Правна помош и совети

N

NikolaMKD91

Гостин
Дечки да ве замолам за совет за еден мој близок пријател. Значи човекот беше оженет, но пред извесно време жена му почина , бог да ја прости :( . Во врска со оставинската постапка т.е наследството од жена му он има мал вербален судир со нејзиното семејство, кое му се заканува дека ќе му земе се преку суд се он што ќе наследи во оставинската постапка од ќерка им.

Значи мене прашањево ми е колкав дел од наследството на жена му му следува нему а колкав дел на нејзиното семејство (мајка, татко и брат) ? Дали неговиот дел од наследството можат по судски пат да му го земат ? Да не заборавам да напоменам дека се работи за моќно семејство со многу врски и конекции.

пс станува збор за наследство што таа го имала стекнато пред да стапи во брак со него.

Фала :)
Anyone ?? :(
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
84
Поени од реакции
12
Ми треба да извадам Уверение дека не е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. Ме интересира како се купуваат/уплаќаат тие 80 денари СУДСКИ МАРКИ, а посебно имам уплатница за уверението и тоа е ок. Знам дека во Основен суд се завршува работава, ама исто ме интересира дали се завршува во 1 ден или треба чекање? Фала однапред :D
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Татко ми и сестра му не се во добри односи, таа има куќа и ние исто така направени од дедо ми, сега таа бара дел од нас, дедо ми е починат, а баба ми е во постела, а и баба ми и дедо ми ние ги чувавме кај нас па ме интересира дали може таа да бара дел и да добие? (Куќата е на име на дедо ми)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Прашав но не добив одговор.. Пак ќе си пробам:
За да влезам кај мене дома поминувам низ двор на чичко ми. Они се напред на улица, јас сум позади. Стравувам дека еден ден може да останам затворен т.е. они да си акнат ѕид. Дали тоа сега поминување е знак на добра воља и дали они може да ми затворат прилаз и јас да си останам блокиран? Ми рекоа демек не смеело пролаз да ми затворат она, ова. Вистина ли е и дали да си бидеме со готовос на куфери во секое време?
Untitled.jpg
 
G

Gjoksi

Гостин
Ми треба да извадам Уверение дека не е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. Ме интересира како се купуваат/уплаќаат тие 80 денари СУДСКИ МАРКИ, а посебно имам уплатница за уверението и тоа е ок. Знам дека во Основен суд се завршува работава, ама исто ме интересира дали се завршува во 1 ден или треба чекање? Фала однапред :D
Значи, судските таксени марки од НОЕМВРИ 2011 год. веќе НЕ постојат! Таксата во износ од 80 ден. и таксата во износ од 240 ден. се уплаќаат на ЕДНА уплатница ПП50 во вкупен износ од 320 ден. Бидејќи веќе си ја платила таксата во износ од 240 ден., таксата во износ од 80 ден. плати ја на друга уплатница и правец во Судот.
- НАЗИВ НА ПРИЕМАЧОТ: БУЏЕТ НА Р.М
- БАНКА НА ПРИЕМАЧОТ: НАРОДНА БАНКА НА РМ
- СМЕТКА НА ПРИЕМАЧОТ: 100000000063095
- УПЛАТНА СМЕТКА 840-***-03359 за физички лица, а за правни лица 840-***-03338 (трите sвездички се однесуваат на шифрата на општината во која што подносителот е жител или има седиште).
- ПРИХОДНА ШИФРА: 722213 за физички лица или 722211 за правни лица.
Колку ќе се задржи, зависи од Судската служба!:D
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 03:02 ---
Прашав но не добив одговор.. Пак ќе си пробам:
За да влезам кај мене дома поминувам низ двор на чичко ми. Они се напред на улица, јас сум позади. Стравувам дека еден ден може да останам затворен т.е. они да си акнат ѕид. Дали тоа сега поминување е знак на добра воља и дали они може да ми затворат прилаз и јас да си останам блокиран? Ми рекоа демек не смеело пролаз да ми затворат она, ова. Вистина ли е и дали да си бидеме со готовос на куфери во секое време?
Вака сега, значи они ако сакаат може да ти го блокираат прилазот до куќата со зид! Којзнае, можеби се само закани.
Имате 2 опции:
ПРВА ОПЦИЈА: Бидејќи вие НЕ излегувате на улицата (јавен пат), а ЕДИНСТВЕН начин да излезете на улицата е преку ПРОЛАЗОТ (дворот на чичко ти), можете да го тужите твојот чичко и да барате од судот да утврди право на НУЖЕН ПРЕМИН и кога пресудата ќе стане правосилна, чичко ти не смее да презема НИШТО за да ве попречува во поминувањето низ неговиот двор (на пр. да постави ѕид), па ќе можете слободно да си поминувате!
ВТОРА ОПЦИЈА: Со право на нужен премин може да се стекнете и во случај ако повеќе од 20 години поминувате низ неговиот двор, а чичко ти не се противел на тоа! И за ова е потребно да поведете судска постапка со тужба!
Значи, не е така едноставно за да ви одговоре некој на форумов. Затоа, одете во скоро време кај АДВОКАТ, консултирајте се со него и одлучете што поматаму!
 
Член од
28 ноември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
Здраво,
Би сакал да прашам..
Куќата ми е една идеална половина на правно лице, другата половина на физичко лице. На таа половина што е на правно лице, сакам да направам пренос на физичко лице. Кои се процедурите, уловите, плаќање даноци и сл...
Однапред Ви благодарам.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
77
Поени од реакции
11
Да не знае некој дали се признава како валиден ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОТПИС во Македонија ???
 
Член од
20 февруари 2013
Мислења
16
Поени од реакции
5
Zdravo
Dali nekoj moze da mi objasni shto e so noviot zakon vo koj se kazuva deka istraznite sudii otidoa vo minatoto toa znaci i vo istraznata postapka ke ucestvuva Javen Obvinitel ili ???
ili pak istrazniot sudija si ostanuva da si ja vrshi svojata rabota , spored mene ne e logicno javen obvinitel da donese odluka za merka pritvor ako e taka togas sud ne mora da postoi Pozdrav
 
Најдобро е САМ да си прочиташ:
http://www.justice.gov.mk/LDBISReader/DocumentView.aspx?Type=1&ID=20679
http://www.justice.gov.mk/LDBISReader/DocumentView.aspx?Type=1&ID=26082
(за дадените линкови како веб прелистувач користи INTERNET EXPLORER)
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Во рок од 15 дена од денот на приемот на сметката, можеш да поднесеш Приговор до операторот (кој може бесплатно да се добие во секој овластен продажен салон на ВИП или секој друг оператор).

Понатаму, ВИП (односно секој оператор) е должен во рок од 15 дена од денот на приемот, да одлучи по поднесениот приговор и за тоа писмено да го извести претплатникот.

Потоа, ако не си задоволен со донесената одлука, имаш право во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката да поднесеш приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Ако операторот воопшто не одлучил по приговорот во рок од 15 дена, тогаш рокот за приговор до АЕК изнесува 35 дена!

Формулар за приговор до АЕК:
http://www.aec.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=723&Itemid=&lang=mk
--- надополнето: 10 ноември 2013 во 18:34 ---:confused:
Дали приговорот се поднесува по електронски пат
Ако не на која адреса....
 
G

Gjoksi

Гостин
Член од
24 јули 2008
Мислења
646
Поени од реакции
117
Ми треба помош за едно прашање. Дали доколку на еден вработен член во семејството се исплатат средства од приватно осигурување на починат член од семејството, тие пари подлежат на данок? Дали има разлика парите дали ке се исплатат на вработен член или невработен?
И кој закон ги регулира тие работи? Фала однапред.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
113
Ми треба помош за едно прашање. Дали доколку на еден вработен член во семејството се исплатат средства од приватно осигурување на починат член од семејството, тие пари подлежат на данок? Дали има разлика парите дали ке се исплатат на вработен член или невработен?
И кој закон ги регулира тие работи? Фала однапред.
Мислам дека треба да се плати данок независно од тоа дали е вработен член или не. И треба до 15ти март да се поднесе до ујп пријава или како се викаше - за платени даноци од дополнителни приходи. Е сега евентуално кога се уплатувало за осигурување дел од парите мал процент можебибиле за персонален, тоа да прашаш тој што исплаќа
 
На врв Bottom