Правна помош и совети

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Заедно живеење над една година се смета како вонбрачна заедница...имото стекнат од почетокот на заедницата е заеднички во тој случај според правилата кои важат и за бракот..значи од почетокот а не од кога ќе помине година дена..ако престане заедницата пред да биде година дена.тогаш како ништо да не било...
Ок фала.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
нез дали е овде вистинската тема да прашам, сори вака :)

колку е казната, колку ке треба да се плати за еден бокс во лице?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Да има...доколку живеете повеќе од една година заедно, имотот кој ќе го стекнете е заеднички..исто како кај бракот
ако може да се надоврзам на темава.
после една год имотот е заеднички. но што правиме ако едниот умре после таа 1 год, .. на пр живееш 10год така, вонбрачно. и ОП, еве нека бидам јас во случајот умирам. немам деца, имам само две сестри..................... што се случува понатаму со имотот кој заедно сме го стекнале? стан, кола, ........ а гласи на мене. дали вонбрачниот партнер ќе добие се' автоматски или треба тужби и сл работи со судовите?
 
Член од
6 јуни 2006
Мислења
280
Поени од реакции
5
На мој близок му стигна Решение од УЈП за присилна наплата од парични средства, со барање за забрана 1/3 од плата.
Наведено е дека се работи за парична казна/глоба согласно Решение/Пресуда од 18.02.2009 година на Царинска управа/Одделение за прекршоци-Комисија за одлучување по прекршок.
Решението на УЈП е со датум од 23.04.2014 година, а доле е напишано дека станало извршно на 05.05.2014 година.
Прашањето ми е, дали Царинската управа после изминувањето на 5 години од пресудата може да бара наплата на овој долг, односно како се движат роковите за застареност за ваков вид прекршоци????

Читам во Царински закон дека согласно Член 246 став 1 - Правото за наплата на износот на давачки застарува во рок од пет години од денот кога настанал царинскиот долг.
Можеби погрешно читам, ама ве молам кој е запознаен со ова, што побрзо да ми одговори, итно е!!! Ви благодарам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Zdravo , sakam da prasam nekoj sto znae dali moze darodavacot da go obvrze daroprimacot vo Dogovorot za dar da ne ja prodade ili izdade pod zakup nedviznosta sto mu ja poklonuva? ITNOOOOOOOOOO
jas mislam ova e delikatna rabota.. mislam deka imaše nekoja klauzula deka vo daroven dogovor ne smee da ima ograničuvanja... prašanje e ako darodavačot ja ograničil prodažbana na nedvižninata dali voopšto može daroprimačot da ja ukniži vo Katastar... ako ja ukniži će ja prodade i muva ne go laze, kupuvačot će si ima problem, imaše sličen slučaj, sporna nedvižnina među bračni partneri, edniot tužel i stavil hipoteka, no drugiot uspeal da ja ja prodade nedvižninata (verojatno ja trgnal nekako ? hipotekata) ... po završuvenje na sporot drugiot bračen partner si dobil pola nedvižnina, kupuvačite krenaa galama po mediumite...
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
ако може да се надоврзам на темава.
после една год имотот е заеднички. но што правиме ако едниот умре после таа 1 год, .. на пр живееш 10год така, вонбрачно. и ОП, еве нека бидам јас во случајот умирам. немам деца, имам само две сестри..................... што се случува понатаму со имотот кој заедно сме го стекнале? стан, кола, ........ а гласи на мене. дали вонбрачниот партнер ќе добие се' автоматски или треба тужби и сл работи со судовите?
Вонбрачниот партнер не е законски наследник, значи нема право на дел од оставината. Меѓутоа, доколку оставителот, го назначи вонбрачниот партнер како тестаментален наследник, тогаш вонбрачниот партнер има право на дел од оставината, каде што учествува заедно со законските наследници на оставителот. :)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Вонбрачниот партнер не е законски наследник, значи нема право на дел од оставината. Меѓутоа, доколку оставителот, го назначи вонбрачниот партнер како тестаментален наследник, тогаш вонбрачниот партнер има право на дел од оставината, каде што учествува заедно со законските наследници на оставителот. :)
фала на одговорот, но нели е контрадикторно тоа со претходниот пост каде кажа дека по 1 год заедничкиот имот се дели помеѓу двајцата?
тоа тестаменти и сл ми е јасно(y)
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
фала на одговорот, но нели е контрадикторно тоа со претходниот пост каде кажа дека по 1 год заедничкиот имот се дели помеѓу двајцата?
тоа тестаменти и сл ми е јасно(y)
Не гледам јас ништо контрадикторно...иначе вонбрачниот другар може да биде и законски во случај кога починатиот нема никој од прв наследен ред и втор ред...тогаш лицата кои живееле во заедничко домаќинство во последните 5 год. ги елиминираат лицата од третиот наследен ред...во тие лица може да биде и вонбрачниот другар....
Делбата на имотот после 1 година се мисли на тој имот што го стекнале заедно во таа година...а не и тој што го имале претходно...а кога се работи за смрт на еден вонбрачен партнер..другиот не е наследник...делот од стекнатиот заеднички имот кој припаѓа на умрениот партнер оди кај неговите наследници...
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Не гледам јас ништо контрадикторно...иначе вонбрачниот другар може да биде и законски во случај кога починатиот нема никој од прв наследен ред и втор ред...тогаш лицата кои живееле во заедничко домаќинство во последните 5 год. ги елиминираат лицата од третиот наследен ред...во тие лица може да биде и вонбрачниот другар....
Делбата на имотот после 1 година се мисли на тој имот што го стекнале заедно во таа година...а не и тој што го имале претходно...а кога се работи за смрт на еден вонбрачен партнер..другиот не е наследник...делот од стекнатиот заеднички имот кој припаѓа на умрениот партнер оди кај неговите наследници...
пошто не ги знам правните работи како треба, те моламл објасни ми кој спаѓа во втор а кој во трет наследен род
инаку, за конкретниов пример што ме интересира е тоа дека умрениот има две сестри, нема деца, а живеееле повеќе од 10 год заедно.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Прв ред-потомци и брачен другар
Втор ред-родители и нивни потомци и брачен другар
Трет ред-баби и дедовци и нивни потомци
(потомците наведени во 2 и 3 ред стануват наследници ако нема родители или баби и дедовци по правилото на претставување)
Е сега во твојот случај вонбрачниот партнер нема да добие ништо од наследната маса на умрениот (освен ако е наведен во тестамент)..значи според закон ништо не добива затоа што вонбрачниот партнер не е наследник...а како лице кое живеело во заедничко домаќинство во поледните 5 години исто така не може да земе ништо од масата...лицата кои живеат во заедничко домаќинство се во вториот ред, но стануваат наследници само ако нема родители умрениот, а тие немаат ни потомци (браќа и сестри на умрениот)...значи лицата кои живееле во исто домаќинство ги исклучуааат потомците на браќата и сестрите на умрениот и наследниците од трет ред...во овој случај бидејќи има брат и сестра ним ќе им припадне наследството ако секако нема тестамент...
Предметите од домаќинството не спаѓаат во наследството...значи тие ќе си останат во станот како што се..значи ќе припаднат на вонбрачниот другар...тоа е одприлика..можеби сум испуштил или погрешил нешто..
 
