Почина Арбен Џафери

Статус
Затворена за нови мислења.
L

.Lost Angel.

Гостин
Never say never...Македонија е земја на чудата.
Па незнам и баш во Скопје на плоштад никогаш нема да го стават за на др албанско место незнам ама за во Скопје на плоштад никогаш :)
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Тој беше кој велеше дека Македонија е бугарска ( за време на една бугарска емисија ), и работеше против Македонија ..... да не терам понатаму ...
 
P

Princ

Гостин
Па незнам и баш во Скопје на плоштад никогаш нема да го стават за на др албанско место незнам ама за во Скопје на плоштад никогаш :)
На плоштадот Скендербег ќе му се гради споменик, а тој плоштад е во Скопје.
Абе видете, тоа дека сте ѓубриња кои плукаат по починат човек иако немаат абер што штета им сторил истиот, е факт и си стои. Ама има тука и една друга приказна која ќе ви ја раскажам другпат ако сте добри деца.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Арбен Џафери до 1994 година живеше и работеше во тогашниот покраински радио телевизиски центар во Приштина, како уредник на културната програма, а се движеше во кругови во кои се дебатирало за човекови и национални права. Таа година, тој се враќа во своето Тетово за да ги зајакне редовите на тогашната ПДПА предводена од младиот Мендух Тачи, кој важеше за радикален политичар. Идејата беше преку вешта интелектуална интерпретарција партиската идеологија да ја стави во демократската рамка. Набрзо стана и претседател на партијата. Некои негови ставови предизвикаа негативни реакции во македонската јавност. Тој, како врвни приоритети ги постави, менување на државното уредување, официјална употреба на албанскиот јазик и високото образование, повика на историски договор помеѓу Македонците и Албанците и на консезуално одлучување. Изјава од тоа време која ќе се памети е поврзана со залагањата за промена на Уставот, ја даде токму за Телма.

-И кога легнувам и кога се будам, и дење и ноќе јас постојано размислувам за промена на Уставот. Тоа не е никаква вест, зашто за тоа јас говорам и пред претставниците на меѓународната заедница, изјави тогаш Џафери.
Џафери избра да не биде член на Владата кога неговата партија, и официјално преименувана во ДПА, стапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. Изјави даваше кога се случуваа поважни настани, како на пример, за бегалската криза од Косово во 1999 година, воената интервенција врз тогашна СРЈугославија. Тој ја смируваше македонската јавност. Во 2001 година, долго време заедно со Тачи, официјално,се држеше понастрана од тогашната ОНА. Потоа, кога и тој го потпиша Охридскиот договор, изјави дека е реализиран неговиот сон.
-Врз основа на одредбите од Рамковниот договор, јас избрав во овој момент да говорам на мојот јазик, рече Џафери, започнувајќи го својот говор на албански јазик по повод потпишувањето на Охридскиот мировен договор.
Неговото обраќање предизвика непријатни чувства кај дел од политичките лидери, а неговиот коалициски партнер набрзо и ја напушти мачната церемонија. Времето по конфликтот изобилуваше со политички турбуленции, Тачи не им беше омилен на Американците, кои го ставија на својата црна листа, симпатичен не им беше ниту Џафери, кој изјави дека го повлекува својот потпис, како што рече, од „карикатуралниот Рамковен договор“.
И пред и по 2001 година Џафери и не криеше дека ја преферира европска политика и европските интеграции .
-На моите соговорници им кажав дека Македонија треба да влезе во Европа, но и дека Европа треба да дојде во Македонија, нагласи Џафери во една своја изјава во 1998 година по разговорите со претставници од Брисел.
Сонот на Арбен џафери
Малку подоцна, заедно со Тачи пред органите на партијата поднесоа оставки. Образложението на Џафери беше дека сака ДПА да ја заштити од конфликт со меѓународните фактори.
-Јас не сакам мојата партија да ја вовлекувам во судир со меѓународниот фактор, верувам дека со моето повлекување партијата ќе ја заштитам, а таа ќе си најде свои лидери кои ќе ја водат, рече Џафери во 2003 година.
Партијата им ја искажа довербата. Џафери често беше критивун во медиумите и од лидерите на партиската сцена, но сите го почитуваа како искусен политичар. Тој не бегаше од соочувања и од дебати во кои возвраќаше со смирен тон и со свои аргументи. Но, Џафери, долги години го измачуваше Паркинсоновата болест. Неговото повлекување во 2007 година од кормилото на партијата беше конечно, но не ја напушти ниту Македонија ниту ДПА.
-Сигурно и натаму ќе бидам „трн“ на македонската политичка сцена. Ако во ДПА ми дадат можност да советувам, јас тоа ќе го правам, рече Џафери.
Во годините што следеа, се поретко даваше изјави, се поретко го гледавме. Сепак, собираше сила кога партијата имаше потреба од неговото политички искуство. Остави силен печат во двете децении на македонски политички плурализам. Последен пат го видовме неодамна, кога се договараше политичка соработка помеѓу опозициските СДСМ и ДПА.

--- надополнето: 15 август 2012 во 18:57 ---
паролата на браќата еден за сите ,сите за еден
и ние доаѓаме со тебе Арби


Една зоља и ајт поздрав по дома :mad:
 
А

Анноун

Гостин
Следниот чекор на газолижачката Македонија очекувам да биде една минута молк вечер пред утакмицата на градски против Литванија .
Ништо чудно , верувајте . Веќе ништо не може да ме изненади.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
На плоштадот Скендербег ќе му се гради споменик, а тој плоштад е во Скопје.
Абе видете, тоа дека сте ѓубриња кои плукаат по починат човек иако немаат абер што штета им сторил истиот, е факт и си стои. Ама има тука и една друга приказна која ќе ви ја раскажам другпат ако сте добри деца.
Само ја кажувам вистината а полека со ѓубриња :) На многу мина и е јасно што човек бил арбен итн. а дека е плоштад во Скопје да ама кај ацета важно нема да му стават :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Арбен на церемонијата со потпишувањето проговори на Албански и Трајковски си замина од говорот?
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
На плоштадот Скендербег ќе му се гради споменик, а тој плоштад е во Скопје.
Абе видете, тоа дека сте ѓубриња кои плукаат по починат човек иако немаат абер што штета им сторил истиот, е факт и си стои. Ама има тука и една друга приказна која ќе ви ја раскажам другпат ако сте добри деца.
биди сигурен дека ќе му се гради споменик , ке си има надгробна плоча ке му сија на сонце и толку
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Ахх сеќавања ми навреа...
Возам јас во полу-делиријантна состојба и на тој пешачкиот пред МАНУ, што нема ни ознаки ни бутур, ми излетуваат двајца фаери пред хауба. Удирам на кочница и пред мене поминуваат Тачи и Џафери, одејќи како спахии. Тачи му кажуваше нешто на Џафери и двајцата имаа осмех од уво до уво. Ептен ме орасположи ведриот дух на браќава, и и јас си продолжив со широк осмех по мојот пат. Идам вечерта дома и пуштам вести, и гледам дека во МАНУ дошол некаков си абдал од ЕУ и имало кју енд еј после неговата презентација. Џафери последен бара збор и прашува нешто на албански. Сите збунети, нема преведувач, гостинов како волкот в зелки. Викаа наоколу, бараа луѓе и се најде на крај јунак да преведе: Арбен прашувал зошто немал право да се обрати на албански. Мета нивото на заебанција кое го оствари Арбен со ова прашање е според мене недостигнато во пишанава историја. Кога ќе го врзам ова со изразот на лицето што го имаа тој и Тачи кога ги видов одејќи во МАНУ не можам а да не се израдувам на оваа арнаутска ѓурултија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom