Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Хм ... а како би дефинирал аксиома? Зарем тоа не е верување во нешто дека е точно, зошто истото неможе да се докаже? Има верување и во науката :) Но тоа не значи дека атеистот е верник нели затоа што атеизам нема врска ниту со наука ниту со вера.
Науката се базира на докази и експерименти, и врз база на нив ги темели своите тврдења. Верата од друга страна е верување на кое не му треба доказ, тоа се две различни нешта, а некој како Јоан се обидуваат овие два поими да ги стават во ист кош. Тоа ми беше поентата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Науката се базира на докази и експерименти, и врз база на нив ги темели своите тврдења. Верата од друга страна е верување на кое не му треба доказ, тоа се две различни нешта, а некој како Јоан се обидуваат овие два поими да ги стават во ист кош. Тоа ми беше поентата.
Повеќе пати имам напшишано дека и на верата и треба доказ, а тој доказ, т.е. докази ,се состојат во совпаѓањето помеѓу личните практични духовни опити и учењето како теорија. За возврат, посочи ми, Ти самиот, кои се твоите лични искуства со кварковите и со неутриното? Си ги видел? Си ги осетил? Си ги доживеал?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Која е разликата помеѓу православен, протестант или католик, автолимар, физичар, професор.....
Нема разлика..... Луѓе (барем оние кои тоа се). Но која е разликата меѓу гореспоменатите и тебе?
Гоооолема.
Можда меѓу гореспоменатите има верници, Ти не си
Можда меѓу гореспоменатите има човек, Ти не си
Можда меѓу гореспоменатите има по некој кој познава Љубов, Ти не знаеш

Зошто од десетте божји заповеди ги почитуваш само првите 4? Зоште не и другите 6?
Зошто си толку полн со Гнев и Омраза? Зошто ги мразиш Атеистите? Те натепал некој атеист?

Вие имате одговор од бог??? ХАХА, Имате одговор во тој плагијатот наречен библија и ништо друго. За се што ви е нејасно, одговорот ви е бог, не заради тоа што навистина верувате во тоа, тука затоа што така пишува во едно и единствено книгиче наречено библија.

ЗАКЛУЧОК, појма немаш што е атеист

Погледај малку, прочитај, образувај се. Ќе добиеш претстава што е Атеист. ЕВЕ тука на линкот, ама отвори го, прочитај.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?21569-Атеизам-дефиниција&p=4022080&viewfull=1#post4022080

Верувања кај атеист нема, не постојат. Оперирани се од верување.
Упорно и упорно пропагираш нешто што тебе ти одговара. Колку ли само те плаќаат за ваква пропаганда?????

Е друже невернички такви фори у твое маало на тие што барем поише веруваат од тебе. Таков Ѓомити верник ко тебе по дома, овде не. Јасни се твоите ставои. Само не ми е јасно зошто толку омраза кај тебе. Оди исчитај 10 „оче наш“ и ќе ти биде простено, а од утре пак биди си истиот злобен и неверен.
Не се демантирај самиот. Човекот има мозок и тој му е даден да размислува. Од твојот одговор произлегува дека „ти се врти свеста“ од она што е вистина. А тоа е: Атеистите, на база на „доказите“ на „науките“ веруваат ДЕКА НЕ ПОСТОИ БОГ.
Ова е верување. Човек треба да е без мозок, како животно, да ја отфрли можноста за постоење на Бог. Со смртта, се докажува, постоењето-непостоењето на Бога.
Атеистите го негираат постоењето на Бог, и постоењето на „друга димензија“ со духовен живот, но бидејќи нашата вселена и се што знаеме е материјално, НЕ Е МОЖНО ДА ГО ДОКАЖАТ НЕПОСТОЕЊЕТО-ПОСТОЕЊЕТО НА ОВОЈ ДРУГ СВЕТ.
Јасно, АТЕСИТИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА НЕ ПОСТОИ БОГ, ШТО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ВИСТИНСКИ НЕ ПОСТОИ.
Поради основната претпоставка во нивната теорја која е заснована на - Бог не може да постои - произлегува дека тоа е: ВЕРУВАЊЕ.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Повеќе пати имам напшишано дека и на верата и треба доказ, а тој доказ, т.е. докази ,се состојат во совпаѓањето помеѓу личните практични духовни опити и учењето како теорија. За возврат, посочи ми, Ти самиот, кои се твоите лични искуства со кварковите и со неутриното? Си ги видел? Си ги осетил? Си ги доживеал?
Личните искуства и духовни опити не се доказ, туку субјективно согледување. Доказ е нешто кое секој може да го провери, да испита и да дојде до истиот заклучок, т.е резултат. Како јас или кој било друг ќе провери и ќе дојде до истите духовни сознанија кој ги имаш ти?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве зошто атеистите НЕ МОЖАТ да веруваат во Јахве, Кришна или Шива и компанија:

 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не се демантирај самиот. Човекот има мозок и тој му е даден да размислува. Од твојот одговор произлегува дека „ти се врти свеста“ од она што е вистина. А тоа е: Атеистите, на база на „доказите“ на „науките“ веруваат ДЕКА НЕ ПОСТОИ БОГ.
Ова е верување. Човек треба да е без мозок, како животно, да ја отфрли можноста за постоење на Бог. Со смртта, се докажува, постоењето-непостоењето на Бога.
Атеистите го негираат постоењето на Бог, и постоењето на „друга димензија“ со духовен живот, но бидејќи нашата вселена и се што знаеме е материјално, НЕ Е МОЖНО ДА ГО ДОКАЖАТ НЕПОСТОЕЊЕТО-ПОСТОЕЊЕТО НА ОВОЈ ДРУГ СВЕТ.
Јасно, АТЕСИТИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА НЕ ПОСТОИ БОГ, ШТО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ВИСТИНСКИ НЕ ПОСТОИ.
Поради основната претпоставка во нивната теорја која е заснована на - Бог не може да постои - произлегува дека тоа е: ВЕРУВАЊЕ.
Дека некому толку му е дадено (за тебе од господ) се гледа. А дека и да прочиташ за нешто што ти е посочено, немаш капацитет ни волја и тоа се гледа. Не не секому му е дадено. Толку ти е капацитетот.

По се изгледа ниту читаш нешто (освен библијата, ако и тоа го читаш) ниту сакаш да поднаучиш нешто.

Со истите вратоломии и салта мортале кои ги изведе овде само докажува дека ти всушност си еден голем неверник.
Имено ти не веруваш дека не постои бог. Бидејќи се друго ти е Mission impossible. Бидејќи ниту можеш да го докажеш тоа што го тврдиш, а ниту сакаш да прифатиш никакво друго решение или можност за она кое што ти е непознато, Ти си батка еден голем неверник.

А немаш потреба овде да глумиш, такви „големи верници“ како тебе имам видено на тони, море на килотони... Глумат некакви си верници а ниедна доблест немаат. Сами си задаваат норми и заповеди, а ниедна не почитуваат. Цел живот им е малку да сватат што се човечки доблести, а скоро секојдневно велат „прости ми боже, грешив“. Држат предавања за морал и етика, а преполни со нетрпеливост (сексуална определба, вера, нација), злоба, нетолерантност. Ни кажуваат за љубов, а преполни се со омраза.
Да „пријателе“ невернички со такви двојни стандарди, никаде нема да стасаш. Од километри далечина препознавам хејтери.

Велиш „Човек треба да е без мозок, како животно, да ја отфрли можноста за постоење на Бог“ Браво.....

Само човек без мозок може да даде ваква дебилна изјава, Браво.....само напред хејтеру
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Личните искуства и духовни опити не се доказ, туку субјективно согледување. Доказ е нешто кое секој може да го провери, да испита и да дојде до истиот заклучок, т.е резултат. Како јас или кој било друг ќе провери и ќе дојде до истите духовни сознанија кој ги имаш ти?
Оди во Правсолавната Црква, и ќе го најдеш Бог.

--- надополнето ---

Еве зошто атеистите НЕ МОЖАТ да веруваат во Јахве, Кришна или Шива и компанија:

Што доказ ти е ова?

Тоа само ја докажува креативноста на Бог Исус Христос.

--- надополнето ---

 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Човек треба да е без мозок, како животно...
Човекот Е животно. Ништо особено различен. Ако имаш доблест, ќе си дадеш 2-3 минути да го изгледаш ова кличпе. Мајмуните се Бонобо. Ако си нетрпелив, почни од 05:07 мин.


Човекот не е врховно битие и Земјата не му е дадена да прави со неа како што ќе му прдне.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Дека некому толку му е дадено (за тебе од господ) се гледа. А дека и да прочиташ за нешто што ти е посочено, немаш капацитет ни волја и тоа се гледа. Не не секому му е дадено. Толку ти е капацитетот.

По се изгледа ниту читаш нешто (освен библијата, ако и тоа го читаш) ниту сакаш да поднаучиш нешто.

Со истите вратоломии и салта мортале кои ги изведе овде само докажува дека ти всушност си еден голем неверник.
Имено ти не веруваш дека не постои бог. Бидејќи се друго ти е Mission impossible. Бидејќи ниту можеш да го докажеш тоа што го тврдиш, а ниту сакаш да прифатиш никакво друго решение или можност за она кое што ти е непознато, Ти си батка еден голем неверник.

А немаш потреба овде да глумиш, такви „големи верници“ како тебе имам видено на тони, море на килотони... Глумат некакви си верници а ниедна доблест немаат. Сами си задаваат норми и заповеди, а ниедна не почитуваат. Цел живот им е малку да сватат што се човечки доблести, а скоро секојдневно велат „прости ми боже, грешив“. Држат предавања за морал и етика, а преполни со нетрпеливост (сексуална определба, вера, нација), злоба, нетолерантност. Ни кажуваат за љубов, а преполни се со омраза.
Да „пријателе“ невернички со такви двојни стандарди, никаде нема да стасаш. Од километри далечина препознавам хејтери.

Велиш „Човек треба да е без мозок, како животно, да ја отфрли можноста за постоење на Бог“ Браво.....

Само човек без мозок може да даде ваква дебилна изјава, Браво.....само напред хејтеру
Твојата перцепција е на она што можеш со својот разум да го разбереш. И сето твое обсервирање се однесува на познатото, односно она што се гледа или се „мисли“ дека постои. Како за пример ќе ти посочам дека науката вели дека нашата перцепција сега за сега е ограничена на видливата вселена, но може да постои и „темна“, „невидлива“ вселена. Ова се широки погледи, но се ограничени, од едноставна причина што не дават место за постоење на „друг свет“ кој е сосема различен од овој. По која логика на здравиот разум се негира нешто што не можеш да го докажеш дека постои?

--- надополнето ---

Човекот Е животно. Ништо особено различен. Ако имаш доблест, ќе си дадеш 2-3 минути да го изгледаш ова кличпе. Мајмуните се Бонобо. Ако си нетрпелив, почни од 05:07 мин.

Зборувај си во еднина, или во име на атеистите. Јас верувам дека Бог е креаторот.
А ако ти веруваш дека ова клипче е вистината за тебе и твоето потекло, ти велам дека не е. Но ти имаш слободна волја да веруваш во што сакаш. Па верувај си во ова клипче, и верувај си дека човекот е животно, но тоа важи за оние кои не веруваат во Бога, за нив тоа е можно, па дури и е вистина, како што самиот заклучи.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зборувај си во еднина, или во име на атеистите. Јас верувам дека Бог е креаторот.
А ако ти веруваш дека ова клипче е вистината за тебе и твоето потекло, ти велам дека не е. Но ти имаш слободна волја да веруваш во што сакаш. Па верувај си во ова клипче, и верувај си дека човекот е животно, но тоа важи за оние кои не веруваат во Бога, за нив тоа е можно, па дури и е вистина, како што самиот заклучи.
Абе ти можеш да веруваш и дека волкот ги лапнал бабата и Црвенкапа и дека чуварот после ги спасил од стомакот на волкот и му го наполнил со камења, па овој ко се разбудил бил многу жеден, па паднал во бунарот, нели...

Епа, Јоан, друже, можеше бар да го изгледаш клипот. Или страв ти е?

СТРААААВ ТИ ЕЕЕЕЕЕ :P

Шо се плашиш толку, бе, па мајмуни се ова да му е*ем матер! Нема да те изедат! Тргни едно 15 минути од својот живот за да научиш колку е волшебна природата наша.

Еве, да видиш и слоновите што можат:


...а ако збереш сила и го изгледаш ова, ќе ти залепам да видиш октоподите што све можат да научат...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ова се широки погледи, но се ограничени, од едноставна причина што не дават место за постоење на „друг свет“ кој е сосема различен од овој. По која логика на здравиот разум се негира нешто што не можеш да го докажеш дека постои?
Ги извртуваш сосем наопаку тезите. Ќе те прашам истото.
1. По која логика на здрав разум негираш и стринг теорија и холограмска парадигма и теорија на мултиверзум и терија на бинг-банг па и теоријата на еволуцијата ако сакаш?
2. По која логика наместо нешто што е научно барем како идеја возможно, ти се предаваш на догмата како решение?
Каде е тука твојот здрав разум?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јоан, како стоиш со Пекмен? Мислиш дека можеш бонобово да го тепаш у Пекмен?

 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Зборувај си во еднина, или во име на атеистите. Јас верувам дека Бог е креаторот.
А ако ти веруваш дека ова клипче е вистината за тебе и твоето потекло, ти велам дека не е.
Ти веруваш дека си производ на инцест (=дегенизам, од фамилијарното дрво на деда Ное), Јас ти велам дека не си. Дотолку деген не си. Но твое право. Можеби следниот месија ви е Јозеф Фрицел.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Оди во Правсолавната Црква, и ќе го најдеш Бог.

Сум бил, и тоа не еднаш повеќепати ама изгледа или стално на пауза за топол оброк го фаќам или се плаши од мене па се крие во некое ќоше! :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom