Иако судот ја прогласи нејзината смрт за природна, се шпекулира дека младата актерка Британи Марфи починала од...
.. коктел лекови, а сомнежите се зголемуваат откако нејзиниот сопруг изјави дека ќе забрани обдукција на нејзиното тело.
Преставник на судот во Лос Анџелес потврди дека Марфи колабирала под туш и нејзината смрт е природна, иако не се знае точната причина за срцевиот удар.
Мајката на актерката им кажала на докторите дека Марфи боледувала од дијабетис, меѓутоа, тие сметаат дека болеста неможела да биде причина за ваква смрт.
Информациите говорат дека Британи повраќала низ цел стан каде живеела со нејзиниот сопруг Симон Моњак, а потоа заминала под туш, каде починала.
Веднаш штом била пронајдена, 32 годишната актерка била префрлена во "Cedars-Sinai" медицинскиот центар, каде била прогласена за мртва во неделата наутро во 10:04 часот.
R.I.P :-(((((