Немам никакви предрасуди спрема ниедна професија, ама имам предрасуди кон некој што зема висока плата и доста денови од годишен одмор којшто воопшто не ги заслужил...
Јас немам никакви предрасуди некој да земе од мене и повисока плата и повеќе денови да искористи годишен одмор ако повеќе од мене работел и работел совесно, ама имам предрасуди пример некои што се вработиле по роднинска/пријателска линија од газдата/директорот/шефот што имаат работно време од 5 часа, а јас 8... Работното време го поминуваат во жулење со показалецот на ајфонот, муабетење на телефон, пуштање музика, рацете клаени в џеб, свиркање, муабетење, една кутија тутун, 3-4 кафиња и по малце пиење на алкохол...
А доста луѓе којшто ептен работат секој од нив треба да дупи/мати да извади норма за тројца такви легачи/паразити...
Како немаш ете прво пиша за оние ИТ, дека цел само седат на столот.
Тие што ги имаш наброено сигурно не се сите од ИТ, ги има во секоја фирма има такви вработени преку роднини и се исти паразити како што од државно. Тие се заштитени мечки и не знам што ги гледате нив.
На тие не и е заслужен одморот, ама ете законски ги следува па и да спиеле цела година. Затоа сите и се тепаат за такво место и сакаат да имаат вујко владика.
Јас вакви коментари порано добивав од некои на кои мозокот секогаш им беше на пасење, не се ни трудеа малку да го употребат и мислат дека само тие заслужуваат одмор.
Заслужуваат, ама истите да ги ставам на мое место нема до толку да си го замараат мозокот. Они не можеле толку да запаметат и да си ја организираат работата. Аааа па нели лесно е.
И на крај секој на различен начин се заморува. Може мене не ме болат ни раце, ни нозе, ама затоа грбот и оној италијанскиот прашок за главоболка почесто си го употребувам и кога спијам низ главата само оние букви и бројки ми се појавуваат.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk