Оупс, остави ги на страна овие "факти" пошто секои пола до 1 деценија ги менуваат по желба...
...те мислев додека бев на предавања, па сега, вака исполнет од завршената работа, без многу фрустрации би сакал да ти го кажам следново:
Ти, Лурц, се кажуваш православен христијанин, а не сакаш да го изговориш името на својот Бог. Фер. За ова нема да те напињам. Она што малку ме буни е твојот „скептицизам“. Ти си, нели, скептик и „као“ поставуваш прашања за разјаснување. Ти ги препрочитував прашањата на темава, а и одговорите кои ти ги дале луѓево „од другава страна“ и никаде (НИКАДЕ) не забележав дека се сложи и прифати некое од толкувањата. Полно од нив ги оспори, НО НИТУ ЕДНО не прифати како логично и разумно. Ова ме тера да го мислам следново:
Ако си ти верник, како што се кажуваш, а воедно и скептик, како што се кажуваш, тогаш целово твое присуство на оваа тема не можам да го разберам. Ако си верник, тогаш нема што да се промовираш како скептик. Веруваш и готово! Таков е Мики, нели. И Чорбаџија и Јоан. Тоа се луѓе со цврсти и неменливи ставови, како што навистина прилега на еден верник.
Од друга страна, ти упорно нагласуваш дека си скептик. Тоа, Лурц, кажува дека си скептичен и по прашањето на постоење на Бог. Ако е тоа така, тогаш јас тебе те гледам некаде на половина, ниту на небото, ниту на земјата.
Кога си соочен со извесниот крај на разговорот (15-годишното магаре што верува во Дедо мраз) ти користиш техники на избегнување на одговор, за да твојот скептицизам може да буи и цвета.
Мојата поента (мое мислење, не викам дека ова подолу е „научна вистина“ - само е мое мислење):
Скептиците се едни од најзаебаните луѓе во светот. Овие луѓе
не веруваат во ништо и оспоруваат се' на што ќе наидат. Овие луѓе бараат грешки во се' со што ќе се соочат поради нивната вродена страст да го порекнат она што другите го осмислиле, створиле и развиле. За скептикот ништо не е доволно добро, ништо не е извесно и ништо не е докажливо. Скептикот никогаш нема да се согласи дека нештото е онакво какво што изгледа.
Зашто се скептиците најзаебани?
На скептик ништо не можеш да му докажеш. Кога ќе стигнеш блиску до целта, скептикот ќе ја промени темата или барем перспективата од која дискутира, за да следната нишка која ќе ја фати му отвори уште едно големо пространство за негирање, оспорување и шпекулации.
Со скептик не се дискутира, затоа што никогаш нема да признае дека нештото е нешто. Секогаш ќе те намести со. „Нели е можно ова да не е така?“
Можеби грешам, Лурц, но мојот впечаток после вторава моја сериозна дијада со тебе е тој. Со тебе човек не може да дојде до крај на некој муабет. Мислам дека јас и ти апсолвиравме некои работи (будизмот, еволуцијата, дедо мраз, 5000-те богови и името на твојот Бог), а тие истите, затворени теми, ти повторно ги отвораш како нејасни и повторно си „збунет и незнаеш дали си сигурен дека е тоа така.
Мислам дека не ти е фер пристапот. Биди си ти скептичен, ама барем на луѓето со кои дискутираш кажи им дека тебе никој во ништо не те убедил до сега, за да си знаат со кого си имаат работа. За да бидеш фер, ме разбираш?
Инаку, земјата не е 6000 ниту 8000 години стара. Целиот жив свет на земјата совршено се вклопува во филогенетското стебло кое
никогаш не се менува. Сите геноми се совршено синхронизирани со дрвото на животот (и нема никакви поместувања и дотерувања на истиве) и сите наоди за староста на земјата ја потврдуваат староста од МИЛИЈАРДИ ГОДИНИ. Хабл секојдневно ни сервира ВОЛШЕБНИ СЛИКИ од
бесконечниот универзум во кој нашата занемарливо мала планета лебди. На светов постојат
5000 активни богови кои се, сите до еден, измислени од луѓето кои имале потреба за утеха и врвен авторитет. Јахве не е никако поразличен, ниту претерано посебен од останатите 4.999. Христијанството е најподелената религија во светот, а воедно и првата наменски институционализирана компилација од религии во светот.
Јахве не постои (како што не посоти Зевз, Тор и Брама), а универзумот е несфатливо огромен.
Луѓето, Лурц, се еден микро-прдеж во 4,5 МИЛИЈАРДИ години старата планета Земја.
..а некои луѓе се доволно препотентни за да мислат дека целиот универзум е креиран за да они можат газот да си го бришат со тоалет хартија и да колат јагниња за велигден.