Правна помош и совети

B

Black Guard

Гостин
Што треба да се преземе или поточно која од инстанците било меѓународна или домашна треба да бидат информирани ако Уставот на Р.М НЕ ГИ БРАНИ Граѓаните посебно не за оние хашките случаи и тортурата врз работниците,мислам очигледно амнестијата е противуставна,прашањето ми е каде треба да се обратиме за ова и дали има тело надлежно кое може да ја укине истата како противуставна истото важи и за меѓународните институции????

Имам и друго прашање воен злостор застарува по колку години од правен аспект.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Што треба да се преземе или поточно која од инстанците било меѓународна или домашна треба да бидат информирани ако Уставот на Р.М НЕ ГИ БРАНИ Граѓаните посебно не за оние хашките случаи и тортурата врз работниците,мислам очигледно амнестијата е противуставна,прашањето ми е каде треба да се обратиме за ова и дали има тело надлежно кое може да ја укине истата како противуставна истото важи и за меѓународните институции????

Имам и друго прашање воен злостор застарува по колку години од правен аспект.
Ај појасни ми размислуваш за поведување иницијатива пред Уставен за оспорување на Законот за Амнестија ??? Ако мислиш на тоа веќе е покрената .

Со законот се измени кривични дела поврзани со воени злосторства кои не застаруваат
 
B

Black Guard

Гостин
Ај појасни ми размислуваш за поведување иницијатива пред Уставен за оспорување на Законот за Амнестија ??? Ако мислиш на тоа веќе е покрената .
Токму така.

Ако мислиш на тоа веќе е покрената .
Не сум знаел(ми олесна на душа) сепак ме интересира имам ли право и јас како граѓанин да поднесам иницијатива за оспорување или барем некако да ја поддржам истата?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Токму така.

Не сум знаел(ми олесна на душа) сепак ме интересира имам ли право и јас како граѓанин да поднесам иницијатива за оспорување или барем некако да ја поддржам истата?
Секој граѓанин има право да поднесе иницијатива пред Уставен суд но мислам дека некоја од партииве сакаше да поднесе иницијатива за измена да неможе да поднесува секој граѓанин не сум сигурен што искочи од тоа ,за вториов дел неможам да ти одговорам не сум доволно компетентен за ова
 

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
115
Поени од реакции
15
Имате право да упатите жалба на решението дека сте изоставена од листата на наследници...
Еве шо вика законот за Денационализација-цитираните членови се однесуваат на лицата кои имаат право да бараат имот кој бил предмет на денационализација...

ЗНАЧИ!!!
Член 11
Право да поднесе барање за денационализација има поранешниот сопственик, односно лицата кои се негови наследници на денот на влегување во сила на овој закон, според прописите за наследување (барател).
Барател во смисла на ставот 1 на овој член е лице кое на денот на влегувањето во сила на овој закон е државјанин на Република Македонија.

Член 11-а
Барателите од член 11 на овој закон имаат право да поднесат барање за прогласување на наследници на правото за денационализација на имотот одземен од нивните претходници кој според одредбите на овој закон се враќа или за кој се дава надомест.
Кон барањето од став 1 на овој член се приложува актот за одземање на имотот од поранешниот сопственик, како и извод од матичната книга на умрените за поранешниот сопственик, односно правосилно решение за прогласување на наследници ако такво решение било донесено порано, кои се доставуваат во оригинал или во службено заверен препис. Прогласувањето на наследниците и утврдувањето на нивните наследнички делови на правото за денационализација, како и на други права и обврски кои за барателите на денационализација произлегуваат од одредбите на овој закон, се врши според прописите за наследување. Прогласувањето на наследниците се врши врз основа на актот за одземање од став 2 на овој член. При донесувањето на решението за прогласување на наследници сообразно се применува одредбата од член 52 став 1 точки 1 до 3 и 6 до 8 на овој закон, а постапката за прогласување на наследниците се спроведува според прописите на вонпарничната постапка. Судот е должен решение по барање за прогласување на наследници согласно со став 1 од овој член да донесе во рок од два месеци по приемот на барањето, освен кога повикувањето на наследниците се врши со оглас и кога наследничките изјави треба да ги дадат пред друг суд или во странство.
Правосилното решение за прогласување на наследници се приложува кон доказите и во форма предвидени во член 47 ставови 3 и 4 на овој закон...

Погледнете добро дали ги имате доставено сите документи преку вашиот адвокат...
Доколку недостасува нешто...треба да се побрза и да се корегира работата....
Не би требало комисијата да направила таков пропуст како шо вика вашиот адвокат-дека немало место во формуларот за да се напишат сите наследници,па затоа ве нема во листата на нПо службена должност тие требало да ве вметнат во постапката за денационализација...раководејќи се првенствено по оставинското решение...аследници...

Законот е ист и важи за сите општини без разлика дали е општина Карпош,Центар....
Важи за цела Македонија...
Значи прв совет е....да видите дали ви се средени сите документи...и да се обратите до комисијата и да побарате објаснување зошто ве нема во листата на наследници-а потоа да се преземат правни лекови,и да се упати жалба до второстепен орган....
.
Се извинувам што дури сега одговарам, но деновиве го добив решението од судот дека жалбата ми е неоснована, бидејќи сум неовластено лице. да, сите документи се прилозени. Единствено јас и братуцед ми сме дописани (додадени ко барателите) по изминување на рокот. Барањето е дадено на време. Судот цени дека комисијата правилно постапила сто ме прогласила за неовластено лице. Не сум барател! Имам наследно решение, но не сум барател. имам сеуште можност на Врховен суд, но веќе воопшто не се надевам.

Со почит, Весна
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:36 PM ---
Вака:

Ова е место на форумот Кајгана каде секој од членовите може слободно да се обрати во врска правните недоумици или проблеми.
Бидете слободни и прашувајте. Колегите правници или јас ке ви одговориме

Молам некој правник што е упатен во постапката за денационализација да ми помогне со совет, за што однапред му благодарам.
Во постапката за денационализација, адвокатот што ме застапува мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, (по истекот на рокот, иако барањето е дадено на време) иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Второ: навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците. Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. На жалбата во Судот пред некој ден ми беше одговорено дека комисијата правилно постапила што не ме смета за барател и што сум „неовластено лице“. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош?
 
Член од
4 јуни 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
имав парична казна од 300 е а сега ми доиде решение се преиначува во казна затвор 30 дена, па ме интересира застарува ли тоа и ако да за колку време благодарам
 

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
115
Поени од реакции
15
Молам некој правник што е упатен во постапката за денационализација да ми помогне со совет, за што однапред му благодарам.​
Во постапката за денационализација, адвокатот што ме застапува мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, (по истекот на рокот, иако барањето е дадено на време) иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Второ: навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците. Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. На жалбата во Судот пред некој ден ми беше одговорено дека комисијата правилно постапила што не ме смета за барател и што сум „неовластено лице“. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош?​
 
Член од
21 јуни 2009
Мислења
65
Поени од реакции
1
ДРАГИ ФОРУМЏИИ,
дали некој знае кој документи се потребни за упис во именикот на адвокатски приправници при адвокатската комора на република македонија. доколку некои ја знеа процедурата за упис ве молам за помош.
благодарам
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.827
Поени од реакции
10.191
Еј форумџии, знае некој нешто околу добивање Апостил печат во Струмица? Ми бараат за документи во Германија па барав на Интернет и најдов дека Апостил печат може да се добие во првостепени судови или Министерство за правда? Има некој искуство да ме упати што да правам?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
имав парична казна од 300 е а сега ми доиде решение се преиначува во казна затвор 30 дена, па ме интересира застарува ли тоа и ако да за колку време благодарам
НЕ. Решението е правосилно, и имаш 3 опции: да си платиш 300 евра, да си одлежиш 30 дена или да се жалиш.
 
Член од
1 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
дали проф. има право да ги користи книгите како услов за полагање колоквиум, т.е. да не принудува да ги купиме и да ги прикажеме?
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Незнам колку прашањето ми е за овде, но незнам каде на друго место да го поставам.
Каде да пријавам нелегален бизнис? Како одат тие процедури? Ми пречи, односно прават работи кои не треба да ги прават. Им се кажува да не го прават тоа, но се караат со сите, не сакаат да слушнат.

Разбрав дека во градот во кој што живеам биле поврзани со полиција и таму некои други кои се одговорни за ваквите работи. Бројче нешто за да ги пријавам директно во Скопје?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
дали проф. има право да ги користи книгите како услов за полагање колоквиум, т.е. да не принудува да ги купиме и да ги прикажеме?
Ај размисли и одговори :)
--- надополнето: Nov 2, 2011 2:20 PM ---
Незнам колку прашањето ми е за овде, но незнам каде на друго место да го поставам.
Каде да пријавам нелегален бизнис? Како одат тие процедури? Ми пречи, односно прават работи кои не треба да ги прават. Им се кажува да не го прават тоа, но се караат со сите, не сакаат да слушнат.

Разбрав дека во градот во кој што живеам биле поврзани со полиција и таму некои други кои се одговорни за ваквите работи. Бројче нешто за да ги пријавам директно во Скопје?
Зависи што е. Ако е ептен сериозно, швецање, производство на дроги и сл- полиција, ако е нешто друго од тоа инспекторат- трудов, финансиски.
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Казино, нешто од тој вид. А каааде да се обратам? Како да се поставам? На кој број да се јавам?
Ич не си разбирам од овие работи :confused:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Казино, нешто од тој вид. А каааде да се обратам? Како да се поставам? На кој број да се јавам?
Ич не си разбирам од овие работи :confused:[/quote

ovde
Пријави корупција






…Владата ќе продолжи со силната, бескомпромисна, неселективна и ревносна борба со криминалот и корупцијата. Посветено ќе се бориме против сите форми на криминал и корупција, како што го правевме тоа и досега. Впрочем, токму нашата Влада обезбеди Македонија да има напредок на листата на Транспаренси интернешнл која ја мери перцепцијата за борба против криминалот и корупцијата, за дури 43 места. Тоа не е за потценување, тоа се резултати.
г-дин Никола Груевски

  • Пријавете корупција во Царинската управа на телефонскиот број 197
  • Пријавете корупција во Управа за јавни приходи на телефонскиот број 198
  • Пријавете корупција во Министерството за транспорт и врски на телефонскиот број 199
  • Пријавете корупција во Министерството за внатрешни работи на телефонскиот број 199
izvor http://vlada.mk/node/138
vo tvojov slucaj uprava za javni prihodi
 

Kajgana Shop

На врв Bottom