Правење сопствено пиво

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
све убаво се прави ама кога се напијам... :love:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Имаше ваква тема ja споив :pipi:
Ко ќе напраи некој форумџија пиво нека организира собиранка да пробаме :icon_lol:
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Имам едно другарче правше пиво светло и црно. Црното финтата било што јачменот се пече во рерна. А сега направи пиво од пченица и доста е интересно бело-жолто е и матно и има малку киселкаст вкус.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Имам едно другарче правше пиво светло и црно. Црното финтата било што јачменот се пече во рерна. А сега направи пиво од пченица и доста е интересно бело-жолто е и матно и има малку киселкаст вкус.
никогаш ама никогаш пиво не се прави само од една житарка, за добро и вкусно пиво ти требаат најмалку три вида на слада, јачмен мора да доминира,пченицата за да нагорчува и ржот или овесот за шмек.
Имаш десетици вариации на слад од кој најбитни се : Пале,Кристал,Кафе,Чоколадо,Црн. Зависно од начинот на сушење,но никаде нема да најдеш подобар слад нити повкусно пиво направено од слад сушен на дим.
Има 100 тици други вариации, со додадени не ртени житарки, со полу слад, со кршени сирови зрна, значи можеш да комбинираш колку што ти душа сака.

Што е проблемот со купечките лагери, или пива. најголемиот проблем е што започнаа да користат големи количества на Пченкарен слад, тоест екстракт од пченкарен слад. А пченка никогаш ама никогаш ни под разно не може да даде добро пиво, пченкарниот слад пиувариве го употребуваат бидејќи е далеку поевтин од јачменовиот, но едноставно нити ги има вистинските ензими нити содржи доволно шеќери за да се направи од него добро пиво.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Имам едно другарче правше пиво светло и црно. Црното финтата било што јачменот се пече во рерна. А сега направи пиво од пченица и доста е интересно бело-жолто е и матно и има малку киселкаст вкус.
Хммм, ова блодираново е практично можно само за слад-додатоците кои се однесуваат на вкусот/бојата/шмекот на пивото.
Главната количина на слад, од кој се добива најголемиот дел од ферментот (пивото) бара строга контрола и ова е причината зошто правењето пиво е многу потешко од правењето вино на пример.
Слад од рерна е метод што дава премногу неконсзистентни резултати од многу причини, кои се голема тема сама за себе. На кратко, нема можност за фино подесување на температури и контрола на истите.

Можеш ли да го прашаш другар ти дали сам го прави целиот слад, ако не тогаш од каде набавува слад... а ако може лично да се вклучи во дискусијава ви било одлично! :)

Јас за оваа намена (правење слад) правам сушара од стар фрижидер. Идејата е изолирана и температурно контролирана средина, за што фрижидер некако е најлесна опција. За стандарден светол слад треба континуирана температура од 37ст. целзиусови и добра вентилација.
Идејата ја добив од ова видео:


Доколку има заентересирани и се развие дискусија ќе продолжиме со темава доколку не,нека иде у заборав и мајчинаи :icon_lol:
Убаво елаборирано, ме интересира само дали имаш и свое практично искуство?
Теоријата е интересна и неопходна ама би било убаво да чуеме практични искуства.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Хммм, ова блодираново е практично можно само за слад-додатоците кои се однесуваат на вкусот/бојата/шмекот на пивото.
Главната количина на слад, од кој се добива најголемиот дел од ферментот (пивото) бара строга контрола и ова е причината зошто правењето пиво е многу потешко од правењето вино на пример.
Слад од рерна е метод што дава премногу неконсзистентни резултати од многу причини, кои се голема тема сама за себе. На кратко, нема можност за фино подесување на температури и контрола на истите.

Можеш ли да го прашаш другар ти дали сам го прави целиот слад, ако не тогаш од каде набавува слад... а ако може лично да се вклучи во дискусијава ви било одлично! :)

Јас за оваа намена (правење слад) правам сушара од стар фрижидер. Идејата е изолирана и температурно контролирана средина, за што фрижидер некако е најлесна опција. За стандарден светол слад треба континуирана температура од 37ст. целзиусови и добра вентилација.
Идејата ја добив од ова видео:



Убаво елаборирано, ме интересира само дали имаш и свое практично искуство?
Теоријата е интересна и неопходна ама би било убаво да чуеме практични искуства.
Секоја година во септември и октомври ставам, вино и пиво :)
Друго ова што го збориш за фрижидерот, гледам дека сакаш да правиш Минхен Слад.
Е сега седни и размисли дали Гинис, 1759 имал ваква опрема каква што ја имаме денес ? За да држи константа од 37 ц за да добие квалитетен слад ?
Не, прецизната опрема се појавува многу подоцна но сепак луѓево имале константен вкус и квалитет, температурата на убивање не е толку битна колку што игра улога техниката на убивање, постојат вариации на температури кој што подеднакво ќе завршат работа за 3 часа вкупно сушење, кој што варираат од 50 до 120 ц. И повторно ќе го добиеш минхен сладот со исти квалитет па можеби и подобар од комерциалниот. Секогаш можеш подобро да исконтролираш нешто кога работиш со мали количества отколку со големи.
Наместо да губиш време и пари со контролирање на температура при сушење, ти резулататот ќе го добиеш со контролирање на температура при ртење:)
Или пак при “ печењето на сладот“ и како го печеш. На пример загревање на 100 ц 20 минути, потоа распостилање на јачменот и нагло ладење.
Замисли си како тоа го правеле пред 100 200 години немајќи софистицирана опрема а сепак пиварите успевале да вадат пиво со константен вкус и квалитет.
Денешните комерциални техники, се премногу заплеткани . бЗа жал се што имам сретнато по интернетвов се проби за реплицирање на комерциални технологии.Копирани од учебници или скрипти Речиси и да нема никаде напишано за начинот на кој што “ порано “ се вадело пиво. Традиционалните начини во времето кога секое село имало своја пивница.
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5
Се вклучувам во дискусијава :), ај сега да праиме пиво, Сериозно.
Еве еден интересен линк каде убаво се објаснети чекорите и сега да видиме до каде сме со намирници.
http://www.instructables.com/id/Make-Beer/

Правење на 10 литра домашно пиво

1.5 кг. Јачменов слад
250 гр. Јачмен (кристален јачмен)
28 gr. Хмељ
1 пакетче пивски квасец
200 гр. шеќер за флаширање.


Е сега вака стојат работите

  • 1,5 кг. Јачменов слад планирам да користам Малтекс од Виталија.
- Кој има против нека каже зошто и дали пробал со Малтекс. Доколку никој не пробал еве првата проба ќе биде од мене.

  • 250 гр. Јачмен,
- не знам кој е тој кристален јачмен но јас ќе одам со некој селски покрупен јачмен, ако имате предлог пишете

  • 28 гр. Хмељ
- Ќе прошетам по билниве аптеки да побарам такво нешто, доколку најдам пишувам тука, ако некој има информација и ме поштеди од непотребно лутање би бил благодарен.

  • 1 паќетче пивски квасец
- Е ова ќе мора да се нарачува изгледа, но бидејки не ми се чека најпрво ќе пробам со пивски кваседц купен од аптека и од виталија, ќе ги измешам и ќе чекаме да се случи маѓија.

Кој знае нешто од ови продукти кај да ги набавам нека каже, добива чаша домашно Пиво, од кога ќе биде готово или две чаши веќе готово домашно вино Мерлотче :)

И сега ќе праиме пиво или само ќе пишуваме :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
  • 1 паќетче пивски квасец
- Е ова ќе мора да се нарачува изгледа, но бидејки не ми се чека најпрво ќе пробам со пивски кваседц купен од аптека и од виталија, ќе ги измешам и ќе чекаме да се случи маѓија.
НЕМОЈ!!! :)
Toј „квасец„ не е активен, ма не е ни квасец или поточно не се живи организми квасец туку исушени (мртви) остатоци од квасец кои служат чисто како суплемент во исхраната.

Ништо нема да испадне од такво пиво, ако си толку очаен да пробаш одма, боље со квасец за готвење пробај. Непредвидлив е, многу брзо ферментира, остава многу неферментирана содржина ама сепак ќе испадне пиво од тој квасец.


За другото ќе ти пишам попосле.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Се вклучувам во дискусијава :), ај сега да праиме пиво, Сериозно.
Еве еден интересен линк каде убаво се објаснети чекорите и сега да видиме до каде сме со намирници.
http://www.instructables.com/id/Make-Beer/

Правење на 10 литра домашно пиво

1.5 кг. Јачменов слад
250 гр. Јачмен (кристален јачмен)
28 gr. Хмељ
1 пакетче пивски квасец
200 гр. шеќер за флаширање.


Е сега вака стојат работите

  • 1,5 кг. Јачменов слад планирам да користам Малтекс од Виталија.
- Кој има против нека каже зошто и дали пробал со Малтекс. Доколку никој не пробал еве првата проба ќе биде од мене.

  • 250 гр. Јачмен,
- не знам кој е тој кристален јачмен но јас ќе одам со некој селски покрупен јачмен, ако имате предлог пишете

  • 28 гр. Хмељ
- Ќе прошетам по билниве аптеки да побарам такво нешто, доколку најдам пишувам тука, ако некој има информација и ме поштеди од непотребно лутање би бил благодарен.

  • 1 паќетче пивски квасец
- Е ова ќе мора да се нарачува изгледа, но бидејки не ми се чека најпрво ќе пробам со пивски кваседц купен од аптека и од виталија, ќе ги измешам и ќе чекаме да се случи маѓија.

Кој знае нешто од ови продукти кај да ги набавам нека каже, добива чаша домашно Пиво, од кога ќе биде готово или две чаши веќе готово домашно вино Мерлотче :)

И сега ќе праиме пиво или само ќе пишуваме :)
Ова не ти е правење на пиво . Ова ти е нешто набрзина составено.
Кој ти се температурите на варење, која ти е конверзацијата на простите шеќери,во колку етапи ќе ти се одвива варењето, каква вода ќе користиш ?
Како планираш да ги воскреснеш пивските габички во квасецот ?
Овие прашања ти се само врв на санта мраз, се разбира доколку сакаш да направиш вино од јачмен или боза рецептов ти е супер
:pos:
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5
Ова не ти е правење на пиво . Ова ти е нешто набрзина составено.
Кој ти се температурите на варење, која ти е конверзацијата на простите шеќери,во колку етапи ќе ти се одвива варењето, каква вода ќе користиш ?
Овие прашања ти се само врв на санта мраз, се разбира доколку сакаш да направиш вино од јачмен или боза рецептов ти е супер
Види, мора од негде да се почне за да се научи.
Ако имаш точен рецепт сподели, мене некако овој ми е како најлесен за почеток каде и нема што многу да се утне.

НЕМОЈ!!! :)
Toј „квасец„ не е активен, ма не е ни квасец или поточно не се живи организми квасец туку исушени (мртви) остатоци од квасец кои служат чисто како суплемент во исхраната.
Па јас прашав на неколку места за пивскиот квасец од кои некои ми рекоа дека е мртов други ми рекоа неможе да биде мртов тоа е квасец и што ти знам што. Ама од сите имам оној несигурен одговор.

Е сега незнам дали за проба да земам една количина квасец која ке ја растворам во топла вода со шеќер и да почекам, ако почне реакција да ја почнам пробата, ако седи мирен квасецот и не реагира тогаш да барам вистински пивски квасец.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
28 гр. Хмељ
- Ќе прошетам по билниве аптеки да побарам такво нешто, доколку најдам пишувам тука, ако некој има информација и ме поштеди од непотребно лутање би бил благодарен.
Ја купив од билна аптека ама немам никаков начин да знам колку мерни единици јачина е горчлив, не сум читал многу за ова. Сите рецепти (или компјтерски генерирани рецепти за состојки со кои располагаш) бараат точни количини хмељ со точно определена јачина.

Викаат дека е лесно е да го садиш, расне како бршлен во саксии.

  • 250 гр. Јачмен,
- не знам кој е тој кристален јачмен но јас ќе одам со некој селски покрупен јачмен, ако имате предлог пишете
Јас од еден селанец од Петровец го купив мојот јачмен. Во јуни веднаш по таа жетва и ми ветија дека не е прскан. Иначе го има во продавници за сточна храна ама наводно го прскале со пестициди за да не се расипува и наводно тоа „не и штетело„ на стоката. Не знам, можеби навистина не е штетно и можеби со долгото киснење (припрема за р'тење) се одмиваат пестицидите. Чисто се се сомневам дека со ова се замараат комерцијалните пивници... одлучи си ти за себе.
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5
Vanlok, кажи ми ти бидејки гледам од лани размислуваш на оваа тема, направи пробна количина или ?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ја купив од билна аптека ама немам никаков начин да знам колку мерни единици јачина е горчлив, не сум читал многу за ова. Сите рецепти (или компјтерски генерирани рецепти за состојки со кои располагаш) бараат точни количини хмељ со точно определена јачина.

Викаат дека е лесно е да го садиш, расне како бршлен во саксии.



Јас од еден селанец од Петровец го купив мојот јачмен. Во јуни веднаш по таа жетва и ми ветија дека не е прскан. Иначе го има во продавници за сточна храна ама наводно го прскале со пестициди за да не се расипува и наводно тоа „не и штетело„ на стоката. Не знам, можеби навистина не е штетно и можеби со долгото киснење (припрема за р'тење) се одмиваат пестицидите. Чисто се се сомневам дека со ова се замараат комерцијалните пивници... одлучи си ти за себе.
Јачменот дали е прскан или не нема врска, битно е да нема други семиња во него.
што се однесува до хмељот тој е најдобар ако го набереш по маркова река нагоре над манастирот, и тоа во октомври затоа што има и расцветани и нерасцветани пупки, расцветаните ќе ги користиш во фтора етапа за шмек, а не расцветаните во прва етапа за горчина.
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5
dobro poznat, читам погоре дека секој септември и октомври ставаш вино и пиво.

Може ли совети како што ми го даде сега за хмељот и за кој сум ти премногу благодарен да ни дадеш и за остатокот од процесот.
Пример од каде да набавам пивски квасец или доколку имаш може ли од тебе да купам.
Користиш малтекс или сам си правиш јачменов слад.итн итн.

Хмељ спомна во октомври, има шанси сега да најдам нешто ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom