Правење сопствено пиво

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Искрено кај нас во македонија и не сум сретнал некоја мала пиварска визба, а и тие што имаат не се баш по давањето информации. За разлика кај љубителите на вино со исклучок на некои и не е баш така. Патем македонија е земја на виното а не на пивото :)
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 22:44 ---

Начинот на работа во оваа втората од John Palmer и не се разликува многу од рецептот кој го постирав горе, така да не се сложувам баш со " dobro poznat" дека на тој начин ќе добијам вино од јачмен или некаква боза. (може боза со квасец за леб :) )
бозата е пивовино :D Ако ја оставиш да исферментира до крај е постигнеш ист процент на алкохол како и кај пивото и виното.
Знам едни тројца што се начукаа од боза :свиркам:
Па после се чудеа од каде пијани а не пиеле ништо :pos:
Ако толку си очаен за квасец, оди во некој подрум или шупа, барај го бурето со бело вино, и се што ќе најдеш мувла на бочвата,посебно кај чепот собери ја. Ете ти квасец
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 23:06 ---
пивскиот квасец може да се користе и во винарството за тоа мислев на некоја в.визба приватна да прашаш можеби ќе те упатат барем од каде да набавиш.....
Не и дефинитивно не, слични се но не се исти исто како да кажеш дека пеницилинот и лебниот касец се едно исто, да тие се едно исто во глобала ама имаат милион разлики.
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5

Бозата е пијалок со максиум 1% алкохол, и нема ама баш никаква врска со виноto, башка квасецот на бозата е обично брашно со вода расипано од стоење :drk:

А еве и рецепта па кој сака нека проба :coffee:

Потребни состојки за Боза:
- 5л вода
- 2 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 1 шолја боза или приготвена поткваса

Начин на подготовка:
Брашното се препечува додека не добие бледо розова боја и се внимава да не прегори со повремено мешање во текот на печењето. Потоа се раствора во малку ладна вода. Така добиената смеса со истура во садот со останатото количество на вода и се става да врие. Се додаават 2 чаши шеќер и се меша додека смесата да зоврие. После зовривањето се продолжува да се меша уште 5-6 минути и се трга од огнот. Се остава да се олади и се додава една чаша боза или од претходно подготвената поткваса. Садот со течноста се чува на топло неколку дена (2-3) да ферментира. После тоа, се полни во шишиња и се става во ладилник да си излади.

Доколку немате боза, имаме рецепта за поткваса за бозата
Потребни состојки се 1-2 лажици препечено брашно, 1 чаша млака вода и 1 лажица шеќер. Се подготвува на следниот начин: препеченото брашно се раствара во водата и се додава шеќер, смесата се остава 2-3 дена на топло да скисне и повремено се промешува.

Таа мувла јас мислам дека повеќе би содржела вински и оцетни ензими одколку пивски.

Останува решение да пробам од оние прашоцине што ги продаваат во теретани како пивски квасец. Ќе земам мала количина и ќе ја потопам во топла заблажена вода ако почне да реагира за одприлика еден час значи има нешто живо во нејзе, а во меѓувреме ќе нарачам од странство некој подобар вински квасец за следна проба.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 23:43 ---
пивскиот квасец може да се користе и во винарството за тоа мислев на некоја в.визба приватна да прашаш можеби ќе те упатат барем од каде да набавиш.....
Грозјето само по себе содржи свој вински квасец, е сега тој може да биде и добар и лош. Па затоа винарите на кои тоа им е професија не ризикуваат, најпрво го убиваат винскиот квасец кој го содржи грозјето па потоа додаваат одгледан вински квасец и еден дел од грижата им е завршен.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Бозата е пијалок со максиум 1% алкохол, и нема ама баш никаква врска со виноto, башка квасецот на бозата е обично брашно со вода расипано од стоење :drk:

А еве и рецепта па кој сака нека проба :coffee:

Таа мувла јас мислам дека повеќе би содржела вински и оцетни ензими одколку пивски.

Останува решение да пробам од оние прашоцине што ги продаваат во теретани како пивски квасец. Ќе земам мала количина и ќе ја потопам во топла заблажена вода ако почне да реагира за одприлика еден час значи има нешто живо во нејзе, а во меѓувреме ќе нарачам од странство некој подобар вински квасец за следна проба.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 23:43 ---

Грозјето само по себе содржи свој вински квасец, е сега тој може да биде и добар и лош. Па затоа винарите на кои тоа им е професија не ризикуваат, најпрво го убиваат винскиот квасец кој го содржи грозјето па потоа додаваат одгледан вински квасец и еден дел од грижата им е завршен.
Погрешно бозата содржи еден процент на алкохол, Значи боза смее да содржи највеќе 1 % алкохол што не значи дека ако ја оставиш да исферментира подолг период дека нема да има повеќе алкохол во неа.
И кај ги копаш рецептиве жити се ? Ова нема ни Б од Боза. Ова некој си го пишал рецептов од ракав или тој што си прави нешто дома па решил да го вика боза :pos:
Боза се прави од пченкарно брашно печено, јачменово,овес, пченично.
7 литри вода 1600 -1700 грама брашно, шеќер кило ипол до две кила.Квасец една коцка.
Види знам како почетник имаш мерак, сакаш се да научиш но едно да знаеш , дека на инернетов нема да најдеш ниеден асален рецепт или процес детално опишан, рецепти во овој стил колку за споредба сега.
Ајвар
5 кила пипер
шоља шекер
шоља зејтин
100 грама сол
испржете и ставете во тегли :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
пивскиот квасец може да се користе и во винарството ....
Moже ама прашањето е дели ќе сакаш да го пиеш тоа што ќе испадне... :)

Останува решение да пробам од оние прашоцине што ги продаваат во теретани како пивски квасец. Ќе земам мала количина и ќе ја потопам во топла заблажена вода ако почне да реагира за одприлика еден час значи има нешто живо во нејзе, а во меѓувреме ќе нарачам од странство некој подобар вински квасец за следна проба.
Пробај, 90% се изгледите дека не би требало да испадне ништо од тоа. И по некое чудо да успееш да го активираш, пак не знаеш точно што квасец ставиле таму...

Три забелешки.
- Пекарски квасец (Saccharomyces cerevisiae) е истиот вид квасец со разните пивски квасци. Разликата е во тоа што пивските квасци се подвидови кои се преку генетска селекција специјализирани за ферментирање на пиво со пожелни карактеристики. Муабетот ми е дека ако си доволно очаен пекарскиот квасец ти е најдобра опција и доста имаат правено и прават пиво со овој квасец. Како што пишав и погоре може да биде непредвидлив, може да испадне ОК, може да испадне со лоши ароми и подвкусови а може и да исферменира ден-два и да запре, па да те остави со сок од малтоза.
- Комерцијални вински квасци тука тешко ќе најдеш и нема да вршат работа за правење пиво. А ако нарачуваш од странство... па зошто побогу не нарачаш квасец за пиво. Имаш на 2рата страна од темава пример за комерцијален пивски квасец. Квасецот е евтин, поштарината ќе кошта многу повеќе.
- Кога ќе почнам некад да правам пиво, ќе можам да подарувам свеж квасец од остатоците од ферментацијата. Не знам кога точно ќе биде тоа... може зимава а може и идната.... :)
 
П

Пепси_

Гостин
Друже не ги мешај брзините.....Saccharomyces cerevisiae всушност се нарекува и пивски квасец,а спаѓа во фамилијата сахаромицетаце. Е сеа тебе ти треба добитната селекција за правење добро пиво,со овие ќе направиш нешто ама тоа нема да личе на ништо. т.е. на жими мајка ќе одиш.
 
Квасара битола произведува вински квас, и тоа т-42 што би било најблиску до пивскиот.
Ама пак не е тоа тоа. Квасецот дава боја,мирис,вкус,боја на пивото,тврдост на пења.Од него зависи дали ке добиеш суво или влажно пиво.
Прво ајде како да одредиме дали некое пиво е “ добро „ пиво , пиеш литро литро ипол, одиш во ВЦ , го нема оној непријатен мирис на скапан јачмен . :pos: Добро пиво.
А кај повеќето комерциални пива овде па и скопското , корне дури и само едно пиво да имаш испиено.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Друже не ги мешај брзините.....Saccharomyces cerevisiae всушност се нарекува и пивски квасец,а спаѓа во фамилијата сахаромицетаце. Е сеа тебе ти треба добитната селекција за правење добро пиво,со овие ќе направиш нешто ама тоа нема да личе на ништо. т.е. на жими мајка ќе одиш.
Момак, ај да не се вреѓаме сега... :)
Ти го прати момакот што сака да прави пиво, кај винарите по квасец... а сега „ситначариш„ какво пиво ќе испадне од пекарски квасец. Препрочитај еден пост над тебе, напишав убаво што може да се очекува од таа авантура.
Нормално дека за пиво треба пивски квасец, а не вински или пекарски.

Туку ај да не се спамираме со глупости, пишувајте релевантни работи, искуства за процесот на правење пиво а не нагаѓања и натегања.
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5
Погрешно бозата содржи еден процент на алкохол, Значи боза смее да содржи највеќе 1 % алкохол што не значи дека ако ја оставиш да исферментира подолг период дека нема да има повеќе алкохол во неа.
И кај ги копаш рецептиве жити се ? Ова нема ни Б од Боза. Ова некој си го пишал рецептов од ракав или тој што си прави нешто дома па решил да го вика боза :pos:
Боза се прави од пченкарно брашно печено, јачменово,овес, пченично.
7 литри вода 1600 -1700 грама брашно, шеќер кило ипол до две кила.Квасец една коцка.
Види знам како почетник имаш мерак, сакаш се да научиш но едно да знаеш , дека на инернетов нема да најдеш ниеден асален рецепт или процес детално опишан, рецепти во овој стил колку за споредба сега.
Ајвар
5 кила пипер
шоља шекер
шоља зејтин
100 грама сол
испржете и ставете во тегли :icon_lol:
Бозата содржи еден процент на алкохол бидејки и толку се дозволува да изврие 2 до три дена. Подолго вриење веќе е расипана боза без блажина и цел ден нема да станеш од шоља :drk:

Види сега работа, викаш нема Б од боза а пишуваш речиси сличен рецепт хммм.

Значи пробано направено и вкусено, и ова што е напишано е меѓу најблиските рецепти за боза, е сега вкусот се дотерува најчесто со комбинација на брашна во кое најголем удел има брашното од просо.

НИКОГАШ ама никогаш нема да добиеш перфектна боза бидејки сепак тоа се строго чувани тајни од бозарите, и токму затоа Бозата е мистичен освежителен пијалок кој ќе продолжи да се конзумира кај нас и понатаму.

Друже почетник сум за Пиво, но како бутелско дете немој да ми се мешаш во Бозата ниту пак во Виното :нинџ::sneaky:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
На пат се водните филтри, изгледа ќе ги имам побрзо од планираното:

Ова е најлесниот дел за импровизција дома, инаку ова служи за спречување на директен контакт на надворешната средина со вортот. Ворт е растворен слад во вода и разложен на прости шеќери од ензимите на изр'теното зрно јачмен (ако некој го знае македонскиот збор за Wort би бил благодарен).

Водните филтри (Air-Lock) се лесни за импровизација. Се што треба е црево (по можност провидно) од садот за ферментација до еден сад полн со вода.

Во „домашна изведба„:
 
П

Пепси_

Гостин
Момак, ај да не се вреѓаме сега... :)
Ти го прати момакот што сака да прави пиво, кај винарите по квасец... а сега „ситначариш„ какво пиво ќе испадне од пекарски квасец. Препрочитај еден пост над тебе, напишав убаво што може да се очекува од таа авантура.
Нормално дека за пиво треба пивски квасец, а не вински или пекарски.

Туку ај да не се спамираме со глупости, пишувајте релевантни работи, искуства за процесот на правење пиво а не нагаѓања и натегања.
Никакво вреѓање.....само ти кажувам дека сахаромицес церевисје се нарекува пивски квасец,а исто се користе и во винарството брзо да ја започне ферментацијата и да дигне голем % алкохол. И јас му реков да оде во винарија за да допре до било каква информација за од каде може да набаве квасец (не ваков) туку каков што му треба,бидејчи тие сепак се веќе упатени бидејќи увезуваат ваљда или од кај нас си имат некој доставувач. КРАЈ ЗА ТОА не е битно.

Еве ти веќе решена солуција а се нарекува Бургундски вран (се користе и во винарството) :icon_lol:

и изгледа вака:

има и други модели (овој го најдов на нет) и се полне со вода нели,и при ферментацијата се дига излегува јаглерод диоксид а не влева ништо. Мислам дека чинат околу 2-300 денара.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
На пат се водните филтри, изгледа ќе ги имам побрзо од планираното:

Ова е најлесниот дел за импровизција дома, инаку ова служи за спречување на директен контакт на надворешната средина со вортот. Ворт е растворен слад во вода и разложен на прости шеќери од ензимите на изр'теното зрно јачмен (ако некој го знае македонскиот збор за Wort би бил благодарен).

Водните филтри (Air-Lock) се лесни за импровизација. Се што треба е црево (по можност провидно) од садот за ферментација до еден сад полн со вода.

Во „домашна изведба„:
Wort - Маја / Сириште :icon_mrgr:
Пожелно е наместо вода во садовите цревото или филтерот да биде наполнет со некој шпиритус. Зошто многу лесно може да се случи да повлече од течноста внатре,посебно ако од некој причина дојде до нагла промена на температурата.
Притоа се да отиде по ѓаволите:icon_lol:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Пиво не продавам, хмељ ако сакаш така ќе ти го дадам, а за пробување дури после нова година.
Бидна ли пивото? Кога планираш да правиш следен пат?
Ако нема за пробување, сакам да присуствувам барем на правењето :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Бидна ли пивото? Кога планираш да правиш следен пат?
Ако нема за пробување, сакам да присуствувам барем на правењето :)
Бидна остана некое шише ќе скријам , за правење во текот наа идниот месец секако преку викенд престилка да си земеш,ќе те викам ич да не се секираш за тоа :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Бидна остана некое шише ќе скријам , за правење во текот наа идниот месец секако преку викенд престилка да си земеш,ќе те викам ич да не се секираш за тоа :)
Обавезно да викаш, сакам да видам како оди правењето и нормално - да пробам да направам и јас.
Малку околу состојките мислам дека ќе имам мака, ама ете, со помош на твоите совети и препораки, ќе го надминеме и тоа :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Обавезно да викаш, сакам да видам како оди правењето и нормално - да пробам да направам и јас.
Малку околу состојките мислам дека ќе имам мака, ама ете, со помош на твоите совети и препораки, ќе го надминеме и тоа :)
Немаш гајле се ќе средиме, а може и следната шаржа 30/50 литри да биде “Кајгана-Бира“ ќе земеш апаратот и цела постапка ќе се документира после ќе се курчиме како прв форум на балканот ( ако не и на глобално ниво ) кој што има свое пиво.
После тоа разбира се кајгаѓии ќе го пијат на собиранка или парк или некаде кај шо ќе се одреди. Па сега што ќе испадне тоа, сматок сматок кајгана кајгана на око на око,ќе се испие нема да се фрли :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom