Ако постои такво нешто, тогаш ќе постои и начин тоа да се докаже.Има една интересна теорија, дека свеста продолжува да постои во quantum entanglement, ама сепак е само теорија. А тие рајови, пеколи незнам какви места, тоа е све исмислена глупост, овде мора да се согласиш со мене.
Тоа е поентата не викам дека ќе се докаже но не и дека нема. Не е само quantum entanglement има многу повеќе тероии.Тоа со пеколот рајот итн. јас го сфаќам само како метафора што луѓето во буквална смисла си ги прифатиле.Чекај сеа момак, ова ти е контрадикторно со претходниот пост. Нели немаше натприродно, иако немаме објаснување за истото? Ако речам дека нешто не верувам не значи дека тоа и не постои. Атеистите не значи дека отфрлаат како неможно. Атеизмот се однесува само на богови (оние 5000 и кусур), не и на други појави.
Нема ништо натприродно, ''животот по смртта'' реков дека не мора да е натприроден феномен како што го поимаат атеистите туку само еден обичен циклус на природата што ние од денешен агол не можеме да го разбереме исто како примерот со племето и авионите.
Да атеизмот се однесува на тие илјадници богови ама некако е претесно тоа разбирање бидејќи дел од тие богови имаат допирна точка и со тезите што ја потврдуваат тенкоста на границата помеѓу тоа што ние го дефинираме и сфаќаме како нат/природно. Се согласувам дека ова води кон филозофски расправи ама на крај краева се меѓусебе е поврзано.