Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
F

Frankie Yale

Гостин
Материјата не постои секогаш во конкретна состојба....т.е на точно определено место и време! На тоа мислев кога реков во "конкретна состојба"
A што е тоа конкретна состојба? Сфати ме се обидувам да го одгатнам твоето убедување, уште ми е матно...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Па ти кажав, кога материјата е на одредено место, може да се види, набљудува, измери......токаш е во конкретна состојба.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
:D Ај мрш на Наука! Ни ги плашите гостите!
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Јас не ја негирам науката, и се согласувам дека таа е од непроценливо значење....Сето ова што си го напишал и јас го тврдам!
Е овде си грешка! Не е точно дека однесувањето е секогаш исто! Кога нема набљудувач материјата се однесува како бран, а кога има е честичка! Самиот чин на набљудување го менува исходот и тој феномен е познат како колапс на брановата природа!
Дека свеста е матрикс на реалноста и на метеријата, не го негирале ни самите основоположници на квантната физика како Макс Планк и Нилс Бор! Еве ти уште еднаш нивни цитати:

“All matter originates and exists only by virtue of a force... We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind. This Mind is the matrix of all matter.”
Max Planck.

“Science cannot solve the ultimate mystery of nature. And that is because, in the last analysis, we ourselves are a part of the mystery that we are trying to solve.”

Max Planck

Everything we call real is made of things that cannot be regarded as real.
Niels Bohr

When it comes to atoms, language can be used only as in poetry. The poet, too, is not nearly so concerned with describing facts as with creating images.
Niels Bohr

--- надополнето ---

Ако се согласуваш со ова што го кажав, тогаш се согласуваш и дека ништо не е создадено, туку одсекогаш постоело, само во поинаква форма. :helou:
Човекот е создаден,хахаха
 
F

Frankie Yale

Гостин
Па ти кажав, кога материјата е на одредено место, може да се види, набљудува, измери......токаш е во конкретна состојба.
A кога не е на одредено место или неможе да се набљудува т.е кога не е во конкретна состојба?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Затоа ти го посочив примерот со дрвјата и шумата!:) Се додека "гледаш" од една иста перспектива, нема да ја видиш целата слика!
Случајот со double slit експериментот
Примерот не беше добар зошто двете дрвја гледаат иста работа различно, што значи дека еден од нив или можеби двајцата грешат. Но тоа што го гледаат останува тоа што е што се коси со претпоставката дека "се е субјективно". Проблемот во твојата теза е што прифаќам се што може да биде докажано и преку теорија и експеримент, а таа не е баш докажана. Ете почнав да читам за double slit experiment и дознав дека според нови експерименти успева и на молекуларно ниво или дека си во право, а според мојот 100-годишен наставник по физика неможело поради причини кои ги набројав претходно. Човек учи додека е жив за тоа зборев претходно, битно е да се има критички настроен и отворен ум кој верниците го немаат. Што се однесува за молекуларно ниво, најголем елемент на кој тој експеримент успеал е бакминстерфулерин кој е составен од 60 атоми што ме тера да останам на старото мислење дека овој експеримент не успева на поголема скала како на пример пробај тениско топче да искористиш во тој експеримент. Нема да се претвори во бран. Понатака, како што кажав претходно со самото тоа што одредени молекули имаат двојна природа не значи дека тие имаат свест зошто секогаш се однесуваат исто т.е на еден начин кога нема набљудувач, а друг начин кога има набљудувач што се коси со свесност на материјата. Исто така и бран и честичка се сметаат за "конкретни состојби".

Понатака неможам да ја прифатам твојата теза од причина што иде накај апстрактност. Настанокот и еволуцијата на универзумот е доста добро позната... Без разлика дали Биг Бенг бил уникатен настан или се случил неколку пати преку мерења на големината и експанзијата тој е утврден настан. За нашиот сончев систем верувам дека знаеш како е настанат или барем која е основната теорија за настанок па затоа ќе скокнам до животот на земјата. Докажано е до некоја мера дека органска материја настанала од неорганска, на пример прости органски матери како аминокиселини се создадени од неоргански. Од органска материја, живот, најпрости форми па преку еволуција и природна селекција, природни катастрофи па повторно еволуција стигнуваме до човекот кој е развива совест. Дали совеста е производ на самата материјата? Нормално дека не, совеста е производ на колективно делување на мозокот, нервите, сетила и интеракциите кои се случуваат во нашиот мозок. Плус, нашата земја е стара "само 4,5 милијарди години" додека универзумот е 13,7 па разбери зошто ми е тешко да поверувам "дека ние сме дел од некоја апсолутна свесност а не само обична случајност" без цврсти докази.
 
Јас небарам од тебе да прифатиш ништо! Твое право е како ја перцепираш реалноста!:toe: Но очигледно не ме разбираш и носиш заклучоци кој немаат врска со тоа што јас го кажувам како ова на пример:
Понатака, како што кажав претходно со самото тоа што одредени молекули имаат двојна природа не значи дека тие имаат свест...
Јас никаде нереков дека молекулите, електроните и сл. имале свест!
Негледам ни каква врска има настанокот на универзумот, староста на сончевиот систем, настанокот на животот од неорганска материја и слично со било што, што кажав досега!
Очигледно дека твоето согледување на поимот свест и моето се различни, затоа што под тој поим ја поврзуваш единствено свесноста со која го пецепираш секојдневието од човечка перспектива, а тоа е само едно ниво, една перспектива!
Исто така свеста ја сметаш за производ на мозокот, но има организми кој немаат мозок, а се живи што автоматски подразбира дека се свесни! Тогаш како тие ја "создаваат" свеста?
Но како што кажав и неколку поста предходно, немам намера да терам инат, затоа верувај во што сакаш!
Поздрав.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.438
Поени од реакции
5.129
Универзумот е објективна (материјална) манифестација на субјективноста (свеста). Без свеста постои само потенцијалот (хаосот), таа е матриксот на кој се темели реалноста каква што ја знаеме. Тоа не е само мое видување, туку и на научници како Макс Планк и Нилс Бор, веќе ти посочив нивни цитати.
Сакаш да кажеш дека каменот (пример, што го спомнавте) не би постоел ако не би постоела свест?
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Ipsissimus, што ти точно подразбираш под набљудување и набљудувач во експериментите погоре?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.438
Поени од реакции
5.129
Кај double-slit експериментот, кој е набљудувачот, човекот или машината?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Јас небарам од тебе да прифатиш ништо! Твое право е како ја перцепираш реалноста!:toe: Но очигледно не ме разбираш и носиш заклучоци кој немаат врска со тоа што јас го кажувам како ова на пример:

Јас никаде нереков дека молекулите, електроните и сл. имале свест!
Негледам ни каква врска има настанокот на универзумот, староста на сончевиот систем, настанокот на животот од неорганска материја и слично со било што, што кажав досега!
Очигледно дека твоето согледување на поимот свест и моето се различни, затоа што под тој поим ја поврзуваш единствено свесноста со која го пецепираш секојдневието од човечка перспектива, а тоа е само едно ниво, една перспектива!
Исто така свеста ја сметаш за производ на мозокот, но има организми кој немаат мозок, а се живи што автоматски подразбира дека се свесни! Тогаш како тие ја "создаваат" свеста?
Но како што кажав и неколку поста предходно, немам намера да терам инат, затоа верувај во што сакаш!
Поздрав.
Доста беше пасивност од моја страна, поентата ми беше дека имаш убедувања кои се апстрактни и во голема мера недокажани а мене ми викаш "немам намера да терам инат, затоа верувај во што сакаш!" Зарем по толку дискусии на ова се сведе? Јас верувам!!!!!!! A знам дека не ти е целта да ме убедиш да прифатам но се обидуваш да докажеш дека не сум во право а притоа користиш "докази" од кои голем дел се базирани на околности и претпоставки. Па размисли кој е тој што всушност верува! Го искористив настанокот на универзумот, нашиот сончев систем па и нашата планета да ти докажам дека ние сме производ на универзумот преку случајност а не дека универзумот е до некаде наш производ како што ти тврдиш само со други зборови - "Универзумот е објективна (материјална) манифестација на субјективноста (свеста). Без свеста постои само потенцијалот (хаосот), таа е матриксот на кој се темели реалноста каква што ја знаеме." Дефиниција за свесност: Будна когнитивна состојба во која сте свесни за себе си и вашата ситуација... Се е што е живо не е свесно, пример човек во постојана вегетативна состојба (откажан мозок) е несвесен но е жив, зошто уште еднаш живот не е еднакво на свест, се што е живо не е свесно! Морам ли по стопати да повторувам исти работи! И ајде де јас терам инат и верувам слепо! Преиспитај се ама јбг кога човек не сфаќа не сфаќа!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сакаш да кажеш дека каменот (пример, што го спомнавте) не би постоел ако не би постоела свест?
За мене свеста и постоењето се едно исто.

--- надополнето ---

Ipsissimus, што ти точно подразбираш под набљудување и набљудувач во експериментите погоре?
Тоа што и се подразбира под набљудување! :toe: Има ли некое друго значење овој збор?

--- надополнето ---

Кај double-slit експериментот, кој е набљудувачот, човекот или машината?
Машината е само помагало - алатка во набљудувањето, може да набљудува само свесен субјект нели?

--- надополнето ---

Доста беше пасивност од моја страна, поентата ми беше дека имаш убедувања кои се апстрактни и во голема мера недокажани а мене ми викаш "немам намера да терам инат, затоа верувај во што сакаш!" Зарем по толку дискусии на ова се сведе? Јас верувам!!!!!!! A знам дека не ти е целта да ме убедиш да прифатам но се обидуваш да докажеш дека не сум во право а притоа користиш "докази" од кои голем дел се базирани на околности и претпоставки. Па размисли кој е тој што всушност верува! Го искористив настанокот на универзумот, нашиот сончев систем па и нашата планета да ти докажам дека ние сме производ на универзумот преку случајност а не дека универзумот е до некаде наш производ како што ти тврдиш само со други зборови - "Универзумот е објективна (материјална) манифестација на субјективноста (свеста). Без свеста постои само потенцијалот (хаосот), таа е матриксот на кој се темели реалноста каква што ја знаеме." Дефиниција за свесност: Будна когнитивна состојба во која сте свесни за себе си и вашата ситуација... Се е што е живо не е свесно, пример човек во постојана вегетативна состојба (откажан мозок) е несвесен но е жив, зошто уште еднаш живот не е еднакво на свест, се што е живо не е свесно! Морам ли по стопати да повторувам исти работи! И ајде де јас терам инат и верувам слепо! Преиспитај се ама јбг кога човек не сфаќа не сфаќа!
Така е јас не сваќам ти сваќаш! терај!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom