На мој близок му стигна Решение од УЈП за присилна наплата од парични средства, со барање за забрана 1/3 од плата.
Наведено е дека се работи за парична казна/глоба согласно Решение/Пресуда од 18.02.2009 година на Царинска управа/Одделение за прекршоци-Комисија за одлучување по прекршок.
Решението на УЈП е со датум од 23.04.2014 година, а доле е напишано дека станало извршно на 05.05.2014 година.
Прашањето ми е, дали Царинската управа после изминувањето на 5 години од пресудата може да бара наплата на овој долг, односно како се движат роковите за застареност за ваков вид прекршоци????
Читам во Царински закон дека согласно Член 246 став 1 - Правото за наплата на износот на давачки застарува во рок од пет години од денот кога настанал царинскиот долг.
Можеби погрешно читам, ама ве молам кој е запознаен со ова, што побрзо да ми одговори, итно е!!! Ви благодарам.