Ама еве и да го оставиме Законот на страна, здрава логика нема тоа на гледач у сала да му зимаш податоци :tv:
Одамна нашата полиција не се раководи и не работи по законот на Логиката:kesa:
Ова сум го искусил безброј пати на утакмиците на кои сум бил во Битола,како и на гостувањата во другите градови.
Дека не смеат да ги фотографираат навивачите пред влез-НЕ СМЕАТ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ:nenene:
Тоа е повреда и злоупотреба на тајноста на личните податоци на граѓаните.
Полицијата како орган на прогон и заштита има право да легитимира некој граѓанин,но да има причини за тоа-а сликање и легитимирање на навивачи како да се сликаат за лична карта ги преминува сите граници на здравиот разум!!!:nesvest:
Сакаат да глумат некој филм,нешто слично како полицијата во Англија,каде се применуваат вакви строги мерки-но таму се е регулирано со закон,и се се знае,секој навивач однапред си знае шо го чека доколку направи некој прекршок,влезе на терен,фрли со некој предмет на стадионот и сл.
Затоа се изборија успешно Англичаните со насилството на спортските терени.
Законот си го стори своето-и од една земја каде шо царуваа хулиганите,денес се земја со најмалку ексцеси на фудбалските натпревари.
А и ние сега сакаме да глумиме ЕНГЛЕЗИ:pos2:,но треба уште многу чорба да сркаме за да направиме и спроведиме во дело такви закони.
Кај нас сеуште главни фаци на трибини се момците во сино.:kesa:
Никаде во Европа нема да најдите случаи каде полицијата стои веднаш до навивачите,секаде постојат редарски служби,а полицијата е надвор од стадионите,салите и влегува интервенира само доколку ескалира состојбата на трибините.
Кај нас вадат пендраци и маваат за најмала ситница.:nesvest:тоа сум го искусил многу пати :nesvest:
И не е ни чудо шо стадионите и салите се празни,не е само слабиот квалитет на спортот причина за тоа,туку и големата репресија на полицијата врз навивачите,па кој е будала да оди на гостувања,да навива,и нон-стоп да биди тепан,малтретиран од полицијата.
Навивачите се третирани како најголеми хулигани,криминалци,без никакви права-и одвај се чека и најмала причина да ги извадат пендраците и да се размаваат.
Вака не тераме далеку,и не е ни чудо шо навивањето е на вакво ниво