Marija001.
во последниве години, американската власт го забранува користењето на верските изрази, особено „Божик„ и „Великден„ па така на пример, кога е „Кристмас„ во прашање, а кој е временски близок со световната Нова година, америте се‘ почесто ја користат фразата „среќни празници„; каде топтан се слават и Божик и Нова година, натрпани и ставени на исто ниво‘ на славење. Штосот е едноставен: луѓето да го заборават денот на раѓањето Господово, преку редовно користење на наведената фраза, која е наметната и медумски и преку нивниот образовен систем.
За да биде шитот поголем, фразата „среќни празници„ ја среќаваме се‘ почесто и на нашите телевизии, кога доаѓаат Божик со Нова година или Великден со 1-ви мај, а шитот е уште поголем оти моите колеги и колешки на работа, веќе ја користат таа фраза реално, мешајќи духовни и световни нешта, а заборавајќи на Бога.