Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Лорд Радерфорд? Никад чуо...

Никаде не напишав дека Дарвин нагаѓал, туку дека тоа некој друг го сторил (на линкот е ликот од лорд Томсон, а под него е ликот од Ернест Радерфорд, веројатно си учел за нив како мал...).
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57055-Прашања-до-атеистите&p=4147231&viewfull=1#post4147231
Мики како ги возиш значи, невидена работа!....абе ти или се газиш од смеење со ова салто морталево шо го правиш, или си прича за себе!:)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Жал ми е што твојот свет мора да биде едностран, каде се што е кажано мора да остане исто и непроменето без разлика колку е тоа бесмислено, апсурдно и нереално.
Не е едностран. Од моите 6 000 постови, се гледа дека науките, философиите и уметностите, не ми се туѓи па ај да измериме, чиј ум е отворен а чиј затворен.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Скептик сум, т.е. земам со голема резерва оној податок за 6-8000 години (немам ни доволно познавање за да тврдам дека е точно или неточно, но ми е нелогично ради цивилизациите кои постоеле пред тој период, а за кои мислам дека има евиденс. Не знам баш, у години...
На страна тоа...ме интересира во врска со методот кој го спомена, радиометриски. Дали е можна претпоставка дека методот е погрешен, дека дава грешки во мерењето?
Па вака, нема само еден метод на радиометриско датирање туку повеќе и сите даваат исти резултати. Радиометриското датирање го мери распаѓањето на радиокативни материјали. За да сите бидат неточни тоа мора да значи карпите/камењата кои се користат за мерење забрзано почнале да се распаѓале. Па затоа, истите се подложуваат на голем број експерименти за да утврдат дали распаѓањето ќе забрза. И како што реков, да беше можно да забрза распаѓањето на радиоактивни материјали, немаше да имаме натрупување на радиоактивен отпад по магацините низ светот. Плус ова мерење има маргина на грешка од 1% или само неколку милиони години, што е малку во споредба со милијарди нели?

Да можно е, но шансите дека тоа е така се многу мали. За се во науката постои можност дека е неточно, све постојано се преиспитува и дознава, нема ништо конечно. И тоа е добро според мене за разлика од некои верници како Мики1 кои преферираат немелнива вистина без разлика колку е таа неточна, нереална и безвезна.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
3. Пишувам т.н атеисти бидејќи тој збор ми е глуп во дефинирањето на една личност да признаам. Али ок ќе пишувам понатака атеисти само, нема проблем, ако некој се нашол увреден поради тоа се извинувам.
Види мене ми е многу плупо што сами се нарекувате верници а сте всушност неверници. Уште поглупо што се делите (барем христијаниве) на католицици, протестанти, православни, новоправославни...итн, а всушност сте едно исто. Но никаде.....ама баш никаде не сум рекол таканаречени верници, таканаречени православни, таканаречени протестанти....итн

И да доволно ќе беше ако беше искрено извинување,:
“ќе пишувам понатака атеисти само, нема проблем, ако некој се нашол увреден поради тоа се извинувам.“
4. За оноа кој што поштуе или не нема да се впуштам у дискусија, бидејќи ќе води у недоглед.
Сакал водел дискусија ти или не, фактите се тие. Пред факти и вашите богови молчат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
F

Frankie Yale

Гостин
Во ред де, ја видов Твојата сложеност-еден саглам одговор не даде...
^Со ова ја завршуваме нашата дискусија, џабе ја објаснувај мерења и други "научни глупости" кога човек не сака да слуша и пред се нема здрав разум џабе е се. Ниеден саглам одговор не дадов, или сакаш да кажеш не дадов ниеден одговор што ти одговара. Зошто, ајде да бидеме реални, секој одговор што се коси со твојата библија е "несаглам" одговор. Чао од мене, со тебе више не расправам (док не ми се здосади повторно)...

И за крај
magic-beard-man.jpg
:toe:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Реков, да се појави Исус пред тебе ти пак ќе тврдиш дека не постои :)
За водата повеќе не ни прашувам, ниту за иридиумот, платината и златото во m-состојба...пошто очигледно е проблематична тема. А баш е интересна и би сакал да научам нешто повеќе за суперкондукторите и нивните натприродни или непознати својства.

Се придружувам кон прашањето од Јоан
, ме интересира истото...доказите, зашто, како пошто нели те интересираше постанок према Библија ден за ден па...да видиме како тоа иде "реално и опипливо"

Не е точно. ВО повеќе наврати ти споменав дека доколку постои доказ, јас немам причина да не верувам во нештото. Докажи го постоењето на БОГ и јас веднаш ќе се зачленам во твојата група.

Зошто мене ме прашуваш за настанувањетона пра-материјата. Ти личам ли јас на физичар? Сметаш ли дека сум авторитет во тоа поле? Зошто би ме прашувал мене, кога елементарните објаснувања кои се дадени уште во основно и средно образование, а јас тука ти ги дробам и џвакам ги игнорираш и негираш?

Како да продолжам да разговарам со тебе кога не можеш да замислиш хипотетичка ситуација со твојот хипотетички 15 годишен син? Како очекуваш да разбереш едно така комплексно толкување како што би било тоа за пра-материјата, кога не можеш да се натераш да го разбереш дрвото на живото, на пример?!?!

како да ти објаснам БИЛО ШТО за универзумот, кога тврдиш дека земјата е 6000 години стара? КАКО?

--- надополнето ---

Не е едностран. Од моите 6 000 постови, се гледа дека науките, философиите и уметностите, не ми се туѓи па ај да измериме, чиј ум е отворен а чиј затворен.
Од твоите 6000 постови се гледа дека не знаеш да аргументираш и дека негираш очигледни факти, а се поклонуваш на ирационални недокажливи тврдења. Тоа се гледа.
Се гледа уште и дека истите работи кои ти се објаснети како на мало дете во повеќе наврати, после 2-3 страници постови, повторно ги поставуваш (иако ти се јасни) и повторно се користиш со истата циркуларна логика за да ги оспориш.

Се гледа, од 6000-те постови, дека ништо ново не си научил.

Се гледа и дека знаеш да наппаѓаш без аргументи, а дека не знаеш да се извиниш кога ќе истресеш зелена.

Тоа се гледа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
^Со ова ја завршуваме нашата дискусија, џ
Де бе, барем да ми кажеше кога и како Радерфорд ја стекна титулата „лорд„. Еве, чесен титов пионерски збор, тој одговор ќе го прифатам за саглам одговор од твоја страна.

Што се однесува до приложената фотка, ја имаш мојата согласнот-Он ги створи и „саурусите„, иако за Тебе тоа е саде саркастична тема.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Многу ја љубам оваа бесцелност, бесмислица и бесконечност...Ептен. Ми се чини дека дури и бесловесните животни ја знаат смислата од нивното битисување.
... а бесконечноста на рајот и пеколот не ти прават проблем, а? Не можеш да замислиш милијарда години а бесконечни маки во пеколот можеш, а?

Е, Мики, Мики,... само да се збори и да се вергла едно исто... а ич да не се разбира... Што имало пред господ да ја направи земјата? Кој го создал господ? Што к*р се заебал во 3 наврати со луѓето ако е сезнаен, семоќен и сеприсутен? Како Ева го преварила? Како Луци го подјебава цело време? како господ од НИШТО направил свет? Зошто земјите кои најмногу веруваат имаат најсрање живот? Зошто најдобро живеат оние кои го порекнуваат?

Ти, Мики, појма немаш што е твојата смисла на битисување. Ако мислиш дека е бесконечност десно од Исус си се заебал гадно. Прво, пошто немаш појма што е тоа бесконечно (пошто милијарда не знаеш што е, а бесконечно е сериозно многу повеќе од милијарда), второ, што коленичиш во една искривоколчена варијанта на христијанството и трето, животот го живееш нехристијански, поради тоа што не ги признаваш своите грешки, циничен си и суетен, а тоа се смртни гревови.

Како да се свртиш, Мики, рајот нема да го видиш.

Глеј бар тука помини си добро и направи нешто по што ќе те помнат тие после тебе. Тоа ти е најблискиот пат до бесмртноста.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Ми текнува.

Само, проблемот е во тоа, што нема(ш) радиоактивен метод на докажување нечија старост, со која можеш да измериш 4,5 милј. години од Земјината старост. Да го имаше, ќе го видевме досега. Пошто го нема, затоа читам линкови на кои се изнесени податоци за Земјината старост во распон од 20 мил. па се до 4,7 милј. години, што е крајно неубедливо и шупливо. Во блиска иднина, можам да очекувам „најнова„ научна метода, која (највероватно...) ќе ми понуди уште понеубедлива временска цифретина, а верувам дека Ти и сличните, таа цифретина ќе за прифатите за апсолутна научна „вистина„

Или, како што рече еден критичар на еволуцијата: „...Ако сакаш да ти се случи еволуцијата, „опни„ голема бројка од години, во кои нешто и би можело да се случи...
Ама Мики немој сега вака....
Изотопите на ураниум? Ти текнува за тоа? Време на полураспаѓање и заробеноста на материјалите во Земјата?

Мики, не прави се наудрен, гледај објективно... :)
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Оупс, остави ги на страна овие "факти" пошто секои пола до 1 деценија ги менуваат по желба...
...те мислев додека бев на предавања, па сега, вака исполнет од завршената работа, без многу фрустрации би сакал да ти го кажам следново:

Ти, Лурц, се кажуваш православен христијанин, а не сакаш да го изговориш името на својот Бог. Фер. За ова нема да те напињам. Она што малку ме буни е твојот „скептицизам“. Ти си, нели, скептик и „као“ поставуваш прашања за разјаснување. Ти ги препрочитував прашањата на темава, а и одговорите кои ти ги дале луѓево „од другава страна“ и никаде (НИКАДЕ) не забележав дека се сложи и прифати некое од толкувањата. Полно од нив ги оспори, НО НИТУ ЕДНО не прифати како логично и разумно. Ова ме тера да го мислам следново:

Ако си ти верник, како што се кажуваш, а воедно и скептик, како што се кажуваш, тогаш целово твое присуство на оваа тема не можам да го разберам. Ако си верник, тогаш нема што да се промовираш како скептик. Веруваш и готово! Таков е Мики, нели. И Чорбаџија и Јоан. Тоа се луѓе со цврсти и неменливи ставови, како што навистина прилега на еден верник.

Од друга страна, ти упорно нагласуваш дека си скептик. Тоа, Лурц, кажува дека си скептичен и по прашањето на постоење на Бог. Ако е тоа така, тогаш јас тебе те гледам некаде на половина, ниту на небото, ниту на земјата.

Кога си соочен со извесниот крај на разговорот (15-годишното магаре што верува во Дедо мраз) ти користиш техники на избегнување на одговор, за да твојот скептицизам може да буи и цвета.

Мојата поента (мое мислење, не викам дека ова подолу е „научна вистина“ - само е мое мислење):

Скептиците се едни од најзаебаните луѓе во светот. Овие луѓе не веруваат во ништо и оспоруваат се' на што ќе наидат. Овие луѓе бараат грешки во се' со што ќе се соочат поради нивната вродена страст да го порекнат она што другите го осмислиле, створиле и развиле. За скептикот ништо не е доволно добро, ништо не е извесно и ништо не е докажливо. Скептикот никогаш нема да се согласи дека нештото е онакво какво што изгледа.

Зашто се скептиците најзаебани?

На скептик ништо не можеш да му докажеш. Кога ќе стигнеш блиску до целта, скептикот ќе ја промени темата или барем перспективата од која дискутира, за да следната нишка која ќе ја фати му отвори уште едно големо пространство за негирање, оспорување и шпекулации.

Со скептик не се дискутира, затоа што никогаш нема да признае дека нештото е нешто. Секогаш ќе те намести со. „Нели е можно ова да не е така?“

Можеби грешам, Лурц, но мојот впечаток после вторава моја сериозна дијада со тебе е тој. Со тебе човек не може да дојде до крај на некој муабет. Мислам дека јас и ти апсолвиравме некои работи (будизмот, еволуцијата, дедо мраз, 5000-те богови и името на твојот Бог), а тие истите, затворени теми, ти повторно ги отвораш како нејасни и повторно си „збунет и незнаеш дали си сигурен дека е тоа така.

Мислам дека не ти е фер пристапот. Биди си ти скептичен, ама барем на луѓето со кои дискутираш кажи им дека тебе никој во ништо не те убедил до сега, за да си знаат со кого си имаат работа. За да бидеш фер, ме разбираш?

Инаку, земјата не е 6000 ниту 8000 години стара. Целиот жив свет на земјата совршено се вклопува во филогенетското стебло кое никогаш не се менува. Сите геноми се совршено синхронизирани со дрвото на животот (и нема никакви поместувања и дотерувања на истиве) и сите наоди за староста на земјата ја потврдуваат староста од МИЛИЈАРДИ ГОДИНИ. Хабл секојдневно ни сервира ВОЛШЕБНИ СЛИКИ од бесконечниот универзум во кој нашата занемарливо мала планета лебди. На светов постојат 5000 активни богови кои се, сите до еден, измислени од луѓето кои имале потреба за утеха и врвен авторитет. Јахве не е никако поразличен, ниту претерано посебен од останатите 4.999. Христијанството е најподелената религија во светот, а воедно и првата наменски институционализирана компилација од религии во светот.

Јахве не постои (како што не посоти Зевз, Тор и Брама), а универзумот е несфатливо огромен.

Луѓето, Лурц, се еден микро-прдеж во 4,5 МИЛИЈАРДИ години старата планета Земја.

..а некои луѓе се доволно препотентни за да мислат дека целиот универзум е креиран за да они можат газот да си го бришат со тоалет хартија и да колат јагниња за велигден.
 
F

Frankie Yale

Гостин
а некои луѓе се доволно препотентни за да мислат дека целиот универзум е креиран за да они можат газот да си го бришат со тоалет хартија и да колат јагниња за велигден.
chuck-norris-thumbs-up.jpg
Taка е!
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Епа шо не им го дал тогаш, туку ги лажел?!?!
Што се заебал така, Јахве? Не ли предвидел дека ќе му се одметнат? Не ли е малку чудно што после се налутил и ги казнил? Нели е сезнаен, семоќен и сеприсутен?!?!
Зошто тоагаш ги оставил после да се мачат наместо да ја корегира грешката со едно „нека биде“ ко што рпавел со ред?!!?

Зошто Јахве се заебал? Каков Бог е тоа што се заебува сам?
Господ предвидиува дека луѓе ќе отпаднат, ама остава да се види кој таа улога ќе ја превземе. Што значи ако некое време никој не ја превземе улогата на отпадништво тоа се одлага за друго време, па пак ако нема никој се одлага за друго време, ама некој ќе ја превземе таа улога и на него ќе падне гневот.
Ова е пониско ниво со поконкретен одговор.

Инаку прашањето за предетерминираноста и слободата на случајните настани е едно од најтешките прашања. Од страна на теологијата е ЦЕЛОСНО ОДГОВОРЕНО. Ова прашање е незамисливо тешко за неметафизичките теистички науки. Затоа што истото прашање се поставува и за теистичките науки. Ако се е предетерминирано со причинско-последичниот редослед, тогаш каде е слободата нешто да се случи кое не е целосно одредено од претходните причини. Дали се што сега се случува е одредено од почетното затркалување ако нема можност за никаква случајност надвор од законите?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.815
Поени од реакции
12.306
Не е точно. ВО повеќе наврати ти споменав дека доколку постои доказ, јас немам причина да не верувам во нештото. Докажи го постоењето на БОГ и јас веднаш ќе се зачленам во твојата група.

Зошто мене ме прашуваш за настанувањетона пра-материјата. Ти личам ли јас на физичар? Сметаш ли дека сум авторитет во тоа поле? Зошто би ме прашувал мене, кога елементарните објаснувања кои се дадени уште во основно и средно образование, а јас тука ти ги дробам и џвакам ги игнорираш и негираш?
Дбацк ме интересираше пошто некои од вас инсистираа на познавањето на постанокот-креацијата, на чинот на размножување на човештвото од само две лица, на јаболкото во подлабок смисол... од страна на сите верници. Ние сме исто повеќето исто така обични луѓе, затоа и прашањата за креацијата остануваа или неодговорени или ги одговараа соодветно лицата кои се упатени во верата. Не е соодветно да се бара од било кој од нас да одговориме на такви тешки прашања за 6-те денови, а истовремено таквите одговори да не ги добиеме од научен аспект. На крају краева некој повеќе некој помалку сме потковани (што не е хедникеп ами размена на информации, проток) во физиката, хемијата, астрофизиката... (и јас не сум физичар), само поинаку гледаме на нештата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom