Jax Rebel
Navajo Rider
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 5.281
- Поени од реакции
- 2.284
Работам како фриленсер. Еден од клиентите веќе не му одговара да исплаќа пари на лице, туку бара фактура т.е. правно лице да биде регистрирано (поради пари од грантови и слично). Сакам да отворам фирма кај нас за да издавам фактури, а да нема вработено луѓе фирмата. Секој месец би имала приливи, претпоставувам на крај на година може да се извадат парите како добивка и уредно да си се плати данок од 10%. Прашањето ми е дали е проблем што фирмата нема да има вработени, а ќе има приливи? Дали е ова легално или крши некој закон?