Иконата на американската култура на 70-тите години и легендарниот „Чарлиев ангел“, Фара Фосит почина во четвртокот на 62-годишна возраст по долга и тешко боледување во болница во Лос Анџелес.
Глумицата, позната по својата исклучително широка насмевка и бујната руса коса од 2006 година се бореше со ракот на дебело црево кој и покрај многубројните агресивни терапии во Германија и Калифорнија и се прошири и на црниот дроб.
Пред само шест недели, во мај, прикажан е и нејзиниот личен некролог - видео дневник, кој го водела во текот на последните месеци од својот живот насловен како „Приказната на Фара“.
Некогашниот секс симбол и „златната девојка на Холивуд“ само пред неколку дена конечно се согласи да се омажи за својот долгогодишен партнер и познат глумец Рајан О Нил, со кого го има синот Редмонд.
Фара Фосит ќе остане запаметена по улогата на гламурозната Џил Мароу во серијалот за три приватни детективки, „Ангелите на Чарли“, како и по улогата во филмот „Екстреми“ од 1986 година, што и ја донесе и првата од шесте номинации за Златен глобус.
http://www.time.mk/story_835c390699_article_c8dc573d19.html