Silvio
Strength And Honor
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 311
- Поени од реакции
- 166
Хипотетички гледано, ако зборуваме веќе за завера против едната странка од страна на вештите лица од двете страни, тоа е тотално незаконито и практично не толку остварливо.Ок, моево прашање повеќе беше од хипотетички аспект, не за конкретниот случај туку општо.
Што ако вештакот намерно вештачи слично на вештакот од противниците?
- Испаѓа дека тој наод е точен (а не е)
- Судијата нема зошто да бара супервештачење, за нив работата не е спорна
- Странката го влече најдебелиот крај,а неможе да преземе ништо во врска со тоа....
Во тој случај странката може да бара изземање на вештакот, еден од нив, од причини кои треба добро да ги образложи.
Како еден услов за користење на вонредниот правен лек Повторување на постапката во ЗПП се наведува и „доколку одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак“.
А бидејки за доказната постапка важи начелото на слободна оценка на доказите, судијата има право да одлучи одреден доказ да го отфрли, односно да не го зема во предвид.
Така што таква ситуација е секако можна, но има механизми за нејзино решавање.
Вештаците сепак законски се обврзани да ја кажуваат вистината, во своето вештачење јасно да определат на кој начин дошле до такво мислење, со кои технички средства се служеле и слично. Постои и Комора на вештаци во која има Дисциплинска Комисија. Вештаците ги обновуваат своите лиценци за работа, така да не би рекол дека лесно би се одлучиле да си ја изложуваат својата кариера, професија и егзистенција на ризик.