Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Секој во свое име нека одговори, оние кои со ѓаоло тикви садат нека си кажат зошто садат...а сатаната е дел од христијанската митологија,не дека го нема и по други религии...Тојкатер, ова важи и за оној кој не верува во Писмо, Библија и христијански Бог...? Ако си доста запознат со литература, идеи, филозофии, посебно христијанството, а мислам дека не си христијанин...како го исполнуваат "нивното слово" или нивните закони сатанистите, кришнистите, хиндуистите, јеховините сведоци?
На пример како еден сатанист ги исполнува овие закони и правила (ако не ги владееш како што го владееш христијанскиот Закон и библијата, тогаш нека објасни и друг ако сака)
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57055-%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5&p=4154060&viewfull=1#post4154060
за каква жед се работи? Indulgence (англискиот изворен) означува и задоволување...какво задоволување претставува сатаната?
како ќе оцениш објективно кој е вреден, а кој не? и по што се заслужни заслужните. По лично вагање или има универзални критериуми
одмаздата е голем извор на многу зла, дали тоа значи дека сатаната повикува на зло, одмаздољубивост...
кои се тие гревови кои водат кон физичко, ментално и емотивно задоволување (гратификација). Грев е и да убиеш, силуваш, да си грамзив, да обљубиш роднина, да не почитуваш...дали овие се гревови и кај сатанистите
Како ги подразбираш овие точки на пример
Како ова може да се објасни...дали сите овие закони се исполнуваат од сатанистите до крај или слободно се исполнуваат по своја волја или зависно од ситуација?
Малку сакам да добијам сознанија за сатанизмот, некое верување кое слабо нешто го негираат душегрижниците-атеисти (чест на исклучоци) како што негираат постоење на Бог...дали тоа значи дека форумџиите кои постојано го негираат и се шегуваат со Бог, дали истите не го негираат сатаната?
Не сум нешто посебно запознаен со оние кои ја продале душата на лукавиот (а времиња на инфлација се...којзнае дали постигнале добра цена) ниту со религијата нивна, поделени биле на разни струи имало официјална црква сатанска на Лавеј и сплинтер-групи од неа (нешто ко протестантите во христијанството) па се до некакви педофилски кругови и ритуални убиства,посебно во Русија и САД...а имаше и во Србија пред некое време...
На ниво на ритуали има сериозни индикации дека е присутен меѓу политичката елита во некои земји.
Инаку на други теми имав постирано во врска со сатанизмот, на негодување на еден член на форумот...
Јеховини сведоци се христијани, но со свое толкување на Писмото и свои ритуали...познати по ненајавени посети на домовите на граѓанството...
Хинду и Кришна...Народниот храм и Аум Шинрикјо...Небесната порта и Мормоните...Давидовата гранка или црквата за обнова на 10-те заповеди....и уште неколку десетици илјади други.......се е тоа од лукавиот.
Книгата е една и Законот е еден, но некои останале слепи при очи, глуви при уши, но милоста небесна е отворена и за нив, во случај да се покајат...
Работата е што теисти не постојат.
Само навивачи.