taa frakcija na islanot koja pogresno povikuva i pogresno go upotrebuva terminot allah togas zosto ne se osudat od onie muslimani KOI VISTINSKI JA TERAAT VERATA KAKO SO TREBA?
jas ne svakam kako moze bog da nagradi nekoj so vecer raj ako toj nekoj ubie drug...bog treba da povikuva na NEUBIVANJE a ne nagrada ZA UBIVANJETO...
bez navreduvanje samo sakam da znam ako ekstremistite go iskrivuvaat islamot ZOSTO NIKOJ NE GI SOPIRA VEKE DOLGO VREME?
Прашањата ви се идентични,па затоа одговорот ќе важи за двајцата.
Како што реков Исламот е мирољубива религија и застанува на страната на правдата и мирот. Луѓето не ги дели на раси ,класи,боја на нивните лица итн, туку сите имаат подеднакво место кај Бога. Но, кога некој ќе ги нападне муслиманите тие се должни да се бранат. Тоа е така кај сите религии,па и здравиот разум тоа го прифаќа нели? -Значи ако некој те нападне нормално е дека ќе се браниш.
Поголемиот дел од вашите спомнати "екстремистички" организации се формирани во земји каде тие се нападнати од други агресорски земји,пр. Ирак, Палестина, Авганистан,Чеченија итн., и што е најлошо западните антиисламски сили, водат силна кампања во сите нејзини форми за да ги оправдаат своите злочини над муслиманите од една, а од друга страна нив да ги прикажат како терористи,агресори,фундаменталисти итн.
Но, здраво разумен човек, нормален човек, човек без предрасуди,нема да им верува на овие стереотипи,од проста причина што денеска муслиманите никому не вршат агресија ТУКУ ВРЗ НИВ СЕ ВРШИ АГРЕСИЈА. Е тука има голема разлика,која треба сите ние да ја воочиме. Јас не велам дека е оправдано да се убиваат недолжни лица, деца,жени, стари луѓе,од проста причина што сите овие категории според Кур,анот и етиката на војната во исламот се заштитени и имаат поинаков третман од останатите. И исто така верувам дека секој вистински муслиман, било да е водач на исламска земја или одредена групација ги запазува овие норми. Но за атар на вистината,секаде имаат црни овци, па така и кај муслиманите, но убеден сум дека имаат многу повеќе здраво разумни луѓе кои нон стоп им апелираат на таквите да ги одминат цивилите,децата,жените ,постарите луѓе, со еден збор кажано НЕВИНИТЕ од уморство/убиство.
Но очигледна е кампањата која се води против Исламот,очигледен е фактот дека некој сака ЖРТВАТА ДА ЈА НАПРАВИ УБИЕЦ,А УБИЕЦОТ ЖРТВА. Зарем толку лесно може да се прескокне преку најсвежите примери на ционистичката агресија во Палестина?- Зарем сте заборавиле колку деца, жени,цивили се убиени? -Зарем за момент не сте размислиле дека утре тоа можат да бидат вашите деца,жени,браќа и сестри. Или пак за некого тие не се човечки суштества, тие немаат право на детство,среќа,благостостојба, живот...?
Затоа немојте да наседнувате на секакви пропаганди,потрудете се на реалноста да и погледнете директно во очи. Тоа е мојот одговор по ова прашање.