те разбрав комплетно, покуќнината е на вонбрачниот партнер. и само уште ова прашање колку за да се комплетира работава.
станот е заеднички створен, ....... купен е после 2-3 год откако почнале заедно да живеат. тоа не се важи како заедничко стварање? и нормално, станот е на умрениот. пошто ни на крај памет им било дека треба барем по пола да бидат запишани, два сопственика по 50%.
 
Ако живиот вонбрачен другар докаже дека учествувал во купувањето на станот со одреден процент може да бара од наследниците на умрениот, на кои преминал станот, да му го исплатат делот со кој учествувал во пари...најчесто се дава пола од вредноста освен ако не се докаже дека еден вонбрачен партнер учествувал значително со поголеми средства во купувањето/градњето.
 
Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
те разбрав комплетно, покуќнината е на вонбрачниот партнер. и само уште ова прашање колку за да се комплетира работава.
станот е заеднички створен, ....... купен е после 2-3 год откако почнале заедно да живеат. тоа не се важи како заедничко стварање? и нормално, станот е на умрениот. пошто ни на крај памет им било дека треба барем по пола да бидат запишани, два сопственика по 50%.
Како што објаснаа другите погоре, после една година заедничко живеење се смета како вонбрачна заедница. имотот во таков случај е заеднички. Ако едниот вонбрачен другар почине, другиот брачен другар не е наследник по закон, не важат правилата како во бракот, освен ако нема наследници од втор ред и т.н. како што објасна погоре членот. Во случајов, сестрите имаат право на наследство САМО НА ДЕЛОТ ОД ПОЧИНАТИОТ ВОНБРАЧЕН ДРУГАР. Тоа значи, дека, другиот вонбрачен другар, во оставинската постапка на починатиот може да ја „оспори“ оставинската маса, т.е. да бара определување на дел од заеднички имот. Одкако ќе се определи односниот дел, кој како учествувал со приходи, подароци и слично, определениот дел ќе биде предмет на наследство. За определениот дел, вонбралниот другар може да добие надомест од потенцијалните наследници, во случајов сестрите, или да бара од судот, во вонпарничната постапка продажба пр. на станот, па на тој начин да си го добие делот, зошто не секогаш, наследниците се спремни да платат. Исто така да не се заборави и нужен дел, зависно од ситуација!
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.861
Поени од реакции
34.903
Знае некој каде можам да пријавам нерегуларно работење на приватна здравствена установа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom