Правна помош и совети

Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Здраво, јас сум студент на Правен факултет(2 година) и ми треба помош околу семинарска работа. Дали имате некакви информации или ако можете да ми кажете каде да се обратам за да ги добијам истите околу "пример од судска пракса за недостојност за наследување". Благодарам.
Можеш да побараш од адвокат или евентуално од суд или нотар. Побарај и на интернет страниците по основните судови, може ќе најдеш нешто. Поздрав.
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
36
Поени од реакции
23
Zdravo na site. Eve i jas imam potreba od eden praven sovet. Vo dvorot imam edna bandera za struja koja stoi sigurno 30god ,sega taa mnogu mi smeta za vlez i izlez so kolata, a za da ja podmestat EVN i toa pak na moe mesto samo nekolku metri ponastrana mi bara 30-40 iljadi denari. Banderata ja koristat uste 2 domakinstva.Sto da napravam za da ja podmestat bez trosok ili pak ako veke ne ,moze da ja podmestat dali bi me sleduvale nekoi nivni povolnosti vo naplatata. Odnapred vi blagodaram.
 
M

Mamba.

Гостин
Вака сега...мојот двор од долната и од горната страна излева на улица, ама од долната страна тоа место кај шо се излева на улицата е државно...комшиите ( шо не живеат со цела улица а може да се каже и со пола град ) цело време ни паркират трактор, кола пред порта а тоа несмеат да го прават оти колку тоа место е државно и треба да си биде слободно за минење а не некој да ти паркира трактор пред порта за да неможиш да поминиш.
Сега сакам да прашам шо е најубаво да се направе оти полиција му имат викано и други ама џабе е толку е саламна полицијата кај нас...нема шо да направе, че ги истргнат и утре дента пак се паркират таму.
Значи они тоа несмеат да го прават у никој случај...затоа барам помош од некој да ми каже шо е најубаво да се направе?
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
Zdravo na site. Eve i jas imam potreba od eden praven sovet. Vo dvorot imam edna bandera za struja koja stoi sigurno 30god ,sega taa mnogu mi smeta za vlez i izlez so kolata, a za da ja podmestat EVN i toa pak na moe mesto samo nekolku metri ponastrana mi bara 30-40 iljadi denari. Banderata ja koristat uste 2 domakinstva.Sto da napravam za da ja podmestat bez trosok ili pak ako veke ne ,moze da ja podmestat dali bi me sleduvale nekoi nivni povolnosti vo naplatata. Odnapred vi blagodaram.
Во овој случај мислам дека станува збор за стварна службеност од комунално-техничка природа. Таа бандера најверојатно била ставена таму затоа што не можела да биде ставена на некое друго место на кое би можела да се користи на начинот на кој што се користи. Ако веќе можела да се стави и на друго место онда требало тоа место да се предложи уште во времето кога била ставена, сега е касно. Можеш да бараш дислокација на нивен трошок али само ако е апсолутно неопходно да се тргне таа бандера, во друг случај ќе треба сам да си платиш. Во однос на некои поволности поради тоа што ја користат и други не ти следува ништо, затоа што според закон си приморан да го трпиш присуството на бандерата поради тоа што ако ја тргнат другите домаќинства што исто така ја користат нема да имаат пристап до струја. Можеш да бараш некој надомест али само ако имаш трошоци во врска со одржување на бандерата, некоја штета што произлегла од неа или нешто слично.
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 15:39 ---
Сакам да и помогнам на многу блиска,која има проблем со сопругот и сака да се разведе а нема пари.Јас сакам да и помогнам,па ме интересира како тече постапката за развод и која е цената.
нема да и требаат кој знае колку пари за развод на брак, судските такси би требало да бидат околу 1000ден, за адвокат не би требало да отидат мн пари исто пошто е едноставна тужбата, незнам точно колку би коштало ама не би требало многу, плус и по завршување на постапката секоја страна си плаќа само нејзините трошоци
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Дечки ај малце стручна помош од вас.

ме интересираат некои работи од законот за правни односи.

тазе сум вработен во една фирма - првиот месец бев на црно односно ни пријавен ни вработен вториот месец ме пријавлие регуларно и ме вработиле но тука има еден проблем. и покрај тоа што сум пријавен и вработен јас немам потпишано апсолутно никаков договор со газдата ( работодавачот ). Друго - незнам ни на колкаво работно време сум пријавен - дали на полно работно време или на пола работно време. На почетокот прашав во фирмата како иде постапката за пријавување они ми рекоа ти не се секирај се што треба ке ти кажеме ние - прашав дали треба нешто да потпишувам ми рекоа треба договор да потпишеш ама за тоа у стил не се секирај се ке ти биде на време дадено.
 
Не можеш да засноваш работен однос без да потпишеш договор за вработување. Правата, обврските кои произлегуваат од работниот однос и од задолжителното осигурување започнуваат да се остваруваат со стапувањето на работа, а стапуваш на работа на денот кој е означен во договорот, а ако не е означено ништо онда на денот на потпишување. Плус ако те пријавил според законот би требало во рок од три дена да ти даде копија од пријавата или извод од компјутерскиот систем на Агенцијата за вработување, мада незнам колку тоа стварно се дешава во пракса, али за договор дефинитивно мора да имаш ако си легално вработен.
 
баш затоа прашивам - ни договор сум потпишал ни копија имам НИШТО !!!
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
баш затоа прашивам - ни договор сум потпишал ни копија имам НИШТО !!!
Ао немаш Договор за вработување јас ти гарантирам дека не си ни пријавен.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 21:27 ---
Мајка сум на деветгодишно девојче, ученичка во четврто одделение. Моето дете има примерно поведение, добра ученичка е која редовно и марливо ја следи наставата, сметам и тврдам дека не е проблематично дете во поглед на дисциплината и исполнувањето на своите обврски кои ги има како ученик.​
Неодамна заболи од Мононуклеоза, вирусно заболување кое пред се се манифестира со воспаление на грлото и крајниците, но исто така постои и пореметување во функцијата на црниот дроб и слезинката при што поради зголемување и напнатост на слезинката постои опасност од нејзина перфорација т.е прскање, и строго е забранета секоја физичка активност поврзана со нагли движења, потреси, скокови. Бидејќи болеста кај моето дете се јави во доста тешка клиничка форма учителката е писмено (и усно, лично од моја страна) известена со боледување и сета потребна документација за сите можни последици.​
Поради банална расправија со друго девојче од класот, мојата ќерка добила неколку удари со тупаници по стомакот од девојчето со кое се расправале, и закани од истото девојче дека "Ќе и ја извади слезинката" (напоменувам дека мојата ќерка во ниеден момент не употребила физичка сила ниту погрден збор). За среќа, не се случи ништо страшно. Учителката не била присутна на самата расправија, меѓутоа кога моето девојче побарало помош од неа, наместо поткрепа и одбрана која што по секоја логика би требало да ја добие добила одговор дека проблемите се решаваат на класен час, и тоа со доста висок тон, додека однесувањето на другото девојче било потполно занемарено, па таа не добила воопшто никаков укор, ни совет, ниту пак некој и посочил за можните последици од нејзината постапка.​
Изреволтирана од однесувањето на учителката пред се, и сметајќи дека нејзината вина е поголема од вината на девојчето-насилник од проста причина што девојчето е малечко и верувам несвесно за можните последици, и се јавив, но добив доста дрски одговори од кои можев да заклучам дека:​
1. Или сум јас луда​
2. Или учителката е луда​
Имам сознанија дека и други родители се жалеле на однесувањето на учителката, но добиле одговор - ако не ви одговара, префрлете го детето во друго училиште.​
Кои се правата на моето дете?​
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?​
Ова прашање го поставив вчера на тема образование, но најверојатно одговорот ќе го добијам тука.​
Ме интересира дали учителката воопшто сноси некаква одговорност во една ваква ситуација или треба да биде прескокната, а помошта побарана на друго место?​
Во меѓувреме учителката разговарала до девојчето кое ја удирало мојата ќерка. И двете девојчиња имаат примерно поведение и до сега немале никакви проблеми.​
Да напоменам и тоа дека детето ми беше хоспитализирано и под интензивна терапија непосредно пред овие случувања во период од десетина дена, поседувам историја на болеста во писмена форма и препорака од специјалист за понатамошна нега.​
Од чисто правен аспект можеш единствено да напишеш преставка до Министерство за образование кои најверојатно ке пратат иснпекција.
КОга се работи за дете нема повлекување но од друга страна знаеш како викаат со будала не се расправај, ке те сведе на негово ниво ике те тепа на искуство.
Јас најпрво би барал тет-а-тет средба со директорот со закана дека ќе се обратиш до Министерство за образование. Како и да е, правна заштита на правата на детето можеш да добиеш формално правно од Министерството за правда. Ти посакувам брза разрешница на проблемот.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 21:31 ---
Во случајов се работи за наследство од вујко значи наследникот е внук што не е прво колено. Некои ми рекоа дека е 3% а други 5%?
--- надополнето: 4 мај 2012 во 19:26 ---

Добро го најдов
Предмет на оданочување

Целокупниот недвижен имот како и правото на плодоуживање и користење на недвижниот имот, кој наследниците го добиваат во наследство врз основа на Законот за наследување, односно примателите на подарок го добиваат како дар врз основа на договор за подарок, е предмет на оданочување со данок на наследство и подарок.
Овој вид на данок се плаќа и доколку се наследат или се примат како подарок готови пари, други парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, под услов да нивната пазарна вредност е повисока од износот на едногодишната просечна плата во РМ во претходната година.

Даночен обврзник

Обврзник на данок на наследство и подарок е секое физичко и правно лице – резидент на РМ кое наследува одреден имот или пак прима имот на подарок, како и странско физичко и правно лице – нерезидент, за оној недвижен и подвижен имот на територија на РМ кој го наследува или пак прима на подарок

Даночната основица

Основа за пресметување на данокот на наследство и подарок претставува пазарната вредност на наследениот, односно на подарок примениот имот, согласно пропишаната Методологија, која вредност се намалува за долговите и трошоците што го товарат имотот кој е предмет на оданочување.

Даночна стапка

Стапката е пропорционална и различна во зависност од наследниот ред. Доколку станува збор за обврзник од втор наследен ред таа се движи од 2% до 3%, а доколку обврзникот е трет наследен ред или пак не е во никакво сродство со оставителот, односно со подарокодавателот, се движи од 4% до 5%.
Наследниците од прв наследен ред се ослободени од данок. Советот на соодветната општина односно Советот на градот Скопје, со одлука ја утврдува висината на даночната стапка.

Со наследното решение идеш во твојата општина кадешто треба да ти пресметаат данок, го плаќаш и потоа ти удираат заверка на решението. Откако ке го завршиш тоа идеш директ во катастар и поднесуваш барање за промена на право на сопственост. Во рок од 6 работни дена мислам дека беше ти се врши упис по што веднаш си вадиш имотен лист. И толку.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Pravnice
јас официјално немам копија за мене од договорот а мислам дека таа од сметководство има потпишано во мое име...

100% сум сигурен за ова.
не е толку битно - битно ми е да знам - ако сакам да напуштам утре работа дали според тој договор може фирмата мене кривично да ме гони бидејки сепак тоа е договор ( без разлика што не е потпишан од мене туку е потпишан од страно лице во мое име )
 
не разбирам зашто мислиш дека некој би те гонел кривично ако ја напуштиш работата??
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
не разбирам зашто мислиш дека некој би те гонел кривично ако ја напуштиш работата??
затоа што мислам дека договорот е на 3 месеца. ако некој го прекрши ваљда има некои санкции ?
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
затоа што мислам дека договорот е на 3 месеца. ако некој го прекрши ваљда има некои санкции ?
Види вака за прекршување договор се води граѓанска постапка, не кривична. Ако сакаш да дадеш отказ се што треба е писмено да поднесеш отказ и толку, не се бара ништо друго. Ако не се согласува работодавачот со отказот според зро може да побара да останеш на работа уште еден месец доека да си најде нов вработен итд. АКо ти даде согласност можеш уште утре дента да си се вработиш. А за тужење и сл. може да те тужи ако не дадеш отказ у писмена форма, или ако не останеш доека да ти истече отказниот рок - 30 дена, и само ако поради тоа на работодавачот му била причинета некоја штета, и тоа може само да те тужи у граѓанска постапка не у кривична што е нешто сосема друго
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Pravnice
јас официјално немам копија за мене од договорот а мислам дека таа од сметководство има потпишано во мое име...

100% сум сигурен за ова.
не е толку битно - битно ми е да знам - ако сакам да напуштам утре работа дали според тој договор може фирмата мене кривично да ме гони бидејки сепак тоа е договор ( без разлика што не е потпишан од мене туку е потпишан од страно лице во мое име )
Правило број еден - Никогаш не потпишувај нешто што не си прочитал. Од таквите случаи јас работам.
Правило број два- читај правило број еден
Правило број три- Никогаш не дозовлувај некој да потпише за тебе. Од кај знаеш таа од сметковосдтсво што потпишала. Како смее да помисли дапотпише. не дека ти ќе трпиш санкции, ама сигурно ти потпишале некој договор кадешто можат во секое време да те отпуштат и слично.
Најитно да си го прочиташ договорот. Инаку ке те сметам за глуп:)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Види вака за прекршување договор се води граѓанска постапка, не кривична. Ако сакаш да дадеш отказ се што треба е писмено да поднесеш отказ и толку, не се бара ништо друго. Ако не се согласува работодавачот со отказот според зро може да побара да останеш на работа уште еден месец доека да си најде нов вработен итд. АКо ти даде согласност можеш уште утре дента да си се вработиш. А за тужење и сл. може да те тужи ако не дадеш отказ у писмена форма, или ако не останеш доека да ти истече отказниот рок - 30 дена, и само ако поради тоа на работодавачот му била причинета некоја штета, и тоа може само да те тужи у граѓанска постапка не у кривична што е нешто сосема друго
фала ти на доброто објаснување - ова е тоа што ме интересираше. значи мојот дел што БИ тебало да го исполнам е да дадам отказ во писмена форма и највеќе што можам е да останам уште 30 (односно 20 работни дена ) од потпишувањето на отказното решение...

Правило број еден - Никогаш не потпишувај нешто што не си прочитал. Од таквите случаи јас работам.
Правило број два- читај правило број еден
Правило број три- Никогаш не дозовлувај некој да потпише за тебе. Од кај знаеш таа од сметковосдтсво што потпишала. Како смее да помисли дапотпише. не дека ти ќе трпиш санкции, ама сигурно ти потпишале некој договор кадешто можат во секое време да те отпуштат и слично.
Најитно да си го прочиташ договорот. Инаку ке те сметам за глуп:)
вака другар. прво фала ти и тебе за објаснувањето...

е сега - јас на време си прашувам затоа што гледам дека од страна на фирмата немам ништо приложено а чим ме пријавиле и вработиле значи МОРА некаков документ да ми дадат - затоа и прашувам како идат постапките за да не заглавам.

дтуго - кажав и претходно дека јас никаков документ немам потпишано ама баш никаков ни празен лист хартија камо ли договор.

трето - кога и да сум потпишувал нешто во животот прво обавезно читам што стои во напишаното за да не го јадам стѕапот ( како многумина што потпишуваат одма или на жими мајка објаснување ).

инаку јас претпоставувам дека сум вработен на неопределено време за да можат да ме шутнат во секое време а тоа што сметководителката потпишала тоа е нејзин проблем затоа што ако јас решам сега да одам контра прво и основно факт и доказ ке ми биде дека документ (без разлика каков и да е) е потпишан во мое име но БЕЗ мое овластување или слично.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
фала ти на доброто објаснување - ова е тоа што ме интересираше. значи мојот дел што БИ тебало да го исполнам е да дадам отказ во писмена форма и највеќе што можам е да останам уште 30 (односно 20 работни дена ) од потпишувањето на отказното решение...
тачно :) 1 месец од денот на поднесувањето на отказот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom