Право на годишен одмор

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.733
Поени од реакции
163.232
Нормално за ИТ секторот дека не им е проблем да си го скратат одморот па дури и воопшто да не го искористат.

Работата не им е тешка по цел ден се на стол, нити се потат, нити се изложени на промаи, хемикалии не вдишуваат, нити креваат нешто потешко од пенкало, виљушка, лајца...
Види сега, на ваков беден и глуп пост треба да ти се врати дека работа со искористување на интелектуален капацитет > > аргатење со вклучување нула мозок и дека со право не ви даваат повеќе од недела дена одмор.

Штом викаш дека работата не е тешка и се седело на стол, бујрум, заврши ФЕИТ, уствари доста ти е некој курс за бази на податоци, најди си работиче, што месиш леб на 40 степени? :toe:
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.655
Поени од реакции
1.036

Види сега ако некоја работа не бара факултет па тоа не значи дека секој може да ја работи. И никоја работа што не бара факултет не е за потценување. Пример има доста луѓе со основно/средно работат со градежна механизација (багеристи), некои имаат положено да возат и камион/автобус/шлепер, а пример има некои и со факултет тоа не можат да го постигнат. Има електричари со средно што си работат приватно заработуваат повеќе од некои со факултет, а пример некои со факултет не можат да се уходаат во таа работа...

И јас би бил мотивиран доброволно да не го користам годишниот одмор па дури и самиот газда да ми го дава. Каква сакат нека е тешка работата тоа ќе го профатам. Ама да ме плаќа по едно 700-800 евра и да ми даде бонус од 13-та плата.
 
Овој пост ти има смисла и е каде каде попаметен од тој претходно што го пиша. Никој не е ретардиран да осуди некој според неговата професија или занимање, поготово па ако тоа го изведува чесно.

Чисто информативно, стресот за да стигнеш дедлајн на проект во IT не се споредува со дишење на ниедна хемикалија и понекогаш не се плаќа со ниедни пари а како второ, премногу грешиш ако мислиш дека сите почнале од стол и со по 700-800 евра. Еве за мене ќе ти кажам, почнав од 250 евра, монтирање кабли и сервисирање на медицинска опрема со опасност од ХИВ вирусот и хепатитис Ц а ни моите колеги не се ништо подобри во почетоците, ама позади тие суми што ги земаме сега седат куп непроспани ноќи, прочитани книги, потечени очи, испиени аспирини и аналгини наместо појадок и мрзнење на -30. Ова ти го напоменувам за друг пат да немаш предрасуди спрема одредени професии и ако нешто е навистина толку платено, тогаш можеби и има зошто.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
21.851
Поени од реакции
32.485
Секоја работа си има тежина и така е кога се гледа од страна. И мене ми изгледа нешто лесно, ама ако земам да го работам е друго.
Не е исто замарањето на мозокот. На некој цел ден му е на пасење и тоа што го работи не го ни мисли.

Иначе некој додека се седне на тој стол и да се дојде до таа посакувана плата има многу леб да изеде.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
119
Поени од реакции
108
Работа на компјутер знае да биде исклучително напорна, иако не сум IT. Моето прво вработување беше во проектантско биро, цел ден бев фиксиран за компј. AUTO CAD, Excel ...Некој ќе помисли супер работа, но не и за мене.... Постојано бев под стрес, бркање рокови, прекувремената работа ми стана како редовна и она кога знаеш дека касниш и си носиш и дома од работата за да постигнеш.
Имав ненормални болки во очите, развив синдром на суво око, не знам какви болести од оваа состојба можеше да произлезат, се сеќавам дека користев вештачки солзи и пиев апчиња против болки.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.655
Поени од реакции
1.036
Ова ти го напоменувам за друг пат да немаш предрасуди спрема одредени професии и ако нешто е навистина толку платено, тогаш можеби и има зошто.
Немам никакви предрасуди спрема ниедна професија, ама имам предрасуди кон некој што зема висока плата и доста денови од годишен одмор којшто воопшто не ги заслужил...

Јас немам никакви предрасуди некој да земе од мене и повисока плата и повеќе денови да искористи годишен одмор ако повеќе од мене работел и работел совесно, ама имам предрасуди пример некои што се вработиле по роднинска/пријателска линија од газдата/директорот/шефот што имаат работно време од 5 часа, а јас 8... Работното време го поминуваат во жулење со показалецот на ајфонот, муабетење на телефон, пуштање музика, рацете клаени в џеб, свиркање, муабетење, една кутија тутун, 3-4 кафиња и по малце пиење на алкохол...

А доста луѓе којшто ептен работат секој од нив треба да дупи/мати да извади норма за тројца такви легачи/паразити...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.733
Поени од реакции
163.232
Немам никакви предрасуди спрема ниедна професија, ама имам предрасуди кон некој што зема висока плата и доста денови од годишен одмор којшто воопшто не ги заслужил...

Јас немам никакви предрасуди некој да земе од мене и повисока плата и повеќе денови да искористи годишен одмор ако повеќе од мене работел и работел совесно, ама имам предрасуди пример некои што се вработиле по роднинска/пријателска линија од газдата/директорот/шефот што имаат работно време од 5 часа, а јас 8... Работното време го поминуваат во жулење со показалецот на ајфонот, муабетење на телефон, пуштање музика, рацете клаени в џеб, свиркање, муабетење, една кутија тутун, 3-4 кафиња и по малце пиење на алкохол...

А доста луѓе којшто ептен работат секој од нив треба да дупи/мати да извади норма за тројца такви легачи/паразити...
Такви паразити имаш во секоја сфера и ни под точка разно не смееш да ги мешаш со IT секторот и да кажуваш дека ако некој седи во канцеларија, по автоматизам се лади и ништо тешко не прави.

И јас можам да ти набројам мајстори и занаетчии што забушаваат и што ќе постигнеме така?

Ете ти и погоре членови што ти кажуваат дека зад таа плата што ја пишуваш се кријат доста црни работи кои што треба да ги преживееш и јас ти ги набројав а се само фрагмент од една целина.

А кој мисли дека е лесно, бујрум, барем денес има курсеви од по година дена и може да се земе школо, во спротивно, уште еден во низата "грозјето е кисело".

Работа на компјутер знае да биде исклучително напорна, иако не сум IT. Моето прво вработување беше во проектантско биро, цел ден бев фиксиран за компј. AUTO CAD, Excel ...Некој ќе помисли супер работа, но не и за мене.... Постојано бев под стрес, бркање рокови, прекувремената работа ми стана како редовна и она кога знаеш дека касниш и си носиш и дома од работата за да постигнеш.
Имав ненормални болки во очите, развив синдром на суво око, не знам какви болести од оваа состојба можеше да произлезат, се сеќавам дека користев вештачки солзи и пиев апчиња против болки.
Охоо, тахикардија имав три месеци, земав исти апови со баба ми покојна на 80 години само за да стигнам навреме со проектирањето на еден наш трговски центар ама ете не се важи зошто во канцеларија сме седеле.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
229
Поени од реакции
76
А во комунизмо ,оп белата кошулка ,пали количето терај шибај :) ни стрес ни dedline ,за некоја таму прокапиталистичка компанија .
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
21.851
Поени од реакции
32.485
Немам никакви предрасуди спрема ниедна професија, ама имам предрасуди кон некој што зема висока плата и доста денови од годишен одмор којшто воопшто не ги заслужил...

Јас немам никакви предрасуди некој да земе од мене и повисока плата и повеќе денови да искористи годишен одмор ако повеќе од мене работел и работел совесно, ама имам предрасуди пример некои што се вработиле по роднинска/пријателска линија од газдата/директорот/шефот што имаат работно време од 5 часа, а јас 8... Работното време го поминуваат во жулење со показалецот на ајфонот, муабетење на телефон, пуштање музика, рацете клаени в џеб, свиркање, муабетење, една кутија тутун, 3-4 кафиња и по малце пиење на алкохол...

А доста луѓе којшто ептен работат секој од нив треба да дупи/мати да извади норма за тројца такви легачи/паразити...
Како немаш ете прво пиша за оние ИТ, дека цел само седат на столот.

Тие што ги имаш наброено сигурно не се сите од ИТ, ги има во секоја фирма има такви вработени преку роднини и се исти паразити како што од државно. Тие се заштитени мечки и не знам што ги гледате нив.
На тие не и е заслужен одморот, ама ете законски ги следува па и да спиеле цела година. Затоа сите и се тепаат за такво место и сакаат да имаат вујко владика.

Јас вакви коментари порано добивав од некои на кои мозокот секогаш им беше на пасење, не се ни трудеа малку да го употребат и мислат дека само тие заслужуваат одмор.
Заслужуваат, ама истите да ги ставам на мое место нема до толку да си го замараат мозокот. Они не можеле толку да запаметат и да си ја организираат работата. Аааа па нели лесно е. :)

И на крај секој на различен начин се заморува. Може мене не ме болат ни раце, ни нозе, ама затоа грбот и оној италијанскиот прашок за главоболка почесто си го употребувам и кога спијам низ главата само оние букви и бројки ми се појавуваат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.080
Поени од реакции
7.869
Она што го практикуваат кај буџетарите со одморите, платени, неплатени и слично, не е негативност туку треба да е правило и во приватниот сектор, законски. Ние што сме учени на камшикот тоа е друго. Има исклучоци фирми го практикуваат, меѓутоа другите се тапа што е нормално со оглед на тоа кој се отвора фирма и што овој проблем е невозможно (барем кај нас, со вакви казни, судски систем, синдикати и непотизмот) да се открие и санкционира (за разлика од платите и работењето на црно). Затоа скоро секој месец бараат работници. Не дека се толку нови работни места. Затоа и економијата ни се препелка, оти ногу јаки работодавците. Некои фирми ако не ги малтретираат работниците, немаше да направат добивка.

А тоа седењето кај многу струки е неизбежно ама глејте од посветлата страна... со малку труд добри мишелинки може да се набилдаат :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
На врв Bottom