Што кога го гледате крајот на врската, но не сакате да си признаете. Кога седнувате да правите муабет за тоа што се случува со вас, но немате што да си кажете, тишината збори. Свесни сте и двајцата дека почнува почетокот на крајот, но цело време се убедувате дека е лош период којшто ќе помине
Што ќе направите тогаш? Ќе прекинете, или ќе се борите со последните сили за да успеете? Или можеби ќе оставите на времето да ви покаже што ќе се случува понатаму?:smir:
Некогаш... (кога бев помлад и понеискусен)
се борев како лав до последно за да спасам врска што ми значи.
Гледано од денешна перспектива,
кога ќе осетам таков модус у врската,
знам дека треба да раскинеме.
Меѓудругото заради тоа што сакам да ги заштедам сите оние церемонии,плачки,гачки...
силни обвинуења кои што следат од тој момент кога крајот ќе го видиш...
до дефинитивниот крај.
Нема потреба. :wink: :back: