Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:
1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?
Доста е за почеток...
Многу ми се допаѓа темава. Браво за Малиот Буда!!!
1. Според етичките норми кои ги имаат преземено од своите родители, заедницата и општеството во кое живеат. Исто како и
секој друг човек на планетава. Етичките и морални норми ги поставува секое општество/заедница. Некои луѓе се очигледно во заблуда кога мислат дека се неменливи и од некого дадени здраво за готово.
2. Исто
3. ХА-ХА-ХА Пукнав од смеење. Има една анегдота за Еским и Мисионер - мислам дека 100 пути сум ја пишал. Амазонски племиња, тазе откриени, немаат концепт за религија. Прашај ги децата у Финска и Јапонија дали се религиозни. Прашањево ти е фалично на начинот на кој е поставено. Религиозноста НЕ Е вродена.
4. Глад за откритија и напредок. На тоа почива целата наука. Тоа е тоа што религијата (особено јудео-христијанско-исламската) се обидува да го угуши. И самиот викаш: „Вистинскиот христијанин не размислува, не се прашува и не толкува“ Што да ти правам кога не размислуваш што пишуваш
4а. НЕМА СМИСОЛ, Мики!!! Тука си за да живееш додека живееш. Искористи го тоа време за да направиш нешто добро за блиските, човештвото и планетата. Ќе те нема набрзо и ќе те помнат само по добрините што си ги сторил. Нема рај и нема пекол. СИГУРНО смисолот на животот не е да се мучиш за да одиш во „Рајот“
5. Пак глупост. Абе 3 години пишуваш на форумов, само на Религија, се расправаш со атеисти секој ден и уште не си сфатил дека АТЕИСТИТЕ НЕ ГО ТОЛКУВААТ БОГ!!! Атеистите се на чисто по ова прашање: БОГ НЕ ПОСТОИ!!! Не можеш да толкуваш нешто што не постои. „Бог да чува!“ ...и пак онаа глупост со фабричката. Прочитај малку нешто ново да му е*ем ма*ер!
6. Мислам дека у 4-ката можеш да најдеш насоки, ама, еве, да ти кажам пак. Копнежот по бесмртноста е нешто со што се соочуваме уште од најмали нозе. Прво сакаме нашите родители да се бесмртни за да се грижат за нас засекогаш. После тоа сакаме да сме бесмртни за да
не умреме и за да не се соочиме со најстрашното нешто, а тоа е крајот на нас самите. КРАЈОТ на нас самите е најстрашниот од СИТЕ СТРАВОВИ. Затоа, човекот сака да направи СЕ ШТО МОЖЕ за да го одложи. Затоа и го измислил Господ и рајот и пеколот. За да си ја смири душичката плашлива.
Мислам дека овие работи се учеа во шесто или седмо одделение. Некој бил болен, изгледа.