Кога купуваш за свои пари најдобро е да избегнеш такви ситуации... со таква одредба во договорот може да ти се јават куп компликации.Имам случај каде што инвеститор на зграда има продадено стан на рандом лик(Миле), со усмен договор да ако рандом ликот(Миле) се реши утре да го продаде станот, да му каже на него првин, да процени дали ке сака да си го откупи станот назад.
Рандом ликот сега сака да го продаде станот на мене, но инвеститорот сега инсистира да се вметне клаузула во купородажниот договор меѓу мене и Миле со која ке мора него да прашам ако утре сакам јас да го продадам станот. Станот е на индивидуален имотен лист, и доколку не ја прифатам клаузулата, инвеститорот нема да му дозволи на Миле да ми го продаде станот, иако договорен е усмен меѓу нив двајца.
Трикот е во тоа што инвеститорот е и издавач на паркинг место долу во зградата и не го продава, па ако го одјебам за таа клаузула, ке останам без паркинг место.
Таквата одредба значи право на првенствено купување и истата ке биде запишана и ке ти стои во имотниот лист.
Тоа значи дека кога еден ден ке сакаш да го продадеш станот, ке мораш писмено да го известиш ликот и да го понудиш по истата цена тој да го купи станот. Арно ама во тоа идно време ликот може да смени адреса и да неможеш да го известиш, може да фати џенем во странство и никој да не знае каде е, може да умре а забелешката ке стои во имотниот лист па ке треба преку курац процедура за да ја избришеш,.... а нотарот нема да ти го завери договорот без доказ дека ликот е известен. Може од х причини, даноци, долгови.... ке сакаш ти или купувачот во договорот да не фигурира вистинската цена туку да стои некоја помала цена и ете ти проблем, ке треба на ликот да му го понудиш станот по цената која ке фигурира во договорот а таа ниска... Бегај си од бељата.
Автоматски споено мислење:
Ако бараат луди пари тогаш се оди на суд па судот по проценка од овластен проценител ке одреди цена... нема простор за занесување. Може да им платиш 10% повеке од реалната цена за да се поштедиш од одење по судови. Ако пример во тоа село квадрат градежно земјиште оди по просек цена од 5 евра за м2, ти понуди им 6-7 евра, на 30м2 х 1 или 2 евра плус нема да ти направи некоја битна разлика. Дури и дупла да им понудиш нема да згрешиш, за 150е ке се поштедиш од нервози и одење по судови.Тоа било градено пред 40+ години
Нивната куќа ограда се 10+ години постари од нашата куќа,
тие први си обележале до каде е нивно
Никаков проблем немало 40+ години е сега да ќе бараат пари
Значи објектот е 30м2 ‘‘влезен‘‘ кај нив во двор, а уствари до ограда сме им.
Сега може да бараат колку ќе им текне, или има некој закон просечна цена за, 1м2 во тоа село,па според тоа да им се плати ?
Како оди тоа, ако бараат луди пари, што тогаш......
Последно уредено: