Почит!

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, ова е според мене збор со големо значење, збор мал по себе но со голема тежина.

Што значи за вас овој збор? Како ќе го дефинирате овој термин?

Кои се луѓето кои ги почитувате?

Какви луѓе почитувате?

Кои се критериумите за почит? Што е пресудно, делата, начинот на размислување, постапките, мислите?

Колкава е нивната бројка, голема или тесен кругот на луѓе што ги почитувате?

Има ли вистинска почит? или се е глума и лага?
Има ли почитта граници, димензии?
Постои голема, мала? Или битно е да почитуваш, но како и колку не е битно?

Почитта мора ли секогаш да биде возвратена? Ги почитивате луѓето што ве почитуваат, или тоа не мора да биде услов?

Што значи некој човек да биде почитуван од ваша страна, какво место зазема во вашиот живот?

Можеме ли да составиме топ 5 листа на ваши најпочитувани личности? Кој се наоѓа таму?

Некој луѓе сме приморани да ги почитувани (пример: роднини, професори, лекари и сл.), се држите строго до тоа или оној кој што е општо почитуван не значи дека е почитуван и од ваша страна?

Има ли луѓе што вечно ќе ги почитувате? Луѓе што ви значат, луѓе кои имаат посебно место помеѓу вашите пријатели-посбено место во вашиот живот?

И на крај,колку личниот углед е детерминиран од почитта од средината? Главниот услов за углед и респект е почитта?
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Многу прашања си поставил City, така да го избегниме оној момент на цитирање на секое од нив. Да зборувaме само за некои димензии од “почитта“ кои не тангираат и ни се интересни.
Јас би сакала да одиме и психолошки малку, иако е темата во општи.

Повеќе ги почитувам лугето кои се искрени со мене. И сега да не почнам да трујам со концептот: почитувам морални, амбициозни луге, бла, бла...
Оној дел ми беше интересен: Дали ги почитувате лугето кои вас не ве почитуваат. Тука има за шо да се размислува. Сето друго, е помалку или повеке ја почитувам мајка ми и бртучетка ми и наставничката од средно -муабет.
А, колку повеќе стареам толку понесугестибилна сум или помалку импресивно ги доживувам авторитетите. За да почитувам некој ми треба многу. А и не толку многу.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Дали ги почитувате лугето кои вас не ве почитуваат. Тука има за шо да се размислува.
Баш тука нема што да се размислува. Освен - ако не си емотивен мазохист.

Океј, ајде да видиме конкретен пример. Зошто би го почитувале?

И убаво си кажа city, некои сме приморани да ги почитуваме (како што рече ти учителката), ама тоа е вештачки. Затоа, пак си праша city, дали има вистинска почит, кон кого, зошто и така натаму...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Почитувам луѓе со цврсто изградени морални вредности.Луѓе кои имаат поставено црвена линија и во никој случај не ја преминуваат.Сакам луѓе со цврсти размислувања,кои стојат цврсто на земјата со две нозе.
Мислам дека не е возможно да постои лажна почит.Всушност,може,ако таа особа ги лаже другите дека ги почитува,но тоа повеќе би рекла дека е повеќе лажно ласкање отколку почитување.
Во принцип,би рекла дека имам почит за секој човек кој е свој,кој мисли со своја глава.Единствено не ги почитувам оние расипани,подли луѓе кои се трудат да им го загорчат животот на другите,кои прават сплетки,луѓе кои едноставно немаат емоции,не ги интересираат чувствата на другите.Не ги презирам,но многу ладнокрвно реагирам на таквите луѓе.Би рекла дека ме изненадуваат во негативна смисла.

Голем е бројот на луѓе кои ги почитувам.
Но,личност која вечно ќе и се одушевувам,почитувам,идолизирам дури,ќе биде мајка ми.Прекрасна жена во секоја смисла на зборот.Нема друг човек за мене на планетава како неа.Идол ми е и бескрајно ја почитувам и НИШТО не би можело да остави дамка на таа почит.

Секој човек,кој има човечност во себе - заслужува почит.Секој човек кој има емоции,кој има цели и идеали во животот,ја има мојата почит.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Почитувам повеќе профили на луѓе:

1. Реализирани - според мои критериуми, луѓе кои успеале да остварат нешто што посакувале, се заложиле и работеле напорно, можеби некогаш бескрупулозно, маијавелистички пристапиле кон реализација на одредена цел - но ја оствариле. Заслужуваат почит за одлучноста и вољата (исклучок: новопечени богаташи кои си пустат фамилија за стекнување Моќ)

2. Авторитети - Учителката е вештачки наметнат авторитет. Но родителот, не мора да е. Кога авторитативна личност (според мене, има луѓе кои се раѓаат со оваа аура) се постави човечки спрема мене, ја заслужува мојата почит. Има случаи меѓу авторитативните личности и интеракцијата кон "потчинетите" во смисол на начинот на стекнување на почитта, т.е. страво-почитта: понекогаш авторитетот не покажува човечност, ами само помала нечовечност од возможната, и кај некого буди емоции од типот "сами да земеме јаже кога ќе не бесите?", при што почитта оди до мерка на делузија и апсолутно потчинување пред авторитетот.

3. True to yourself - Мојата омилена група. Искрени копилиња, или лажливи ангели - сепак луѓе кои не одстапуваат од некои свои карактерни црти кои ги прават loveable за сите нас кои кај нив сме препознале особина која потајно ни фали, и ги земаме за еден вид на лични херои. И во тешко и во добро, овие луѓе се добри пријатели, верни и секогаш подготвени да помогнат. Ја заслужуваат мојата почит. Лажливи ангели го споменав како термин поради апсолутната несовршеност и склоност кон правење на грешки на секој еден од нас, како луѓе. Но овие луѓе ја имаат особената доблест да ја признаат грешката која како појава која предизвикува туѓа несреќа не се вклопува во нивниот начин на функционирање.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Не, тоа со почитувањето на оној кој не не почитува беше повеќе како иронична забелешка. Се согласувам со Мистичен за емотивни-мазохисти моментот. :)

Туку, и мене проблемот ми е вистинската почит. `Се поретки се лугето (вака генерално да се изразам) кои според некои еве непишани стандарди треба да заслужат вистинска почит.
Еве некои парметри (ако одиме така)...
да се/морални/паметни/успешни/добри... Ова е ретрограден филозофски концепт ама уште ми е мерило за почит.
Во современието или ке бидат само успешни а неморални... Или само паметни а нереализирани. Еден човек за да биде вистински почитуван, треба многу да се потруди.
Than again, стандардите за почит кај секој се различни. Некој помалку вешт џепчија на пример, може вистински да почитува некој солиден ограбувач на банки... И така натаму... Не му треба цела листа на епитети. :)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Почитувам повеќе профили на луѓе:

1. Реализирани - според мои критериуми, луѓе кои успеале да остварат нешто што посакувале, се заложиле и работеле напорно, можеби некогаш бескрупулозно, маијавелистички пристапиле кон реализација на одредена цел - но ја оствариле. Заслужуваат почит за одлучноста и вољата (исклучок: новопечени богаташи кои си пустат фамилија за стекнување Моќ)
И мене овие луѓе ми се на врвот на листата. Ги почитувам и сакам луѓето кои го оствариле сонот, луѓе кои се реализирани. Ги почитувам и ценам луѓето кои се успешни.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Го почитувам секој оној кој ја зборува вистината, кој е искрен, кој си ја цени и сака фамилијата. Го почитувам оној кој знае и научил што сака, и знае како да се избори да го има...Го почитувам оној кој не се срами безусловно да сака....
Го почитувам секој оној кој знае да се почитува себеси и да го почитува другиот...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Јас ги почитувам постарите.семејството и пријателите.Почитта што ја покажуваме е од тоа од дома колку те воспитале. Не треба на пример на секое прекорување од родителите ти да се лутиш и да се нервираш. Тие мислат сепак за твое најдобро. Постои вистинска почит не е се лага. Кога почитувам некого сакам и тие да ме почитуваат онака како што јас ги почитувам нив. Оние што ги почитувам дефинитивно се составен дел од мојот живот.
 
Член од
18 јуни 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Уф Почит-голем збор кој не секој го заслужува.. мислам дека е и повеќе од јасно кој би го заслужил.. првично го почитувам оној кој ме почитува, па дури и да нема некоја посебна карактеристика за тоа, но сосем доволно е неговата почит кон мене, понатаму е јасно.. оние кои успеваат да ме воодушеват со нивните дела, карактери, упорност, амбициозност, снаодливост, добрина.. итн :smir: да додадам, почитта можеби се добива тешко.. но се губи многу лесно..
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Се трудам да покажам почитување кон сите,,но тие што ја преминале границата во односот спрема мене,,и јас заборавам дека заслужуваат почит...Но такви луѓе речиси не постојат барем за мене или постојат многу малку..
Инаку многу е тешко да се дефинира што означува почитта..Факт е дека секој човек ја заслужува,,и тоа треба да биде дел од сечија култура,,на пр.почит кон постарите и непознатите..Јас ги почитувам луѓето кои ми се добри пријатели како и роднините,,кои знам дека ме почитуваат и никогаш не би ме изневериле..Исто така оние кои прават добри дела,,кои не мислат лошо,,кои се искрени и чесни,,исто така тука спаѓаат и луѓето на кои им се восхитувам за нешто,,чиј што добар пример би сакала да го следам..Секако дека од сите нив и јас очекувам да ја добијам истата почит,,доколку не,,значи дека ни тие не ја заслужуваат мојата...И точно е тоа погоре што рековте дека многу лесно се губи,,затоа што ми се случило да толку се разочарам во некоја личност што сум ја почитувала,,што заборавам на се и едноставно почитта која сум ја негувала толку време изчезнува за момент.. Инаку општо почитуваните луѓе нормално дека ја имаат и мојата почит,,тоа е секако дел од културата..И да,,има влијание врз т.н. угледот,,иако не мора секогаш да биде пресудно затоа што околината е таква секогаш ќе има и такви кои те почитувааат но и од 'оние другите':pipi:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Се трудам да покажам почитување кон сите,,но тие што ја преминале границата во односот спрема мене,,и јас заборавам дека заслужуваат почит...Но такви луѓе речиси не постојат барем за мене или постојат многу малку..
Инаку многу е тешко да се дефинира што означува почитта..Факт е дека секој човек ја заслужува,,и тоа треба да биде дел од сечија култура,,на пр.почит кон постарите и непознатите..Јас ги почитувам луѓето кои ми се добри пријатели како и роднините,,кои знам дека ме почитуваат и никогаш не би ме изневериле..Исто така оние кои прават добри дела,,кои не мислат лошо,,кои се искрени и чесни,,исто така тука спаѓаат и луѓето на кои им се восхитувам за нешто,,чиј што добар пример би сакала да го следам..Секако дека од сите нив и јас очекувам да ја добијам истата почит,,доколку не,,значи дека ни тие не ја заслужуваат мојата...И точно е тоа погоре што рековте дека многу лесно се губи,,затоа што ми се случило да толку се разочарам во некоја личност што сум ја почитувала,,што заборавам на се и едноставно почитта која сум ја негувала толку време изчезнува за момент.. Инаку општо почитуваните луѓе нормално дека ја имаат и мојата почит,,тоа е секако дел од културата..И да,,има влијание врз т.н. угледот,,иако не мора секогаш да биде пресудно затоа што околината е таква секогаш ќе има и такви кои те почитувааат но и од 'оние другите':pipi:
same....
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
За почит човек треба да се потруди и да ја заслужи од други. Како и за мене не можам да почитувам некој кој што се прави дека се знае, те саботира и не знам сеа не ми текнуваат примери. Ама знам дека човек за почит е оној кој што знае да вреднува работи и кај тебе и кај други. Да не ти суди за тоа кој си и каков си или да суди на други. Да сака нешто и да успее во тоа. Особено тие луѓе кои што си застанале зад зборот и успеале најмногу ги поштувам.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Почит - тоа го заслужува оној кој го направил она што го сакал.

И не мора да се перчи со материјални достигнувања, или со маркетинг; неговите сопствени духовни достигнувања извираат од него. Неговиот внатрешен мир, стабилност и задоволство извираат од него.

И таков човек предизвикува чувства кај останатите луѓе што со еден збор се нарекуваат почит.



Мое мислење.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Оние коишто заслужиле да ги почитувам ги почитувам без разлика на нивниот статус во општеството,доколку успеал кај мене да продре на било кој начин ја заслужува мојата почит,а оние вештачки наметнати почити како професори и слично не ги ни регистрирам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom