Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
За мене свеста и постоењето се едно исто.

--- надополнето ---

Тоа што и се подразбира под набљудување! :toe: Има ли некое друго значење овој збор?

--- надополнето ---

Машината е само помагало - алатка во набљудувањето, може да набљудува само свесен субјект нели?
Наместо да гледаш клипови од недоквакани документраци, најди ги протоколите на експериментите за да ги разбереш. Набљудувачот во дабл слит е машината и само машината. Човекот неможе да ги регистрира дешавките во микросветот и затоа не може да биде набљудувач. Кога честичката поминува низ отворот во дабл слит, колапсот на брановата функција зависи само од тоа дали машината која "ја набљудува" честичката е вклучена. Експериментаторот (човекот) може да ја набљудува машината, но од него ништо не зависи. Ако ја вклучи машината и отиде на пиво, брановата функција ќе колабира независно од тоа што нема човек да ја набљудува, зошто машината е набљудувачот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Апсолутно погрешно! Не е точно дека зависи само од тое дали е вклучена или не машината! Таа е само алатка која помага во набљудувањето, таа неможе да набљудува затоа што не е субјект!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дајте бе нешто за атеизам...

еј, или ај да им се шуњаме по другиве теми и да ги намамуваме навака со слатки ветувања за волшебна дембелска иднина :zlo:
 
F

Frankie Yale

Гостин
Апсолутно погрешно! Не е точно дека зависи само од тое дали е вклучена или не машината! Таа е само алатка која помага во набљудувањето, таа неможе да набљудува затоа што не е субјект!
AMA MAШИНАТА ГО ВРШИ НАБЉУДУВАЊЕТО НЕ ЧОВЕКОТ! ТОЈ ГИ АНАЛИЗИРА ПОДАТОЦИТЕ!!!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.438
Поени од реакции
5.129
За мене свеста и постоењето се едно исто.
Има несвесни луѓе, но тие постојат.
Но не беше тоа прашањето, прашањето беше, дали тој каменот би постоел ако не постои свеста?

Машината е само помагало - алатка во набљудувањето, може да набљудува само свесен субјект нели?
Исто како и машината со која се врши експериментот.

Што ако машината само запишува податоци, а човекот подоцна ги прегледува?
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Апсолутно погрешно! Не е точно дека зависи само од тое дали е вклучена или не машината! Таа е само алатка која помага во набљудувањето, таа неможе да набљудува затоа што не е субјект!
во дабл слит нема такво нешто како "набљудување". колапсот на функцијата зависи "мерењето" каде честичката поминала и зависи само од постоењето на сензор кој го врши мерењето, каков било сензор (само не може да биде човек). присуството или отсиството на човекот е ирелевантно

In physics, the term observer effect refers to changes that the act of observation will make on the phenomenon being observed. This is often the result of instruments that, by necessity, alter the state of what they measure in some manner

http://en.wikipedia.org/wiki/Observer_effect_(physics)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Има несвесни луѓе, но тие постојат.
Но не беше тоа прашањето, прашањето беше, дали тој каменот би постоел ако не постои свеста?

Исто како и машината со која се врши експериментот.

Што ако машината само запишува податоци, а човекот подоцна ги прегледува?
Сите овие комбинации се испитани, тестирани....е секогаш резултатот е тој - Ако за време на експериментот се мери (набљудува), се добиваат честички, ако не се мери (набљудува) експериметот, исходот е интерференција! Секогаш!!
Испаѓа дека некој форумџии овде повеќе знаат и од Планк и од Бор!! Стварно незнам зошто не ги изнесат нивните "научни аргументи", којзнае, можеби ќе добијат нобелова награда!
Самиот Макс Планк изјавил "Умот" (свеста) е матрикс на материјата! Значи луд бил нели?!

“All matter originates and exists only by virtue of a force... We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind. This Mind is the matrix of all matter.”
:toe:

--- надополнето ---

во дабл слит нема такво нешто како "набљудување". колапсот на функцијата зависи "мерењето" каде честичката поминала и зависи само од постоењето на сензор кој го врши мерењето, каков било сензор (само не може да биде човек). присуството или отсиството на човекот е ирелевантно
Прво! Мерењето е набљудување! Како ќе мериш ако не набљудуваш?
Второ! Терање инат, не докажува ништо! Истражи малку, па ќе се увериш дали е или не ирелевантно човечкото присуство!

--- надополнето ---

AMA MAШИНАТА ГО ВРШИ НАБЉУДУВАЊЕТО НЕ ЧОВЕКОТ! ТОЈ ГИ АНАЛИЗИРА ПОДАТОЦИТЕ!!!
Ако не ги анализира во моментот кога експериметот тече, исходот ќе биде интерференција! Ако ги анализира додека експероментот тече, нема интерференција!! Погледај си го видеово кој самиот го постираше и слушај внимателно!!
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Прво! Мерењето е набљудување! Како ќе мериш ако не набљудуваш?
Второ! Терање инат, не докажува ништо! Истражи малку, па ќе се увериш дали е или не ирелевантно човечкото присуство!
мерењето не е набљудување. во квантната механика да измериш нешто значи постоење на информација за состојбата на некоја честичка или систем. информацијата се содржи во самиот мерен инструмент, не во човекот. постоењето на информацијата за состојбата на честичката што поминува дабл слит е она што предизвикува колапс на бранот.

In physics, the term observer effect refers to changes that the act of observation will make on the phenomenon being observed. This is often the result of instruments that, by necessity, alter the state of what they measure in some manner

http://en.wikipedia.org/wiki/Observe..._%28physics%29
 
F

Frankie Yale

Гостин
Сите овие комбинации се испитани, тестирани....е секогаш резултатот е тој - Ако за време на експериментот се мери (набљудува), се добиваат честички, ако не се мери (набљудува) експериметот, исходот е интерференција! Секогаш!!
Испаѓа дека некој форумџии овде повеќе знаат и од Планк и од Бор!! Стварно незнам зошто не ги изнесат нивните "научни аргументи", којзнае, можеби ќе добијат нобелова награда!
Самиот Макс Планк изјавил "Умот" (свеста) е матрикс на материјата! Значи луд бил нели?!

“All matter originates and exists only by virtue of a force... We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind. This Mind is the matrix of all matter.”
:toe:
Макс Планк не бил бог, Макс Планк не знаел се, Макс Планк живеел пред сто години т.е неговите гледишта се застарени. И Ајнштајн, кој се смета за можеби најбрилијантниот научник правел многу грешки и многу негови тврдења се негирани. И не само кај него туку кај секој научник! Сфати го тоа, не го цитирај Макс Планк како сила што ја знае апсолутната вистина (ако има таква). Maкс Планк бил човек...
 
Пази се, се сведуваш на една реченица... брзо ќе капитулираш. :):):)
Во ред е тоа што го кажуваш, но тоа пријателе не значи дека човековиот фактор (свеста) е причина за промената. Мора да разгледаш и да видиш дека машината што набљудува е промената, а не свеста на човекот.
И во едниот, а и во другиот случај човекот треба да ги провери резултатите од експериментот без разлика дали постои машина-набљудувач. Ја гледаш разликата?

ПС, Да бараме цитати од други научници што мислат, а не само Планк? :):):)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
мерењето не е набљудување. во квантната механика да измериш нешто значи постоење на информација за состојбата на некоја честичка или систем. информацијата се содржи во самиот мерен инструмент, не во човекот. постоењето на информацијата за состојбата на честичката што поминува дабл слит е она што предизвикува колапс на бранот.
Значи ти го негираш Макс Планк и Нилс Бор?! Основачите на оваа област која ја негираш! Незнам што чекаш, оди барај нобелова награда!
Фактите, зборуваат дека исходот независи од никаков инструмент, немора мене да ми веруваш, провери валидни научни извори!
In physics, the term observer effect refers to changes that the act of observation will make on the phenomenon being observed. This is often the result of instruments that, by necessity, alter the state of what they measure in some manner

http://en.wikipedia.org/wiki/Observe..._%28physics%29
Класичната физика и квантната физика се тотално различни, а овој цитат кој си го постирал е за класичната физика!!
Еве што пишува на истава страна која си ја постирал, ама подолу во делот за Quantum mechanics:
A recent experiment in the realm of quantum physics has been quoted as meaning that we have to "say goodbye" to realism, although the author of the paper states only that "we would [..] have to give up certain intuitive features of realism"

--- надополнето ---

И во едниот, а и во другиот случај човекот треба да ги провери резултатите од експериментот без разлика дали постои машина-набљудувач. Ја гледаш разликата?
Да! Човекот и во едниот и во другиот случај треба да ги провери резултатите, но во едниот случај (кога не го следел експериментот) имаме интерференција, додека во другиот случај (Кога го следел) Немаме.

--- надополнето ---

Макс Планк не бил бог, Макс Планк не знаел се, Макс Планк живеел пред сто години т.е неговите гледишта се застарени. И Ајнштајн, кој се смета за можеби најбрилијантниот научник правел многу грешки и многу негови тврдења се негирани. И не само кај него туку кај секој научник! Сфати го тоа, не го цитирај Макс Планк како сила што ја знае апсолутната вистина (ако има таква). Maкс Планк бил човек...
Ако неговите гледишта се застарени, зошто сеуште важат за точни? Јас не сум слушнал дека се побиени!
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
ја ги разбирам планк и бор, и пробувам и тебе да ти ги објаснам, и тоа без многу извичници.

цитатот се однесува секаде каде има ефект на набљудување, а тоа е скоро исклучиво во квантната механика. да отидеше неколку реда подолу од твојот цитат еве што ќе прочиташе

we have to "say goodbye" to realism, although the author of the paper states only that "we would [..] have to give up certain intuitive features of realism".[2][3] These experiments demonstrate a puzzling relationship between the act of measurement and the system being measured, although it is clear from experiment that an "observer" consisting of a single electron is sufficient—the observer need not be a conscious observer
 
Набљудувачот по дифолт мора да биде свесен! Како ќе набљудува нешто кое не е свесно? Ти реков, истражи самиот, побарај па после ќе разговараме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom