Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Ако се е бесцелно, зошто не се убиеме масовно, исчезнеме одеднаш? Зошто толку се држиме до животот како давеник за сламка?
Дали сметате (за оние секако што така размислуваат) дека човекот постои бесцелно, дека било кое делче од природата е бесцелно? Ние сме мозаик составен со математичка точност, а за целта...не ми се верува дека се или скоро се е толку бесцелно. Попрво верувам дека тоа е лично да не кажам еднострано размислување. Како пример -велиме постоеле фосили, ок. Велиме масовно исчезнување на скоро целиот жив свет и постојани поплави и воопшто развој на земјата со исчезнување на голем број живи организми. Од нивни аспект, нивното живеење било бесцелно, како и да не постоеле -не еволуирале во ништо туку изумреле...но од наша гледна точка тоа е гориво, напредок на цивилизацијата и технологијата. Повеќе помалку се си има цел...дали е заради сега, дали заради икс децении и милениуми натаму, помалку е битно.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Значи, да заклучам: физичките закони во овој Свет, си делуваат, си делуваат, си делуваат ( и така натаму...). И сеа, што од тоа што делуваат?

--- надополнето ---

Не бе друже, поставувам прашања до атеистите, од кои очекувам одговор преку кој (одговор) самите атеисти треба да ја увидат бесмислицата од простата механика, Ти текува?

--- надополнето ---

Веќе го сфатив: Бог Е бесконечен...
Ти реков погрешни прашања поставуваш, бараш цел и вишо значење таму каде што го нема. Што од тоа што делуваат? Можеме да идеме до бескрај со ова, ќе ти кажам пример ете пример тоа и тоа е целта на тоа делување па ќе продолжиш а што со таа цел и така натака или продолжуваш се додека на наидеш на целта Господ која е крајна граница за верниците. Целта на гравитацијата е the force of attraction between all masses in the universe (дефиниција) и толку. Нема виша цел...

Парадоксот не го сфати, можеби зошто јас не го објаснив добро. Ако бог е бесконечен, значи постоел отсекогаш и засекогаш тогаш колку чекал за да ја создаде земјата и универзумот општо? Зошто и двете и според науката и религијата имаат дата на раѓање. Одговорот на тоа би било чекал бесконечно зошто отсекогаш постоел со што се добива парадокс. Зошто запамти: Бесконечноста е бесконечно поголема од секој конечен број без разлика дали е 10 илјади или 13.7 милијарди, и двата се конечни броеви.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако се е бесцелно, зошто не се убиеме масовно, исчезнеме одеднаш? Зошто толку се држиме до животот како давеник за сламка?
Дали сметате (за оние секако што така размислуваат) дека човекот постои бесцелно, дека било кое делче од природата е бесцелно? Ние сме мозаик составен со математичка точност, а за целта...не ми се верува дека се или скоро се е толку бесцелно. Попрво верувам дека тоа е лично да не кажам еднострано размислување. Како пример -велиме постоеле фосили, ок. Велиме масовно исчезнување на скоро целиот жив свет и постојани поплави и воопшто развој на земјата со исчезнување на голем број живи организми. Од нивни аспект, нивното живеење било бесцелно, како и да не постоеле -не еволуирале во ништо туку изумреле...но од наша гледна точка тоа е гориво, напредок на цивилизацијата и технологијата. Повеќе помалку се си има цел...дали е заради сега, дали заради икс децении и милениуми натаму, помалку е битно.
Јас не се согласувам дека се е бесцелно, но смислата на постоењето за секого е различна. За уметникот смислата е да твори, создава уметнички дела, за научникот смислата е да ги одкрива законите на природата, за некој просечен човек смислата е да си има хармонија во семејството....итн!
Смислата на нашето постоење може да биде иста за сите само кога сите би биле исти.
 
Aх, па и самоубиството е бесцелно :) А и не знам зошто животот треба да има значење и смисла за да вреди да се живее...

Јас не се согласувам дека се е бесцелно, но смислата на постоењето за секого е различна. За уметникот смислата е да твори, создава уметнички дела, за научникот смислата е да ги одкрива законите на природата, за некој просечен човек смислата е да си има хармонија во семејството....итн!
Смислата на нашето постоење може да биде иста за сите само кога сите би биле исти.
Но тaа пак останува бесцелнa, залудна и бескорисна :) А и тоа е гледиште на нихилистот, дека животот нема некоја вродена цел дадена од виша цел и е без значење т.е смислата на животот ти сам ја одредуваш но тоа не ја менува нејзината бесцелност...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема виша цел.
Море, мудро велиш...
Значи, планетите бесконечно ќе си се вртат околу Сонцето, а истото тоа ќе го прават и електроните околу јадрото од атомот, така?
Е арно де, и сега, од тоа просто механичко вртење, кое е одредено и строго насочено од одредена сила, без можност за деклинација, како е можно да настанал животот!???

--- надополнето ---

Парадоксот не го сфати, можеби зошто јас не го објаснив добро. Ако бог е бесконечен, значи постоел отсекогаш и засекогаш тогаш колку чекал за да ја создаде земјата и универзумот општо? Зошто и двете и според науката и религијата имаат дата на раѓање. Одговорот на тоа би било чекал бесконечно зошто отсекогаш постоел со што се добива парадокс. Зошто запамти: Бесконечноста е бесконечно поголема од секој конечен број без разлика дали е 10 илјади или 13.7 милијарди, и двата се конечни броеви.
Аааааа...така значи.
За тоа зашто и како Бог го створил Светов и се видливо и невидливо, имам повеќе пати пишувано. Но темава сеуште е насловена до атеистите, па тие нека одговараат за зададениве прашања.
Што се однесува до твојов обид, со човечка логика да ја одгатнеш Божјата намера: ц, не Ти успева...Како можеш да си ја замислиш или претставиш бесконечноста, кога самиот си конечен?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но тaа пак останува бесцелнa, залудна и бескорисна :) А и тоа е гледиште на нихилистот, дека животот нема некоја вродена цел дадена од виша цел и е без значење т.е смислата на животот ти сам ја одредуваш но тоа не ја менува нејзината бесцелност...
За кого останува бесцелна? Дали некој што го потрошил животот сликајќи или создавајќи скулптури, пишувајќи романи мисли дека сето тоа е бескорисно?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Море, мудро велиш...
Значи, планетите бесконечно ќе си се вртат околу Сонцето, а истото тоа ќе го прават и електроните околу јадрото од атомот, така?
Е арно де, и сега, од тоа просто механичко вртење, кое е одредено и строго насочено од одредена сила, без можност за деклинација, како е можно да настанал животот!???
Хах, нормално дека не. Нашето Сонце работи на гориво, хидроген кој е во јадрото и е во ограничена залиха и кога евентуално ќе се потроши ќе почне крајот на сонцето. Горењете на хидроген ќе продолжи околу јадрото и Сонцето ќе почне да се шири и ќе стане црвен џин или red giant. Ќе ја обвие нашата планета но животот тука веќе одамна ќе биде згаснат со тоа што водата ќе испари долго време пред овој настан. По фазата на црвен џин, интензивни термички пулсирања ќе предизвикаат сонцето да ги отфрли своите надворешните слоеви со што ќе формирање планетарна маглина. Единствениот објект што ќе остане откако надворешните слоеви се исфрлени е многу жешко ѕвездени јадро, кое полека ќе се лади и ќе изгледа како бело џуџе (white dwarf) во текот на многу милијарди години. Ова сценарио е типична за ѕвезди со ниска до средна маса.

Ова е само за Сонцето, сите ѕвезди а и воедно галаксии имаат крај. Пример поголемите ѕвезди се уништуваат во супернова, а галаксиите се јадат меѓусебе со така наречен галактички канибализам т.е привлечени од меѓусебната гравитација се судруваат меѓу себе во процес кој трае милиони години и формираат нова галаксија.

А за крајот на универзумот има повеќе теории како Big Rip или Big Crunch но се сомневам дека те интересира и за ова да чуеш.

Па ете ти одговор, има деклинација...

Аааааа...така значи.
За тоа зашто и како Бог го створил Светов и се видливо и невидливо, имам повеќе пати пишувано. Но темава сеуште е насловена до атеистите, па тие нека одговараат за зададениве прашања.
Што се однесува до твојов обид, со човечка логика да ја одгатнеш Божјата намера: ц, не Ти успева...Како можеш да си ја замислиш или претставиш бесконечноста, кога самиот си конечен?
Бесконечно е нешто што нема граница. Па ете ти го парадоксот. Ако бог е бесконечен и постоел отсекогаш и засекогаш тогаш колку чекал за да го создаде универзумот? Одговорот на тоа е нормално тој чекал бесконечно зошто отсекогаш постоел а универзумот има дата на раѓање.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако се е бесцелно, зошто не се убиеме масовно, исчезнеме одеднаш? Зошто толку се држиме до животот како давеник за сламка?
Дали сметате (за оние секако што така размислуваат) дека човекот постои бесцелно, дека било кое делче од природата е бесцелно? Ние сме мозаик составен со математичка точност, а за целта...не ми се верува дека се или скоро се е толку бесцелно. Попрво верувам дека тоа е лично да не кажам еднострано размислување. Како пример -велиме постоеле фосили, ок. Велиме масовно исчезнување на скоро целиот жив свет и постојани поплави и воопшто развој на земјата со исчезнување на голем број живи организми. Од нивни аспект, нивното живеење било бесцелно, како и да не постоеле -не еволуирале во ништо туку изумреле...но од наша гледна точка тоа е гориво, напредок на цивилизацијата и технологијата. Повеќе помалку се си има цел...дали е заради сега, дали заради икс децении и милениуми натаму, помалку е битно.
Не е бесцелно. Целта е да го поминеш животот исполнето и да оставиш зад себе подобар свет за твоите деца и нивните деца. За мене ова е сосем доволен смисол. Знам дека ќе умрам. Знам дека моето тело ќе биде храна за други видови и знам дека ќе придонесам во затворањето на кругот на животот.

Знам дека со мојата смрт и мојата „душа“ ќе умре. И ОК сум со тоа. Не се залажувам со детски фантазии за посебност и бесмртност. Како што лавот умира и како што пчелата умира, така и јас ќе умрам. И тоа е ОК. Не сум јас ништо попосебен од останатите МИЛИЈАРДА видови живот на земјава (досега и сега).

И, погледнато од друга страна, Лурц: Викаш „Ако се е бесцелно, зошто....“ Дали пустата желба да НЕ Е СЕ БЕСЦЕЛНО е доволен аргумент за да поверуваш во приказна која нема докази, која нема сведоци, која нема логика, која нема речиси ништо оригинално (споредено со останатите 5000 религии во светот)?

И, да, велиме дека имало фосили, дека навистина има. И, да, викаме дека земјата е 5.000.000.000 години стара бидејќи е недвосмислено утврден факт. Дали одобруваш флертување со идејата за 5000 години стара земја чисто поради пуста желба да најдеш некаков надворешен слисол за своето постоење?!?!
 
F

Frankie Yale

Гостин
За кого останува бесцелна? Дали некој што го потрошил животот сликајќи или создавајќи скулптури, пишувајќи романи мисли дека сето тоа е бескорисно?
Бескорисност =/= Безначајност.

Тој што пишувал романи бил корисен за човештвото, тој што се грижел за планетата и создавал еколошки изуми бил корисен за планетата Земја. Но планетата е безначајна и човекот е безначаен. Ајде ова го имам кажано стопати но ќе го кажам пак...

Нашата земја е една планета од 8 (можеби има уште што не се откриени) во овој наш сончев систем. Таа орбитира околу нашето Сонце кое е една ѕвезда џуџе. Има отприлика од 200 do 400 милијарди ѕвезди во нашата галаксија Млечен Пат. Исто така проценето е дека има отприлика 50 милијарди планети во оваа наша една галаксија од кои 500 милиони се во таканаречената habitable zone т.е зона во која планета слична на Земјата би можела да има вода во течна состојба. Има отприлика 100 милијарди галаксии во овој универзум, груба проценка е тоа... Можно е да има многу повеќе.

Па одговори ми зошто ти и тој што го потрошил животот сликајќи или создавајќи скулптури, пишувајќи романи сте значајни и која е твојата цел?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па одговори ми зошто ти и тој што го потрошил животот сликајќи или создавајќи скулптури, пишувајќи романи сте значајни и која е твојата цел?
Ти изгледа не ме читаш! Еве што напишав:
Јас не се согласувам дека се е бесцелно, но смислата на постоењето за секого е различна. За уметникот смислата е да твори, создава уметнички дела, за научникот смислата е да ги одкрива законите на природата, за некој просечен човек смислата е да си има хармонија во семејството....итн!
Смислата на нашето постоење може да биде иста за сите само кога сите би биле исти.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ти изгледа не ме читаш! Еве што напишав:
Ни ти мене ко што гледам... Јас расправам дека човекот како и се друго е безначајно и дека нашиот живот нема некоја вродена цел дадена од виша моќ и е без значење освен тоа што сами ќе си го дадеме. Значи смислата на животот ти сам ја одредуваш но тоа не ја менува нејзината безначајност.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ни ти мене ко што гледам... Јас расправам дека човекот како и се друго е безначајно и дека нашиот живот нема некоја вродена цел дадена од виша моќ и е без значење освен тоа што сами ќе си го дадеме. Значи смислата на животот ти сам ја одредуваш но тоа не ја менува нејзината безначајност.
Ако за мене нешто има смисла тогаш не е безначајно, а јас не тврдам дека тоа нешто е апсолутно и неменливо за сите. Значи за мене одредена работа има смисла (е значајна) за тебе друга, за некој трет петнаеста....!
Безначајно ли е ако умре некој кој ти е близок и го сакаш?:toe:
 
Не ми е тоа поентата, мене ако ми умре некој близок тоа ќе биде многу тажен и значаен настан во мојот живот. Но што има врска тоа кога самите ние сме неважни. Пример, утре се случи катаклизма и умрат 3 милијарди луѓе, прилично значаен настан за човештвото нели? И што има везе кога како што реков дури и самата наша планета е безначајна а не ние кои сме само еден вид кој ја населува оваа планета. Мешаш субјективна значајност само ако нешто е значајно за тебе а друго е значајно за мене не значи дека тие две работи имаат некаква објективна значајност. Eгзистенцијалнот нихилзам расправа дека било каква надворешна значајност или смисла на животот не е ништо повеќе од самозалажување. Секако ти можеш да си дадеш смисла на твојот живот но тоа нема да промени ништо. Значајни настани за тебе =/= значајни настани...
 
Не се разбираме бидејќи ти зборуваш за некоја апсолутна божја перспектива, која е апсолутно ниво, а јас зборувам од човечка перспектива, бидејќи сега засега таа е единственото субјективно мерило.
 
Пак погрешно ме разбра, се што сакав да кажам е дека ако тебе нешто ти е значајно тоа не значи дека автоматски само по себе е значајно. Се би функционирало нормално и со нас и без нас што е показател на нашата безначајност. Ја искористив големината на универзумот како показател.

Утре ако се уништи планетата Земја, што ќе смени тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom