Правна помош и совети

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
со каков договор колега :icon_lol:
Договор за поклон, Договор за доживотна издршка, договор за поклон со право на плодоуживање...може да се искомбинира некако :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Договор за поклон, Договор за доживотна издршка, договор за поклон со право на плодоуживање...може да се искомбинира некако :)
А се плаќа данок кога се скока колено?
 
W

wicked_1

Гостин
Договор за поклон, Договор за доживотна издршка, договор за поклон со право на плодоуживање...може да се искомбинира некако :)
Договор за поклон да.
Договор за доживотна издршка не е де јуре и де факто пренос на сопственост, се впишува само товар.

Ако во овој случај мајкаму е жива се плаќа, ако не е не се плаќа.
А не може со договор за купопродажба? :cautious:
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Договор за поклон да.
Договор за доживотна издршка не е де јуре и де факто пренос на сопственост, се впишува само товар.

А не може со договор за купопродажба? :cautious:
Како не постои, имам милион договори направено за поклон каде се договара дека и поклонодавачот има право на плодоуживање до крајот на својот живот, функционира оваа работа без проблем.
Договор за доживотна издршка по смртта на примателот на издршка целиот негов имот преоѓа кај давателот на издршка и овој е најчест склучуван договор.
Друго може и со договор за купопродажба, но тука како што разбрав јас сака имотот на дедому да му припадне на директно на внукот т.е да асе прескокне мајката, а купопродажба е товарен договор и мислам дека тоа не ги интересира.
 
сега приметив најверојатно мислеше на договор за поклон со задржување право на користење, тие два и не се разликуваат многу, оригинерно е тоа договор за поклон само се впишува додатно забелешка на имотен лист.
со договорот за издршка нема промени на носителот се додека не се исполнат условите за тоа, т.е не добиваш сопственички права, членот праша за начин како да се стекне со сопственост.

во ваков случај кога се скока колено, нема разлика измеѓу договор за поклон и договор за купопродажба (што е поекономично) и во двата случаја се плаќа сличен данок на промет, ако сака да премине директно на него, договор за купопродажба е најверојатно најдобра опција.
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
сега приметив најверојатно мислеше на договор за поклон со задржување право на користење, тие два и не се разликуваат многу, оригинерно е тоа договор за поклон само се впишува додатно забелешка на имотен лист.
со договорот за издршка нема промени на носителот се додека не се исполнат условите за тоа, т.е не добиваш сопственички права, членот праша за начин како да се стекне со сопственост.

во ваков случај кога се скока колено, нема разлика измеѓу договор за поклон и договор за купопродажба (што е поекономично) и во двата случаја се плаќа сличен данок на промет, ако сака да премине директно на него, договор за купопродажба е најверојатно најдобра опција.
Ама договор за купопродажба е товарен договор, кој што го обврзува и едниот и другиот, додека договор за доживотна издршка е најсигурен и за едниот и за другиот, неможе рецимо по стекнување на имотот внукот да го одјебе дедото, ниту пак на внукот неможе да му се меша некој од страна по смртта на дедото...ако ме сваќаш
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
А се плаќа данок кога се скока колено?
Се плаќа. Денес бев и кај нотар и се плаќало 10 % од вкупната имотна вредност. :facepalm: .. Најефтина варијанта е прво од дедо ми на мајка ми поклон , па после пак иста процедура.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Знае ли некој како оди префрлување на имот од дедо на внук? Мора прво да оде на мајка ми на име , или може директно од дедо ми на мое име ?
Најдобро би ти било со договор за отстапување на имот за време на живот и така твое ќе е.[DOUBLEPOST=1460378725][/DOUBLEPOST]
Знае ли некој како оди префрлување на имот од дедо на внук? Мора прво да оде на мајка ми на име , или може директно од дедо ми на мое име ?
Најдобро би ти било со договор за отстапување на имот за време на живот.
 
Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
А да ве прашам кога фирма ТП е во постапка за бришење дали може да се тужи управителот за долг бидејќи е ТП односно одговара лично и неограничено со сиот свој имот.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Дали некој знае која е процедурата за изгубен пасош? Изгубив пасош најверојатно во Италија и морав да останам во Словенија. Се јавив во амбасада ми рекоа од понеделник работеле со странки.
Инаку, немам никаква идентификација во мене..

Итно ми е, ако не е за тука предфрлете го мислењето во соодветна тема.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дали некој знае која е процедурата за изгубен пасош? Изгубив пасош најверојатно во Италија и морав да останам во Словенија. Се јавив во амбасада ми рекоа од понеделник работеле со странки.
Инаку, немам никаква идентификација во мене..

Итно ми е, ако не е за тука предфрлете го мислењето во соодветна тема.
Ќе ти издадат во амбасада привремен колку да се вратиш дома и потоа тука во Македонија ќе си покренеш постапка за нов, барем вака беше до пред некоја година. Е сеа заебано е што мораш да чекаш викендов... :/
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Здраво на сите,

Треба да почнам на пракса во ИТ фирма, а не сум студент. Колку што знам, волонтирање е само за во државни институции, додека за пракса треба да сум студент. Чаре некое?

Поздрав
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Не знам каде да го поставам прашањето да е посоодветно од тука.
Значи, како оди процедура да купиш ливада, шума, плац, во некое планинско село (богу иза леџа), или не мора село, некаде низ МК, вон цивилизација, што се води како државно земјиште ?
Дали треба да има оглас од општина, нешто лицитација....или може да поднесеш барање до општина ( или незнам каде ), па општината да формира цена и да ти го продаде ?
Некој поупатен ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom