Мојата дeфиниција за добар маж е: „Добар е оној маж што го сакаш и со којшто можеш да бидеш она што си.“
Кога бев тинејџерка имаше митови каков ттреба да биде дечкото: црн со сини очи, висок 190цм, да биде паметен и образован, да биде добар.
И така си пишуваш у лексиконот на другарка ти, а се зацепуваш у суштество што сушта споротивност на сето тоа.
Среќна сум што уште многу млада сфатив дека НЕМА ФОРМУЛИ ни за пријателства, ниту за врски, ни за среќа! Тоа се нешта што се случуваат.
Сум сретнала:
-многу убави мажи кои престанувале да бидат тоа после првите две реченици,
-многу паметни мажи не само по образование, а се смртно досадни,
-многу интерсни мажи, ама ја немало искрата.
Последниве години не живеам во Македонија и имав шанса да им раскажувма на странциве за нашиот начин на живот, за жените, мажите етц и кога и да зборував за мажите, имав чувство дека ги претставувам пребалкански и имав грижа ан совест, а после секое мое излагање коментарите беа следниве:
-Навистина ли се мажите кај вас текви принцови?
-Одиме во Македонија!!!
На почетокот мислев дека е недоразбирање, ама со тек на време сфатив дека на жените им е смачено од еднаквост, има е смачено од бричени мажи, мускулисти, како фотошпирани, многу повеќе заинтересрани за себе отколку за жените
Имам пријателка вљубена во Македонец и најмногу ја привлекува е тоа што е вистински маж. Тој е првиот со којшто се чувствува како жена.
Еве интересен цитат, кој расветлува многу нејаснотии:
„Every woman adores a Fascist,
the boot in the face, the brute
Brute heart of a brute like you."
Sylvia Plath