Правосуден испит

G

Gjoksi

Гостин
http://www.pravda.gov.mk/novost_detail.asp?lang=mak&id=1204
Искрено нека им е со среќа на сите колеги што ќе полагаат по новиот начин на полагање!
Срамота, ниту објавија јавна база на прашања како што беше предвидено во законот, ниту точно се знаеше дали оваа сесија ќе биде по новиот начин на полагање, ништо! Програмата за полагање по електронски пат беше објавена на 20.11.2014 год., а полагањето ќе биде некаде од средина до крајот на декември. И кој јунак ќе успее да ги научи новите прашања по новата програма за период од 1 месец?!
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
Знае некој кога ќе ја објават базата со прашања?
 
Член од
27 септември 2014
Мислења
7
Поени од реакции
1
И сега ... има некој информација како е замислено сето ова ?
Има ли некој инфо како ќе се полагаат објавениве прашања?
Дали на поставеново прашање треба да дадеш одговор (да го напишеш) или одговорите ќе бидат зададени, а ти треба само да го кликнеш оној вистинскиот?
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
И уште едно клучно прашање... Ова се сите можни прашања што би можеле да паднат на тестирањето или само дел? :cautious:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
И сега ... има некој информација како е замислено сето ова ?
Има ли некој инфо како ќе се полагаат објавениве прашања?
Дали на поставеново прашање треба да дадеш одговор (да го напишеш) или одговорите ќе бидат зададени, а ти треба само да го кликнеш оној вистинскиот?[/quo

Еве што вели член 18 од новиот закон за правосуден испит по однос на ова прашање:
Првиот дел од испитот се полага по секој од предметите наведени во членот 6
став (3) од овој закон и содржи најмалку 50 прашања со пет опции за
заокружување од кој едната е точна, две се слични, едната не е точна во мал
обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се
губат поголем број поени).
Така што според мое мислење би требало да е на заокружување.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Начинот на кој се поставени прашањава е идеален за дополнување и така на компјутер ќе се полага. :)
Ама пак ова што го постира mimiki вели дека поинаку е замислата и начинот на одговарање.
Јас дефинитивно одам на априлска сесија.
Спремајте се јако и со лесно нека ви биде полагањето.(y)
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
И уште едно клучно прашање... Ова се сите можни прашања што би можеле да паднат на тестирањето или само дел? :cautious:
а еве што вели член 20 од законот за правосуден за ова прашање:
Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на
правосудниот испит и нивните одговори, како и студиите на случај и прашањата
кои произлегуваат од студиите и нивните одговори се чуваат во единствениот
електронски систем за полагање на правосудниот испит.
(6) Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база
од најмалку 2.000 прашања од областа на предметите од ставот (3) точки 1 до 5
на овој член за потребите на првиот дел од испитот од кои 50% прашања се од
стручната литература од членот 7 ставот (2) од овој закон, како и јавно достапна
база од најмалку 500 студии на случај за потребите на вториот дел од испитот.

е сега и мене ми е малце збунувачки овој дел меѓутоа да се надеваме дека прашањата на тестот ќе бидат од овие 2000 прашања.
а што правиме со 500 студии на случај што уште ги нема!!!
 
Член од
7 февруари 2010
Мислења
37
Поени од реакции
10
Колеги, мене ме интересира во кој универзум прашањето како: "51. Која од наведените изјави е точна?" се смета за дел од јавно објавена база на прашања која е наменета за едукација. Што е прашање во горенаведеново?

Дополнително, прашањата како "Европскиот Суд за човекови права:" не содржат ни прашалник. :)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Со среќа на сите колеги шо ќе го полагате,барем нема да се малтретирате како нас да одите и за писмен дел кој беше epic fail(за џабе беше даден тој писмениот,само за да се оправдаат парите кои ги бараат за пријавување)...:sneaky:
Можеби новиот начин ќе е подобар,иако и усното имаше свои предности,но сепак се зависеше од првиот испит и дали ќе го фатиш условот...
После тоа беше полесно на поправните....
Како и да е,барем нема да имате толкав стрес(полагање 3 испити во еден ден,10 и кусур саати мрцварење итн)... и ќе знаете побргу на што сте...
И нема да имате основа да барате НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА од Министерсвото за правда...:giggle:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
Колеги тие што ќе полагате во Декември само од прашањата ќе учите или како? Незнам како е попаметно да се учи, дали само од прашањата или плус дополнително да си читнам и нешто друго, а немам време за се. Што мислите Вие како е попаметно?
 
G

Gjoksi

Гостин
Колеги тие што ќе полагате во Декември само од прашањата ќе учите или како? Незнам како е попаметно да се учи, дали само од прашањата или плус дополнително да си читнам и нешто друго, а немам време за се. Што мислите Вие како е попаметно?
Најпаметно ќе ти беше да си пријавиш за во февруарска сесија! :D:D
 
Член од
7 февруари 2010
Мислења
37
Поени од реакции
10
Колеги, на некој да не му се наоѓа закон за стечај во консолидирана верзија? :/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom