Правна помош и совети

?

..........

Гостин
Кои документи ми се потребни за вадење на здраствена книшка?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Благодарам многу !!
Значи вака : Се обратив до "СУДЕТСКИОТ" судија со допис каде што се повикував на ИНСТИТУЦИЈА СИРОМАШКО ПРАВО. Тоа вке неколку пати го сторив во текот на 9.г за жал никогаш не добив писмен одговор. На последното писмено обракање по истата правна работа добив одговор од службеничката која е одговорна за предметите на тој судија која гласи вака : Судијата рече дека и покрај тоа што ги исполнуваш условите на "сиромашко право" nema da te oslobodi od plakawe na trosoci za krivicna postapka ...zavrsen citat. Јас не коментирав на тоа образложение и само побарав писмено известување за тоа. Наводно ке ми бидело испратено допис со одговор . Се прашувам само едно ???
Даали по правосилност на пресуда - кога се работи за молби жалби и преставки поврзани со паришни трошоци и слободување од истите треба да одлучува истиот судија , кој за жал сеуште е со предрасудите од предметот кој е завршен пред 10 г и кој е друг правен лек???? Ве молам помогнете ми !!!!!! Благодарам
Оди до кај претседателот на основниот суд во кој се постапувало по твојот предмет и кажи му за случајот и проблемот...
Секој претседател на основен суд,еден ден во неделата има прием на странки.....
Не можат да ти наплатат за трошоци ако со плаќањето на истите би се загрозила твојата нормална месечна егзистенција...
Значи вака : Колку што успеав да разберам ПАРИЧНО ПОБАРУВАЊЕ застарува за 10 г. Тоа е во ред. Но ме интересира од кој датум се пресметува периодот од 10г застарување ??? Од денот кој е назначен или пишан во пресудата на АПЕЛАЦИЈА или од денот на заверка на истата ???
Рокот од 10 години важи за побарување шо се утвредени со правосилна судска пресуда,одлука...
Рокот се пресметува од денот кога пресудата,одлуката е правосилна....
А инаку општиот рок за застареност на побарувања е 5 години(ако се друг закон не е поинаку определено)....
--- надополнето: 15 мај 2012 во 11:41 ---
Абе друже ова не е центар за грижа за корисници....
Не е темата за ценовник за услуги на преведувачи.....:)
Темата е за правни прашања,мислења,совети не за ценовници....
Да се потрудеше малку GOOGLE веднаш ќе ти дадеше одговор,немаше да има потреба да се самоцитираш...
http://oglasuvaj.com/судски-преводи-англиски-јазик-ad1053.html
--- надополнето: 15 мај 2012 во 11:42 ---
Во нив спаѓа и ова што плаќаме за куќен совет? Исто една година?
Ако во нив спаѓаат трошоци за лифт,парно,чистачка тогаш да,една година....
 
Член од
25 јануари 2012
Мислења
8
Поени од реакции
1
"Абе друже ова не е центар за грижа за корисници....
Не е темата за ценовник за услуги на преведувачи.....:)
Темата е за правни прашања,мислења,совети не за ценовници....
Да се потрудеше малку GOOGLE веднаш ќе ти дадеше одговор,немаше да има потреба да се самоцитираш...
http://oglasuvaj.com/судски-преводи-англиски-јазик-ad1053.html"


NA KOGO SE ODNESUVA OVA ??????????????????????
 
Член од
16 мај 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите.

Јас како обичен граѓанин имам прашање до до сите оние кои ја разбираат проблематиката со судовите кај нас. Се работи за реална ситуација и правосилна пресуда а не за хипотетичка ситуација.


Основен суд донесува пресуда, апелација ја преиначува во построга.


Се работи за лице со одредени јавни овластувања кое е осудено за фалсификување на исправа. Во сличен случај за лице со исти овластувања, Врховен суд на РМ има донесено одлука дека лице со тие овластувања не може да изврши фалсификување на таков вида на исправа. Затоа е поднесено барање за заштита на законитоста ( БЗЗ ) поради несоодветноста на делото за кој се терети граѓанинот кое исто така е одбиено.


Ме интересира дали е можно Врховен суд на Р Македонија за иста работа да донесува различна одлука, т.е. еднаш да пресуди дека лице со одредени овластувања не може да стори таков тип на кривично дело а во речиси идентичен таков случај да донесе спротивна одлука т.е. жалбата по пресудата да ја оквалификува како неоснована и да ја одбие. И како да се постапи понатака бидејќи системот кај нас сериозно не функционира и сите правни можности се исцрпени.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.870
Поени од реакции
7.103
Здраво правници имам едно прашање до вас па доколку е можно би сакал да слушнам решение
Значи вака препишував на есеј којшто се полагаше и професорот ме фати ми ги зеде ливчињата и рече дека ќе покрене дисциплинска постапка против сите што ги фатил ,не ми стави бодови од есејот ајде тоа си е ок и денес гледам ми стигнува Покана за јавна расправа за утврдување одговорност поради повреда на обврските од член 392 став 2 точка 2 од статут на УГД - Штип ,веќе знам дека предметот ќе мора да го презапишам но што има да утврдуваат на оваа јавна расправа што повеќе може да ме санкционираат не сум убил човек па да лежам затвор лол :/
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Итно ми е потребно некој да ми наведе три вида на тужби пр. кондемнаторна, деклараторна, конститутивна што може да се употребат во врска со договор за складишница и пример поради кој може да се поведат. Благодарам однапред.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Здраво правници имам едно прашање до вас па доколку е можно би сакал да слушнам решение
Значи вака препишував на есеј којшто се полагаше и професорот ме фати ми ги зеде ливчињата и рече дека ќе покрене дисциплинска постапка против сите што ги фатил ,не ми стави бодови од есејот ајде тоа си е ок и денес гледам ми стигнува Покана за јавна расправа за утврдување одговорност поради повреда на обврските од член 392 став 2 точка 2 од статут на УГД - Штип ,веќе знам дека предметот ќе мора да го презапишам но што има да утврдуваат на оваа јавна расправа што повеќе може да ме санкционираат не сум убил човек па да лежам затвор лол :/
Во вакви случаеви во УГД обицно ставаат забрана за полагање на испитот за време од 3 сесии, меѓутоа имаше еднаш случај каде што студентот се теретеше за сомневање дека истото го правел и по други предмети, е сеа не знам што како точно се случи. Во секој случај отиди таму па види што како стои ситуацијата. btw од кој е поканата ?
--- надополнето: 20 мај 2012 во 21:48 ---
Здраво на сите.

Јас како обичен граѓанин имам прашање до до сите оние кои ја разбираат проблематиката со судовите кај нас. Се работи за реална ситуација и правосилна пресуда а не за хипотетичка ситуација.


Основен суд донесува пресуда, апелација ја преиначува во построга.


Се работи за лице со одредени јавни овластувања кое е осудено за фалсификување на исправа. Во сличен случај за лице со исти овластувања, Врховен суд на РМ има донесено одлука дека лице со тие овластувања не може да изврши фалсификување на таков вида на исправа. Затоа е поднесено барање за заштита на законитоста ( БЗЗ ) поради несоодветноста на делото за кој се терети граѓанинот кое исто така е одбиено.


Ме интересира дали е можно Врховен суд на Р Македонија за иста работа да донесува различна одлука, т.е. еднаш да пресуди дека лице со одредени овластувања не може да стори таков тип на кривично дело а во речиси идентичен таков случај да донесе спротивна одлука т.е. жалбата по пресудата да ја оквалификува како неоснована и да ја одбие. И како да се постапи понатака бидејќи системот кај нас сериозно не функционира и сите правни можности се исцрпени.
Можно е и законски е дозволено. Во РМ ( евроконтинентално право) судовите судат врз основа на уставот и законите, не и врз основа врз претходно донесена судска пресуда како што е тоа случај со земјите од ангосаксонското право.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Здраво правници имам едно прашање до вас па доколку е можно би сакал да слушнам решение
Значи вака препишував на есеј којшто се полагаше и професорот ме фати ми ги зеде ливчињата и рече дека ќе покрене дисциплинска постапка против сите што ги фатил ,не ми стави бодови од есејот ајде тоа си е ок и денес гледам ми стигнува Покана за јавна расправа за утврдување одговорност поради повреда на обврските од член 392 став 2 точка 2 од статут на УГД - Штип ,веќе знам дека предметот ќе мора да го презапишам но што има да утврдуваат на оваа јавна расправа што повеќе може да ме санкционираат не сум убил човек па да лежам затвор лол :/
Леле се плашам дека имам лоша вест за тебе, денеска на огласната табла на фах прочитав на некои слични ситуации со твоите (препишување, слушалки, навреда на професор) им одредиле забрана за полагање на неколку сесии, презапишување на предметот, а она од што највеќе се запрепастив беше исклучување од учебната година :S Се надевам ништо од наведеното нема да ти се случи. Изгледа се зависи од комисијата. Пиши после што како било. Поздрав.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Народе, кај се вади лиценца за алкохол и дали истата се обновува, како беа условите?
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво, јас сум студент на Правен факултет(2 година) и ми треба помош околу семинарска работа. Дали имате некакви информации или ако можете да ми кажете каде да се обратам за да ги добијам истите околу "пример од судска пракса за недостојност за наследување". Благодарам.
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
36
Поени од реакции
23
Zdravo na site. Eve i jas imam potreba od eden praven sovet. Vo dvorot imam edna bandera za struja koja stoi sigurno 30god ,sega taa mnogu mi smeta za vlez i izlez so kolata, a za da ja podmestat EVN i toa pak na moe mesto samo nekolku metri ponastrana mi bara 30-40 iljadi denari. Banderata ja koristat uste 2 domakinstva.Sto da napravam za da ja podmestat bez trosok ili pak ako veke ne ,moze da ja podmestat dali bi me sleduvale nekoi nivni povolnosti vo naplatata. Odnapred vi blagodaram.
 
Член од
28 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
4
Мајка сум на деветгодишно девојче, ученичка во четврто одделение. Моето дете има примерно поведение, добра ученичка е која редовно и марливо ја следи наставата, сметам и тврдам дека не е проблематично дете во поглед на дисциплината и исполнувањето на своите обврски кои ги има како ученик.
Неодамна заболи од Мононуклеоза, вирусно заболување кое пред се се манифестира со воспаление на грлото и крајниците, но исто така постои и пореметување во функцијата на црниот дроб и слезинката при што поради зголемување и напнатост на слезинката постои опасност од нејзина перфорација т.е прскање, и строго е забранета секоја физичка активност поврзана со нагли движења, потреси, скокови. Бидејќи болеста кај моето дете се јави во доста тешка клиничка форма учителката е писмено (и усно, лично од моја страна) известена со боледување и сета потребна документација за сите можни последици.
Поради банална расправија со друго девојче од класот, мојата ќерка добила неколку удари со тупаници по стомакот од девојчето со кое се расправале, и закани од истото девојче дека "Ќе и ја извади слезинката" (напоменувам дека мојата ќерка во ниеден момент не употребила физичка сила ниту погрден збор). За среќа, не се случи ништо страшно. Учителката не била присутна на самата расправија, меѓутоа кога моето девојче побарало помош од неа, наместо поткрепа и одбрана која што по секоја логика би требало да ја добие добила одговор дека проблемите се решаваат на класен час, и тоа со доста висок тон, додека однесувањето на другото девојче било потполно занемарено, па таа не добила воопшто никаков укор, ни совет, ниту пак некој и посочил за можните последици од нејзината постапка.
Изреволтирана од однесувањето на учителката пред се, и сметајќи дека нејзината вина е поголема од вината на девојчето-насилник од проста причина што девојчето е малечко и верувам несвесно за можните последици, и се јавив, но добив доста дрски одговори од кои можев да заклучам дека:
1. Или сум јас луда
2. Или учителката е луда
Имам сознанија дека и други родители се жалеле на однесувањето на учителката, но добиле одговор - ако не ви одговара, префрлете го детето во друго училиште.
Кои се правата на моето дете?
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?​
Ова прашање го поставив вчера на тема образование, но најверојатно одговорот ќе го добијам тука.​
Ме интересира дали учителката воопшто сноси некаква одговорност во една ваква ситуација или треба да биде прескокната, а помошта побарана на друго место?​
Во меѓувреме учителката разговарала до девојчето кое ја удирало мојата ќерка. И двете девојчиња имаат примерно поведение и до сега немале никакви проблеми.​
Да напоменам и тоа дека детето ми беше хоспитализирано и под интензивна терапија непосредно пред овие случувања во период од десетина дена, поседувам историја на болеста во писмена форма и препорака од специјалист за понатамошна нега.​
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Мајка сум на деветгодишно девојче, ученичка во четврто одделение. Моето дете има примерно поведение, добра ученичка е која редовно и марливо ја следи наставата, сметам и тврдам дека не е проблематично дете во поглед на дисциплината и исполнувањето на своите обврски кои ги има како ученик.​
Неодамна заболи од Мононуклеоза, вирусно заболување кое пред се се манифестира со воспаление на грлото и крајниците, но исто така постои и пореметување во функцијата на црниот дроб и слезинката при што поради зголемување и напнатост на слезинката постои опасност од нејзина перфорација т.е прскање, и строго е забранета секоја физичка активност поврзана со нагли движења, потреси, скокови. Бидејќи болеста кај моето дете се јави во доста тешка клиничка форма учителката е писмено (и усно, лично од моја страна) известена со боледување и сета потребна документација за сите можни последици.​
Поради банална расправија со друго девојче од класот, мојата ќерка добила неколку удари со тупаници по стомакот од девојчето со кое се расправале, и закани од истото девојче дека "Ќе и ја извади слезинката" (напоменувам дека мојата ќерка во ниеден момент не употребила физичка сила ниту погрден збор). За среќа, не се случи ништо страшно. Учителката не била присутна на самата расправија, меѓутоа кога моето девојче побарало помош од неа, наместо поткрепа и одбрана која што по секоја логика би требало да ја добие добила одговор дека проблемите се решаваат на класен час, и тоа со доста висок тон, додека однесувањето на другото девојче било потполно занемарено, па таа не добила воопшто никаков укор, ни совет, ниту пак некој и посочил за можните последици од нејзината постапка.​
Изреволтирана од однесувањето на учителката пред се, и сметајќи дека нејзината вина е поголема од вината на девојчето-насилник од проста причина што девојчето е малечко и верувам несвесно за можните последици, и се јавив, но добив доста дрски одговори од кои можев да заклучам дека:​
1. Или сум јас луда​
2. Или учителката е луда​
Имам сознанија дека и други родители се жалеле на однесувањето на учителката, но добиле одговор - ако не ви одговара, префрлете го детето во друго училиште.​
Кои се правата на моето дете?​
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?​
Ова прашање го поставив вчера на тема образование, но најверојатно одговорот ќе го добијам тука.​
Ме интересира дали учителката воопшто сноси некаква одговорност во една ваква ситуација или треба да биде прескокната, а помошта побарана на друго место?​
Во меѓувреме учителката разговарала до девојчето кое ја удирало мојата ќерка. И двете девојчиња имаат примерно поведение и до сега немале никакви проблеми.​
Да напоменам и тоа дека детето ми беше хоспитализирано и под интензивна терапија непосредно пред овие случувања во период од десетина дена, поседувам историја на болеста во писмена форма и препорака од специјалист за понатамошна нега.​
napisete edna prestavka do ministerstvo za obrazovanie za spomenatata ucitelka neka oni go ispitaat ovoj slucaj.
drugo care ne gledam za rabotava, ako se tocni vasite navodi izneseni vo vasevo pismo, treba da snosi odgovornost ucitelkata.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Сакам да и помогнам на многу блиска,која има проблем со сопругот и сака да се разведе а нема пари.Јас сакам да и помогнам,па ме интересира како тече постапката за развод и која е цената.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom