Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
O

Omer el Faruk

Гостин
Речено - сторено. Еве тема каде што ќе се обидам да одговорам на твоите прашања или нејаснотии кои ги имаш во врска со Исламот,нормално онолку колку што знам.За се што не знам ќе правиме прескок или ќе повикам пријател...:) И не е лошо да поставуваш по едно прашање, па откако ќе го исцрпиме истото преминуваме на друго.

Rubyred повели со поставување прашања. :)
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Сакам да поставам едно прашање за културанта што го прати исламот... не за самото религиско учење. Како паралела ќе го земам христијанството.

Зошто исламот во која и да е култура си задржува арапски елементи? Зошто народите од исламска вероисповест преку исламот прифаќаат арабски елементи во облекување, музика, архитектура...
Како пример, Православието во македонија точно да вовело работи од други нации но сепак се знае македонското и ако не кажам дека сум христијанин нема некој начин да се познае...

Зошто е толку јака и евидентна арапската култура во исламот? (знам дека од таму потекнува, но еве јас како христијанин не ги читам моите молитви на еврејски).
 
L

Lezbiangirl

Гостин
омер ел фарук имав поставено едно прашање во библија в.с куран ќе ми го одговориш ли? мислам дека е претпоследна стреана
 

Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
299
Поени од реакции
230
омер ел фарук имав поставено едно прашање во библија в.с куран ќе ми го одговориш ли? мислам дека е претпоследна стреана
Исто и јас имав прашања само во темата Куран.:salut:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Речено - сторено. Еве тема каде што ќе се обидам да одговорам на твоите прашања или нејаснотии кои ги имаш во врска со Исламот,нормално онолку колку што знам.За се што не знам ќе правиме прескок или ќе повикам пријател...:) И не е лошо да поставуваш по едно прашање, па откако ќе го исцрпиме истото преминуваме на друго.

Rubyred повели со поставување прашања. :)
Така е, едно по едно.
Ај отпочеток.

Што претставува за тебе исламот. Како сфати дека е тоа правата религија за тебе: сам, од родителите, литература, пријател...

Ова е мнбогу важно, затоа да појдеме оттука.
 
L

Lezbiangirl

Гостин
мене заедничка ранота што ја наоѓам околу библијата и куранот е дека тие можат да бидат злоупотребени во нечесни цели на пример некои стихови се нејасни то ест можат да се толкуваат на повеќе начини или луѓето ги читаат тие делови кои им одговара груб пример е афганистан иако жените според куранот имаат права тие им се одземени бидејќи тамошните мажи читаат делови од куранот и тие ѓи користат ко оправдение а друг груб пример за злоупотреба на библијата е мешање на свештеници во политиката и се обидуваат да ја омаловажат науката

Што самото по тоа ми доаѓа само едно прашање ако бог не сака и не создал и ги познава лугето колку можат да бидат праведни и доблесни а исто така колку можат да бидат нечесни и подли и ако можат нешто добро да извитоперат и да го претцтават во лошо или како што им одговара тогаш зошто бог ни ја дал бибилијата или куранот зошто ни дал уште една причина да се убиваме ?

те молам одговори ми го прашањето???
 
O

Omer el Faruk

Гостин
мене заедничка ранота што ја наоѓам околу библијата и куранот е дека тие можат да бидат злоупотребени во нечесни цели на пример некои стихови се нејасни то ест можат да се толкуваат на повеќе начини или луѓето ги читаат тие делови кои им одговара груб пример е афганистан иако жените според куранот имаат права тие им се одземени бидејќи тамошните мажи читаат делови од куранот и тие ѓи користат ко оправдение а друг груб пример за злоупотреба на библијата е мешање на свештеници во политиката и се обидуваат да ја омаловажат науката

Што самото по тоа ми доаѓа само едно прашање ако бог не сака и не создал и ги познава лугето колку можат да бидат праведни и доблесни а исто така колку можат да бидат нечесни и подли и ако можат нешто добро да извитоперат и да го претцтават во лошо или како што им одговара тогаш зошто бог ни ја дал бибилијата или куранот зошто ни дал уште една причина да се убиваме ?

те молам одговори ми го прашањето???
Прости, сега дојдов и сега го видов твоето прашање. Еве со задоволство ќе ти одговорам. :)


Овој свет не е ништо друго освен една глава на романот, кој има повеќе такви глави, и смртта не е негов крај туку почеток. Неправилно е да донесуваме суд само врз основа на еден чин, како што е неправилно да отфрлиме некое дело, бидејќи некоја негова страница не не воодушевува. Правилниот суд се носи на крајот.
Еве една мудрост која често пати ја употребуваат нашите постари:

„Доброто е од Господ, злото е од нас”

Ова трошка зборови го резимира и разрешува целиот проблем.

Бог ја дал реката и ветерот, но капетанот на бродот ќе го пренатрупа со луѓе и роба, па тогаш кога ќе потоне бродот го пцуе Господ и ја криви судбината. Каков е гревот на Господ во тоа? Тој ја дал водата по кој плови бродот и ветерот кој ќе го придвижува, но човечката похота и алчност го престорија доброто во зло.


Па така е и во насоката на твоето прашање : Бог континуирано низ текот на времето испраќал свои Пратеници за да ги упатуваат и насочуваат луѓето кон вистинскиот пат. Им давал патокази, знаци, ориентири по кои луѓето треба да се движат. Ги опоменувал да се држат што подалеку од злото, да се цени честа и достоинството на човекот. За таа цел покрај Пратениците испраќал и Книги, свои Зборови каде се вметнати тие упатства.Е сега што , несовесни луѓе ги злоупотребуваат тие патокази и ги претвораат од добро во зло за свои интереси или цели не е виновен Господ.



Во Божјата моќ била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот. Но, тогаш веќе човекот не би бил човек, тој би бил ангел,тој не би имал право да бира, тој не би имал слободна воља. А ќе признаеме дека човекот не е таков.
По вољата и мудроста на Господ слободата со болка е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.



Колку има мудрост во зборовите: Доброто е од Господ, злото е од нас самите!


Се надевам дека ми ја разбра поентата. Ако не здравје, ќе пробам уште еднаш. :)

Сакам да поставам едно прашање за културанта што го прати исламот... не за самото религиско учење. Како паралела ќе го земам христијанството.

Зошто исламот во која и да е култура си задржува арапски елементи? Зошто народите од исламска вероисповест преку исламот прифаќаат арабски елементи во облекување, музика, архитектура...
Како пример, Православието во македонија точно да вовело работи од други нации но сепак се знае македонското и ако не кажам дека сум христијанин нема некој начин да се познае...

Зошто е толку јака и евидентна арапската култура во исламот? (знам дека од таму потекнува, но еве јас како христијанин не ги читам моите молитви на еврејски).
theMac3donian, во поголемиот дел од работите кои ги наброја не станува збор за арапска туку за Исламска традиција, т.е. за исламски регулативи со кои е задолжен секој еден припадник на исламот без оглед во кој дел од светот живее. Исламот покрај духовниот го регулирал и световниот живот на муслиманот, па така да не постои буквално ниту едно поле од надворешниот живто на човекот кое Исламот не го регулирал преку своите правила и прописи. Па така е и со молитвата. Облигативната и препорачаната Молитва/Намаз, се извршува на арапски јазик бидејќи тоа посебно ни го потенцирал Мухаммед а.с., а зошто е тоа така, иншАллах /ако даде Бог ќе пишувам во некоја друга прилика. Додека во останатите случаи муслиманот нема никаков проблем да му се моли на Бога на својот мајчин јазик. Затоа и Кур,анот е преведен речиси на сите светски јазици, а се со цел за луѓето кои не го познаваат арапскиот јазик да се запознаат со неговата содржина.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Така е, едно по едно.
Ај отпочеток.

Што претставува за тебе исламот. Како сфати дека е тоа правата религија за тебе: сам, од родителите, литература, пријател...

Ова е мнбогу важно, затоа да појдеме оттука.
Ова е веќе доста големо прашање, на кое ќе одговорам со едно општо видување за Исламот,а секако ќе спомнам патем дека јас сум традиционален муслиман ( роден во муслиманско семејство), и Исламот сум го разбрал најповеќе од читање литература,посебно Кур,анот и хадисите ( како двата негови главни извори), како и толкувања на истите , почнувајќи од оние класичните па до современите.

Еве ден мал приказ за Исламот:

Што е Исламот?

Кога се вели дека Исламот е “најмладата од сите монотеистички вери”, тогаш тоа е само делимично точно. Куранот тврди дека првиот човек на Земјата кој воедно е и првиот пејгамбер Адем а.с. бил муслиман и дека тоа биле сите Аллахови Пејгамбери, од што произлегува заклучокот дека Исламот е најстарата и према верувањето на муслиманите, единствената вера која Аллах џ.ш. му ја објавил на човештвото и која Тој ја признава и прифаќа:
[FONT=verdana,geneva]
"Единствено призната вера кај Аллах е Исламот" (Али Имран,19).[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]"А оној кој што сака некоја друга вера сем Исламот, нема да му биде примена, и тој на другиот свет ќе настрада." (Али Имран,85).[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Меѓутоа, конечната верзија на Исламот дошла со пратеништвото на Мухаммед а.с., и во тој смисол, историски, потполниот Ислам дошол после Христијанството и Еврејството. Како што се гледа, оваа вера не го носи своето име по Мухаммед а.с. (за муслиманите е навредливо кога Исламот ќе се нарече Мухаммеданство) ниту по некој народ.[/FONT]


[FONT=verdana,geneva]Исламот значи доброволна и потполна предаденост на Возвишениот Аллах џ.ш., Створителот на луѓето и световите. Етимолошки, зборот Ислам е изведен од глаголот еслеме,к ој пред се го означува човековото доброволно предавање на Аллаховата Воља на тој начин во него да се положат сите надежи и при тоа да се напушти секој вид на себичност и горделивост. Попратните значења на овој збор се: склад, хармонија, мир, вроденост.[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Куранот го открива Исламот во целиот видлив свет: [/FONT]
[FONT=verdana,geneva]"Зарем не знаеш дека и оние на Небесата и оние на Земјата му се клањаат на Аллах, а и Сонцето, и Месечината, и sвездите, и планините, и дрвјата, и животните, и многу луѓе - а многумина заслужуваат и казна...." (Ел-Хаџџ,18).[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Како верско искуство, Исламот е еден важен момент која ја означува почетната точка од која почнува човековата вистинска понизност, скрушеност и предаденост. Човекот во Исламот е Абдуллах, роб, понизна личност, и ,во исто време и само поради тоа - горд пред Бога кој е неговиот Рабб, Господар, Створител, Одржувач, Одгојувач.[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Суштината на Исламското учење е содржана во Шехадетот, Очитувањето кое гласи: Ешхеду ен ла илахе иллеллах Ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху (Јас со срцето верувам,а со јазикот потврдувам дека нема друг Господ освен Аллах,и дека Мухаммед е Аллахов роб и Аллахов Пејгамбер).
[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]На овие два темели од јасниот и најстрогиот монотеизам е изградена комплетната зграда на Исламот како вера,верозакон,култура и цивилизација,со еден збор: на едно сеопфатно учење.

[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]УНИВЕРЗАЛНА ВЕРА[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]
[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Исламот им се обраќа на сите луѓе и народи. Најчестите вакви обраќања во Куранот се: О, луѓе; О, верници; О, следбеници на Книгата...[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]"О, луѓе, плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден маж. Од него создаде жена. И од нив расеа многу мажи и жени..." (Ен-Ниса,1).[/FONT]

[FONT=verdana,geneva]Мухаммед а.с. говорел дека сите луѓе се еднакви како забите на чешелот; нема предност Арап над неарап, ниту неарап над Арап, белец над црнец, црнец над белец: луѓето се разликуваат само по свеста за Бога и по извршувањето на Неговите прописи. Правата и земните ресурси им припаѓаат на сите човечки битиа,затоа што истите ги гарантира и создава Аллах џ.ш. [/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Према тоа Исламот е:

[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]ВРОДЕНА И ПРИРОДНА ВЕРА[/FONT]

[FONT=verdana,geneva]Прописите кои ги донел Исламот не се ускладени према сталешката, материјалната, расната, географската или некоја слична позиција, туку према универзалната човекова природа која Куранот ја нарекува Фитретуллах.

"Па, исправи го лицето свое кон чистата вера, кон Аллаховата природа, према која Тој луѓето ги создаде..." (Рум,30).
[/FONT]

[FONT=verdana,geneva]Исламот многумина го нарекуваат “вера на прописи” - поради тоа што не постои ниту еден сегмент од човечкиот живот, а да не е или да не може да биде третиран во неговиот правен систем. Тие прописи генерално се делат на Халал - она што е дозволено и Харам - она што е забрането. Халалот и Харамот не поседуваат ирационални или нелогични прописи, несватливи или не складни со универзалните човечки чувства за доброто и злото.[/FONT][FONT=verdana,geneva] Исламската забрана за убивање, крадење, конзумирање алкохол, свинско месо, месо од пцовисаните животни, крв, лажење, проституција, камата...има свој лесно прифатлив смисол, таканаречен ХУКМ(Мудрост), како што на ист начин тоа лесно е да се свати и преку внатрешниот морален глас кој ги оправдува исламските обврски и широката свера на дозволеното.[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]
[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]ИСЛАМОТ Е ВЕРА НА “СРЕДНИОТ ПАТ”[/FONT]

[FONT=verdana,geneva]"И ете, така, Ние ве направивме средишен народ, за да бидете сведоци против луѓето, а и Пејгамберот да биде сведок против вас..." (Бекаре,143) [/FONT]
[FONT=verdana,geneva]оваа Куранска дефиниција се однесува на повеќе карактеристики на исламот и муслиманите бидејќи:[/FONT]
  • [FONT=verdana,geneva]Исламот рамномерно се грижи за телесните и духовните,овосветските и Ахиретските, индивидуалните и општествените потреби на луѓето;[/FONT]
  • [FONT=verdana,geneva] [/FONT][FONT=verdana,geneva]Исламскиот Верозаконик, по строгоста и флексибилноста, се наоѓа на средината помеѓу еврејскиот формализам и легализам и Христијанската попустливост и либерализам во прописите;[/FONT]
  • [FONT=verdana,geneva]Исламот го забранува секој вид на претерување (во исхраната, говорот, облекувањето, заработката... дури и во побожноста):[/FONT]
  • [FONT=verdana,geneva]потполниот Ислам се појавил во седмиот век - на временската граница помеѓу митското и идното рационално коментирање на светот;[/FONT]
  • [FONT=verdana,geneva]муслиманите дури и географски ја населуваат средината од планетата Земја; итн.[/FONT]
[FONT=verdana,geneva] [/FONT]
[FONT=verdana,geneva]ИСЛАМОТ Е ВЕРА НА ПОЕДИНЕЦОТ И ЗАЕДНИЦАТА[/FONT]

[FONT=verdana,geneva] [/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Испратен да донесе напредок на овој свет и спас во вечниот живот, Исламот не е религија или идеологија која инсистира само на личниот интерес или на моралното усовршување низ мистичната патека, ниту повлеченост од реалниот, општествениот и политичкиот живот. Исламскиот идеал е да се усоврши поединецот, но и човечкото општество. Исламскиот морал се рефлектира во пожртвуваноста за другите,а најголемата општествена вредност е правдата.[/FONT]


[FONT=verdana,geneva]"Ние нашите Пејгамбери со јасни докази ги испраќавме и по нив Книга и мерило испраќавме-за луѓето праведно да постапуваат" (Ел-Хадид,25).[/FONT]


[FONT=verdana,geneva]Оттаму секој негов шарт или обврска имаат своја индивидуална и општествена димензија. Отатаму е третирањето на животните прашања и прописи од економската свера во Куранот по кои муслиманот мора да ги помага сиромашните, бедните, инвалидите, болните.... и по кои националното богатство мора да биде секогаш во праведна прерасподелба и промет, по кои наследството мора праведно да им се расподели на машкото и женското потомство, според кој богатството не смее да остане во рацете на мал број богаташи, според кој државата мора да овозможи здрава конкуренција на пазарот и заштита на приватниот имот и да интервенира само во вонредни околности, и сл. Оттука е забраната заработувачката да се стекнува на недозволен начин. [/FONT][FONT=verdana,geneva]Но, за да се постигне општествената правда не се доволни само законите без оглед на нивната правичност. [/FONT]
[FONT=verdana,geneva]Исламот повеќе налага на свеста и одгојот на своите следбеници, отколку на санкциите, и затоа препорачува:[/FONT]


[FONT=verdana,geneva]"...едни со други потпомогнувајте се во доброчинство и богобојазливост. А не учествувајте во грев и непријателство, плашете се од Аллах, зошто Аллах навистина жестоко казнува" (Ел-Маиде,2).[/FONT]


[FONT=verdana,geneva] [/FONT]
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
.
[FONT=verdana,geneva]"Единствено призната вера кај Аллах е Исламот" (Али Имран,19).[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]"А оној кој што сака некоја друга вера сем Исламот, нема да му биде примена, и тој на другиот свет ќе настрада." (Али Имран,85).[/FONT]
Колку е слично и еднакво нетолерантно како Христијанството. Јас сум единствено исправно верување (и Христијаните го тврдат истото) и сите други не чинат!

Нетолеранција од старт, копија на стариот завет.

.
[FONT=verdana,geneva]"О, луѓе, плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден маж. Од него создаде жена. И од нив расеа многу мажи и жени..." (Ен-Ниса,1).[/FONT]
И ова копија од Стариот Завет. Повторно еден господар на кого треба да му се плашиш и повторно жената создадена од мажот.
[FONT=verdana,geneva]
[/FONT]
.
[FONT=verdana,geneva] "Па, исправи го лицето свое кон чистата вера, кон Аллаховата природа, према која Тој луѓето ги создаде..." (Рум,30).[/FONT]
[FONT=verdana,geneva]
Исто копија од Стариот Завет. Бог ги создаде луѓето според ликот свој. Ако луѓето се копија на Алаховата природа значи и сите особини кои ги имаат позитивни или негативни, кретивни или конструктивни се исто така дел од Алаховата природа.
[/FONT]
.
[FONT=verdana,geneva]"...едни со други потпомогнувајте се во доброчинство и богобојазливост. А не учествувајте во грев и непријателство, плашете се од Аллах, зошто Аллах навистина жестоко казнува" (Ел-Маиде,2).[/FONT]
Пак манипулација со казна и страв. Прави како ќе ти кажам инаку ќе те казнам. Стар Завет втор дел.

Сега се заинтересирав да видам дали и Будизмот е исто нетолерантен и базиран врз истите извори на Христијанството и Исламот.
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
Во срцето ХРИСТОВО е СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ,
Во Него е Тајната БОЖЈА,
Во Него е БОЖЈАТА куќа, таа СОВРШЕНА Духовна средина
Никаде на друго место, нити во Рим, нити константинопол, нити мека, ни медина!

Шалом!
шо е финтава не свакам некоја вера измегу?
и де ако сакаш бојава

едит: честит празник на муслиманите (со закаснување)
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Omer Faruk,

kako edvaj da cekas da postiras gotovi statii pa covek da neznae od kaj da pocne, aj od sredina.

"и по кои националното богатство мора да биде секогаш во праведна прерасподелба и промет, по кои наследството мора праведно да им се расподели на машкото и женското потомство, според кој богатството не смее да остане во рацете на мал број богаташи, според кој "


Ova vo Kuranot stoi? Naprotiv tamu se znae kolku dobiva sinot a kolku cerkata, aj te molam sega, ne dodavaj citati, jas ne gi znam bas mestata da ti gi najdam citatite no toa e bar jasno. Ako diskutirame, bar pisuvaj kako sto e.:uvo:
 
L

Lezbiangirl

Гостин
Во срцето ХРИСТОВО е СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ,
Во Него е Тајната БОЖЈА,
Во Него е БОЖЈАТА куќа, таа СОВРШЕНА Духовна средина
Никаде на друго место, нити во Рим, нити константинопол, нити мека, ни медина!

Шалом!
ваквите постови под итно бришење нејќам и оваа тема да се претвори во серење од типот:вие служите на рогатиот,ха ти ќе гориш во пеколот,или библијата е застарена верзија или куранот е блада копија
или гомното не ми смрди бидејќи јас верувам во алах или бог

овааа тема е за луѓе кои сакаат да дознаат повеќе за исламот и се надевам дека ќе доведе до поголемо меѓусобно разбирање
затоа има други теми за серење од ваков тип и серете таму тука имате право да постирате прашања и одговори

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom