radica
never mind
- Член од
- 21 октомври 2007
- Мислења
- 599
- Поени од реакции
- 36
Не се сложувам со следниве учења на Јеховините сведоци:
- Исус не е Бог, туку Тој е Архангелот Михаел.
- Исус не е вечен, туку е создаден во конечно минато.
- Исус е воспоставен за Цар на Небото во 1914 година.
- Исусовото враќање ќе биде исто така невидливо и верните ќе го видат со "окото на верата".
- Светиот Дух исто така не е Бог, ниту пак е личност. Тој е само Божјата активна сила.
- Душите на покојните се во еден вид сон и не се свесни за ништо. Тие се во Божјото сеќавање и ќе бидат вратени во постоење по воскресението. Ниту христијаните не одат кај Бог сега.
- Тие ги делат верниците (сведоците) на два дела: обични верници (големо стадо) и посинети (избрани, откупени) верници (мало стадо) кои вкупно се 144.000 од Христос до сега.
- Само овие 144.000 се посинети Божји деца и само тие ќе живеат на Небото во идниот век. Овие верници уште се викаат и верници со "небесна надеж"
- Сите останати не се синови и ќерки Божји и тие ќе ја наследат новата Земја, но не и Небото.
- Од симболите на причеста (лебот и виното) смеат да земаат само верниците со небесна надеж (значи само од оние 144.000). Таков верник мислам дека нема во Македонија, а има мислам 1-2 од Бугарија. Сите други само си ги подаваат од рака на рака симболите, но никој не јаде од леботи, ниту пие од виното.
- Причеста треба да се практикува само еднаш годишно за време на еврејската Пасха. (бидејќи според нив причеста е замена за Пасхата)
- Не смее да се практикува крводарителство (земање и давање на крв).
Ете со овие нивните верувања не се сложувам. Може да пропуштив некое, ама тие се во глобала. Поздрав.
Како може да се стане такво посинето дете на Бог?
Малку ме шокираа нивните верувања, од каде произлегуваат незнам, преѓе малку читав на интернет. Тоа со Исус и конечното минато, земање и давање крв некако ми е бесмислено.