Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Гордост, Јоане, гордост. Големо зло. Мислат дека се многу моќни, дека се над Бог. Дека не им треба. Си товарат само гревови.
Е дечко во колку голема заблуда живееш. Гревови имаш 10 пати повеќе од мене. А за некои во клапата на верници кои ни име не сакам да им спомнам и од црквата се избркани од неморал. Затоа имате исповед? Дека не грешите?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Гордост, Јоане, гордост. Големо зло. Мислат дека се многу моќни, дека се над Бог. Дека не им треба. Си товарат само гревови.
Големо зло тоа гордоста:

„ЈАС СУМ ЉУБОМОРЕН И ОСВЕТОЉУБИВ БООООООГГГ!!!“

„НЕМОООЈ ДРУГИ БОГОВИИИ ДА СИ ИМАААЛ!!! - САМО МЕНЕЕЕЕ!!!“

Гордост, иначе е позитивна особина. Тоа е чувство на исполнетост и задоволство околу некој подвиг, припадност, квалитет или однос со кој ја квалификуваш својата вредност или важност.

Ти најверојатно мислиш на ГОРДЕЛИВОСТ. Тоа е гревот.

Јахве е ДЕФИНИЦИЈА за горделив Бог.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Еден тинејџер којшто прочитал 2-3 книги, романи во животот, некоја поезија и изгледал некој филм, може да знае што треба да сваќа буквално а што не. Може да го следи текот на настаните на напишаното. Што иде прво а што после. Кога е напишано директно и буквално, а кога е напишано во метафора. А не пак еден возрасен човек.

За она другото што да ти кажам. Ти велиш ние Христијаните сме прости и глупи, јас пак ќе го кажам спротивното, и така дискусијата се гуши.

А за ова за кое време си зборувал, ти ми рече дека Христијаните биле необразивани. Јас ти кажав дека ако не бевме ние ти немаше сега да пишуваш на овој јазик. Ти не ми побара образовани Христијани родени на први први 1960. И така. А ти текнува еднаш ти дадов и еден линк кон википедија на листа на Христијански научници. Ги имаше прилично многу, имаше и неколку видни фаци кои и денес работат. Така да Христијани има секакви, и доктори на науки, и нобеловци, а има и неуки луѓе. Исто како што е и со атеистите.
Полека сега полекаааааааааааа кочи тој не рече дека тоа важи за сите христијани и верници во светов, значи да се разбереме човекот не вели дека сите се прости глупи необразовани тој тоа го вели само за тебе и уште неколку како тебе овде на форумов, јасно ти е сега ??

ИЛИ ДА НАПИШАМ СО ГОЛЕМИ БУКВИ И ДА ПОЧНАМ ДА ЦРТАМ ?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.289
Поени од реакции
23.916
Ете јас сум едуциран во многу полиња па сеуште сум си Христијанин. И што правиме? А ти си вулгарен и прост па си атеист. Можеби простотијата води кон атеизам?

--- надополнето ---



Ете јас верувам, па не би рекол дека сум инфантилен, нити па никој друг не го мисли тоа за мене (освцен то дибек, се разбира).
грешка си и јас мислам така или што би рекол Господин Господин чичко Тони Михајловски
ВО ДРЖАВАВА ИМА ИНСТИТУЦИИ АМА ЗА ЖАЛ НЕ РАБОТАТ
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Дали е буквално „Не убивај?“, „Не работи во сабота?“ или „Плати 20 сребреници на таткото на девицата која си ја силувал?“

Кои од овие се буквални, а кои фигуративни?
Овие се дел од законот, така да овде нема место за метафора. Е сега она што не ти е јасно за сребрениците е затоа што Библијата претставува една целина, ако извадиш една реченица однекаде, а притоа незнаеш што е кажано претходно, тогаш доаѓа до погрешно толкување. Ова напишаново е од книгата Второзаконие. Овде се повторени законите дадени во претходните 3 книги. А самиот стих е повторување на напишаното од книгата Излез

16 Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја заме за жена;
17 а ако таткото нејзин одбие и не сака да му ја даде, да одмери сребро на татка и' колку што следува за мираз на девојката.

Знаеш што ти зборува овде? Ако ти легнеш со некоја жена, вонбрачно, тогаш твоја должност е истата и да ја ожениш. А не да си купиш жена со пари - како можеш вака да размислуваш појма немам. Ако ја немаш прочитано Библијата од почеток до крај, тогаш ич не постирај извадоци (од некој антихристијански сајт ли) а да не го знаеш контекстот.

Значи уште еднаш - овде е забранет оној денес популарниот секс за една вечер, и она другото - менување на безброј партнери. Ако веќе легнеш со жена пред брак тогаш оженете се за да не живеете во грев.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.289
Поени од реакции
23.916
ами ајде да го избришиме уставот и цел кривичен закон и да ја воведиме библијата наместо тоа( може и куранот сега зависи за кој како).
и сите ке бидеме среќни и весели. како мормоните на пример и талибаните.онака само за пример.тие дословно ги практикуваат божјите закни.
само има еден проблем.
која да биди книга. библијата куранот тората или ??
кој е во право. ти викаш дека твојот бог е тој онај вистинскиот, што чисто се сомневам дека али ке се сложи уште помалце некој ортодоксен евреин.
еве ти на пример конкретно да те пашам дали сметаш дека алах постои или некој друг бог или сметаш дека твојот има ексклузивно право да биде број еден и единствен а сите други кои не го делат твојот бог или мислење се грешници.
од каде си тлку сигурен дека си ти во право и дека библијата е онаа правата .што ако другите не се сложат. да ги преобратиме или .....
значи ајде прво договорете се меѓу вас кој е кој и кој е главен пошто ние грешниците барем за едно сме сложни во кое вие верниците ама никогаш нема да се сложите.
бог нема се е то бајка, нема рај и пекол, нема арка или слични бротчиња нема ѓаволи и сатани , адам и ева се реални колку што се том и џери реалени, или накратко се е тоа безвезе, глупости бајки и приказни.
е сега вие кога ке изградите заеднички став за боговите кој е кој , дали е еден или се повеќе , дали јехова и алах се едно те исто и кој е во право а кој не е и кога тука на форумот како за почеток излезите со заеднички став во врска со тоа тогаш вреди да се збора што понатаму. значи кога еден муслиман ке рече дека алах е синоним за бог и дека тоа е едно те исто и кога некој христијанин ке рече обратно и сите вие заедно ке се гушнете и ке признаете дека досега џабе сте се контреле дека библијата и куранот се различни книги, дека досега џабе сте се колеле и беселе во сите овие векови и дека од утре нема да правите разлика дали ке одите во црква или џамија или синагога пошто тое се е едно те исто, дека ке го признаете папата или таму некој за главен претставнк на сите религии на земјата е тогаш има смисла муабетот. а ако не тогаш можам само да заклучам дека сте полни со глупости а од љубов и соживот нема ни трага.дека се закоравени во тоа мозкот и се тоа што зборувате како божем вие сте сето арно на земјата а се што нечини потекнува од нас се бајки за мали деца или лага со која си мислите дека го убедувате светот а уствари неможете ни сами себе да се убедите или да убедите некој од спротивната вера кој нормално го тврди истото за својата вера и за него како продуховен добар честливи бла бла бла.
значи ајде бујрум тука на форумот ајде еден заеднички став на верниците од сите религии каде што се сложувате дека ееден бог ама само еден а не еден е вистински.и дека утре ако вашите деца се заљубат во некој од спротивниот табор нема да ви смета, сосема радосно за велигден ке одите да запалите свеќа во џамија а за бајрам ке ја баците иконата во црква и ке запалите свеќа за здравје, и ке викните дома поп да ви пее или оџа сеедно. и ке дозволите децата да се оженат во црква а ке ги обрежи оџа па ке ги крсти поп и се така да не должам. по толку голема љубов и соживот со која зрачите од сите страни мислам дека одма ке изградите заеднички став и тука на форумот онака искрено ке се прегрните како да сте браќа по вера и досега џабе сте се контреле и дека се е тоа исто.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Овие се дел од законот, така да овде нема место за метафора. Е сега она што не ти е јасно за сребрениците е затоа што Библијата претставува една целина, ако извадиш една реченица однекаде, а притоа незнаеш што е кажано претходно, тогаш доаѓа до погрешно толкување. Ова напишаново е од книгата Второзаконие. Овде се повторени законите дадени во претходните 3 книги. А самиот стих е повторување на напишаното од книгата Излез

16 Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја заме за жена;
17 а ако таткото нејзин одбие и не сака да му ја даде, да одмери сребро на татка и' колку што следува за мираз на девојката.

Знаеш што ти зборува овде? Ако ти легнеш со некоја жена, вонбрачно, тогаш твоја должност е истата и да ја ожениш. А не да си купиш жена со пари - како можеш вака да размислуваш појма немам. Ако ја немаш прочитано Библијата од почеток до крај, тогаш ич не постирај извадоци (од некој антихристијански сајт ли) а да не го знаеш контекстот.

Значи уште еднаш - овде е забранет оној денес популарниот секс за една вечер, и она другото - менување на безброј партнери. Ако веќе легнеш со жена пред брак тогаш оженете се за да не живеете во грев.
Прво, викаш дека се закони и дека нема трте-мрте. Веднаш потоа велиш дека е метафора.

Де, друже, те молам, кажи ми сега ЈАСНО, што од овие три е закон, а што е метафорична насока за морален живот. За да знам, нели...
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Христијанството е фалична религија, бидејќи нема верозаконик, нема јурисдикција, а со тоа нема решение ниту можност за уредување на световниот живот на луѓето.:toe:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.308
Поени од реакции
84.453
Христијанството е фалична религија, бидејќи нема верозаконик, нема јурисдикција, а со тоа нема решение ниту можност за уредување на световниот живот на луѓето.:toe:
Кој нашол да збори за фалична религија...
:pos2:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.439
Поени од реакции
5.130
Христијанството е фалична религија, бидејќи нема верозаконик, нема јурисдикција, а со тоа нема решение ниту можност за уредување на световниот живот на луѓето.:toe:
Сите религии се фалични, тоа е 100% сигурно.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Христијанството е фалична религија, бидејќи нема верозаконик, нема јурисдикција, а со тоа нема решение ниту можност за уредување на световниот живот на луѓето.:toe:
WOW! А исламот све тоа го има одлично решено!

Абе, ој си легни!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom