Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Нешто слично на темата прашања до христијаните би требало
да изгледа оваа тема. Нема што вовед голем да се дава еве ја почнувам со првото прашање.
Дали свеста е производ на материјата(мозокот) ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Многу ми се допаѓа темава. Браво за Малиот Буда!!!
1. Според етичките норми кои ги имаат преземено од своите родители, заедницата и општеството во кое живеат. Исто како и секој друг човек на планетава. Етичките и морални норми ги поставува секое општество/заедница. Некои луѓе се очигледно во заблуда кога мислат дека се неменливи и од некого дадени здраво за готово.

2. Исто

3. ХА-ХА-ХА Пукнав од смеење. Има една анегдота за Еским и Мисионер - мислам дека 100 пути сум ја пишал. Амазонски племиња, тазе откриени, немаат концепт за религија. Прашај ги децата у Финска и Јапонија дали се религиозни. Прашањево ти е фалично на начинот на кој е поставено. Религиозноста НЕ Е вродена.

4. Глад за откритија и напредок. На тоа почива целата наука. Тоа е тоа што религијата (особено јудео-христијанско-исламската) се обидува да го угуши. И самиот викаш: „Вистинскиот христијанин не размислува, не се прашува и не толкува“ Што да ти правам кога не размислуваш што пишуваш :)

4а. НЕМА СМИСОЛ, Мики!!! Тука си за да живееш додека живееш. Искористи го тоа време за да направиш нешто добро за блиските, човештвото и планетата. Ќе те нема набрзо и ќе те помнат само по добрините што си ги сторил. Нема рај и нема пекол. СИГУРНО смисолот на животот не е да се мучиш за да одиш во „Рајот“

5. Пак глупост. Абе 3 години пишуваш на форумов, само на Религија, се расправаш со атеисти секој ден и уште не си сфатил дека АТЕИСТИТЕ НЕ ГО ТОЛКУВААТ БОГ!!! Атеистите се на чисто по ова прашање: БОГ НЕ ПОСТОИ!!! Не можеш да толкуваш нешто што не постои. „Бог да чува!“ ...и пак онаа глупост со фабричката. Прочитај малку нешто ново да му е*ем ма*ер!

6. Мислам дека у 4-ката можеш да најдеш насоки, ама, еве, да ти кажам пак. Копнежот по бесмртноста е нешто со што се соочуваме уште од најмали нозе. Прво сакаме нашите родители да се бесмртни за да се грижат за нас засекогаш. После тоа сакаме да сме бесмртни за да не умреме и за да не се соочиме со најстрашното нешто, а тоа е крајот на нас самите. КРАЈОТ на нас самите е најстрашниот од СИТЕ СТРАВОВИ. Затоа, човекот сака да направи СЕ ШТО МОЖЕ за да го одложи. Затоа и го измислил Господ и рајот и пеколот. За да си ја смири душичката плашлива.

Мислам дека овие работи се учеа во шесто или седмо одделение. Некој бил болен, изгледа.
 
Член од
8 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Like za DBack i celosno se slozvam so tebe i prosto se gordeam so tvoite sovrseni odgovori ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Хмммм....

А ја батка, до сеа се прашував, зашто саде на верните им бил испран умо....ама имало и други „испрани„.

Следеќи? Ама да биде поубедлив од DBack....
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Дали свеста е производ на материјата(мозокот) ?
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Хмммм....

А ја батка, до сеа се прашував, зашто саде на верните им бил испран умо....ама имало и други „испрани„.

Следеќи? Ама да биде поубедлив од DBack....
Да, некои луѓе многу тешко ја прифаќаат вистината.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дали свеста е производ на материјата(мозокот) ?
Хммм... друже... темава си ја отворил за да одговараат атеисти, не филозофи. Мислам повеќето филозофи се атеисти, ама не верувам дека важи и обратното.

Западната цивилизација вика материјата па свеста, а источњаците викаат обратно. Сепак, нема многу везе со атеизам.

Има едно многу добро предавање од Dean Radin (+ еџи, е онака, баш ти ко што сакаш) каде многу пластично (мада не на кратко, збори саат ипол, ама интересни истражувања цитира) ги објаснува баш овие разлики во перцепцијата меѓу источњаците и западњаците.
 
Ќе го гледам видеото, ама до тогаш да објаснам што значи свест надвор од материјата.
Тоа значи свест надвор од концептот за времето.
И тоа е доволно, ама темава е за атеистите да одговараат а јас барам прост одговор, да или не.
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
1. Како атеистите разликуваат добро од зло?

- Исто како што и ти разликуваш, немора бог да ми каже што е добро што е зло.

2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?

- Исто како што и ти разликуваш, немора бог да ми каже.

3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?

- Сите сме табула раса, што е тоа вродено? Може ли нешто да биде родено освен гените?

4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?

- Сеуште незнаеме ништо можеби само 1 % од животот што ни пружа и нуди, скоро и ништо да не е откриено, сакаме да имаме повеќе да откриваме. Нашето постоење е во тоа да наоѓаме начини за подобар живот, а не да се молиме за рај.

5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?

- Бог е нешто што непостои, јас кога го гледам оружјето сум мирен знам дека е спремно, во тоа верувам и верувам така ќе се спасам ако пазам на моите војници кои се околу мене колку се обучени и колку веруваат во себе и колку се способни да издржат. Немора една книга и еден бог да ни кажат во што да веруваме за да бидеме смирени и дека ако погинеме ќе бидеме спасени во рајот или ќе гориме во пеколот. Туку ќе се бориме за да преживееме, ако умреме ќе плачат другите, ќе загинат други и нема Бог да не спаси.

6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

- Живееш од делата кои си ги направил, што си постигнал, секогаш ќе има некој што ќе те спомнува кога ќе те нема зависи по тоа како каков човек те познавал Добар или лош.

Доста е за почеток...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Сакаш доказ
Ти свесен си така? имаш свест, која ја создава органот наречен мозок...
Извади си го мозокот па види дали ќе останеш свесен..
Нобелова награда за - the problem of consciousness, конечно е решен проблемот....се шалам.
Сигурно си чул дека нема ни една студија(било каква) што би го подржала тоа што ти го тврдиш.
Остај што те лажеле у школо со години, глеј ги фактите.
Како што нема докази за Бог така нема докази за свест како резултат на мозокот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Хмммм....

А ја батка, до сеа се прашував, зашто саде на верните им бил испран умо....ама имало и други „испрани„.

Следеќи? Ама да биде поубедлив од DBack....
Мики, бре, Мики, ако нешто не ти се допаѓа во одговорот, би требало да го оспориш. Не е ова огласна табла па луѓе да лепат мислења ко на изложба. Ако добиеш одговор се вика фала, или не, фала. Кажи си што те мучи. Кажи,има везе или нема везе. Не си ти модератор па да си неутрален...

--- надополнето ---

Ќе го гледам видеото, ама до тогаш да објаснам што значи свест надвор од материјата.
Тоа значи свест надвор од концептот за времето.
И тоа е доволно, ама темава е за атеистите да одговараат а јас барам прост одговор, да или не.
Прост одговор, да или не, се бара на судење. На форум, одговорот „да“ или „не“ најчесто може или да те накурчи или да ти крене его. Трето, тешко. (ОК, освен, Вечер ли му е на Слаткар концертот?)
Затоа, кога поставуваш „дали“ прашање, секогаш знај (ако више не си свесен за тоа) дека или наведуваш или тролуваш. Сигурно не бараш одговор, него чекаш у заседа.

Е, сега, седни и изгледај го видеото - сигурно ќе ти се свиѓа - п апосле ќе збориме за свест, свесност и материја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom