Странец
Неколку години откако јас дојдов на овој свет, татко ми се запозна со еден странец кој штотуку беше дошол во нашиот град. Отсекогаш беше љубезен со сите па многу брзо го покани странецот да живее кај нас со нашето семејство. За многу кратко време го прифативме и од тогаш тој живее со нас.
Додека растев ниту еднаш не се запрашав за неговата улога во нашето семејство. Во мојот детски ум тој имаше посебно место.Моите родители ме воспитуваа по сите основи: мајка ми ме научи да разликувам добро од зло, а татко ми ме учеше да бидам послушен.
Но, странецот, имаше посебна улога. Тој можеше да не држи со часови заедно со своите авантури, мистерии и комедии.
Кога сакав да научам нешто за политиката, историјата или науката тој секогаш ги знаеше сите одговори за минатото, ја разбираше сегашноста и се чинеше дури и дека е во состојба да ја предвиди иднината.
Го однесе моето семејство и на првиот значаен фудбалски натпревар. Знаеше да ме насмее и растажи.
Странецот никогаш не престана да зборува, но тоа изгледа не му пречеше на татко ми.
Понекогаш, мајка ми тивко стануваше и доаѓаше во кујната каде беше тивко и мирно, додека ние останатите се стишувавме едни со други за да чуеме што има тој да ни каже. Денес се прашувам дали таа некогаш потајно се молеше странецот да си замине од нашиот дом.
Татко ми управуваше со нашиот дом со одредени морални норми, но странецот никогаш не чувствуваше обврска да се придржува до нив.
Прости приказни не беа дозволени во нашата куќа. Ниту од нас, ниту од нашите пријатели и посетители. Од друга страна, нашиот долгогодишен посетител лесно се провлекуваше со пцовки кои ги параа моите уши и го тераа татко ми да побесни, а мајка ми да поцрвене.
Татко ми не дозволуваше либерална употреба на алкохолот, но странецот секојдневно не поттикнуваше редовно да го пиеме.
Тој правеше цигарите да изгледаат привлечно, пурите – џентлменски, а муштиклите – префинето.
Слободно зборуваше за сексот, дури и премногу. Неговите коментари беа провокативни, понекогаш сугестивни и бесрамни.
Денес знам дека моите сфаќања за љубовта во голема мера се формирани врз основа на приказните на странецот.
Од ден на ден странецот ги негираше вредностите на моите родители, но сепак многу ретко го замолчуваа, и НИКОГАШ не го замолија да го напушти нашиот дом.
Поминаа повеќе од 40 години откако странецот се досели во животот на моето семејство.
Мошне брзо се вклопи, па денес ни од близу не изгледа така восхитувачки како на почетокот.
Дури и денес, ако влезете во куќата на моите родители и понатаму ќе го пронајдете него – како седи во својот ќош, чека некој да го сослуша, да зборува со него додека му ги покажува своите слики.
Како се викаше странецот?
Ние просто го нарековме – Телевизор.
Во меѓувреме доби и сопруга. Ја викаме Компјутер.
Нивното прво дете го викаме Мобилен телефон.
А, нивното второ дете – Фејсбук...
--- надополнето ---
Мудри басни за возрасни
Приказните отсекогаш носат добра поука зад себе. Уште како деца уживавме во мудрите басни за гавранот и лисицата, басните на браќата Грим кои до денес ги помниме. Ова се малку поинакви приказни со поука за повозрасни.
1. Одела Црвенкапа низ шумата кога пред неа излегол волк. Таа тргнала да се качи на дрво, кога тој и вели:
- Црвенкапо, симни се, нема ништо да ти направам.
- Ма дај не лажи мислиш не сум ја читала приказната. Јас ќе се симнам и ти ќе ме изедеш.
- Што ти паѓа на памет, јас сум Вук Караџиќ, симни се слободно.
Се симнала кога стварно што ќе види Вук Караџиќ. Оди понатаму кога пред неа излегол лав. Она на дрво, а лавот од доле.
- Симни се Црвенкапо, ако си ја читала приказната знаеш дека во неа нема лав.
- Знам јас ама лавовите јадат луѓе.
- Ма, што ти паѓа на памет, јас сум американец, Лав Коен.
Се симнала Црвенкапа кога лавот скокнал и ја изел.
Поука: На американците не треба да им се верува ни во басните.
2. Еден ден, во прелетување низ шумата гавранот видел парче леб. Вешто го зел и почнал да си размислува:
- Не смеам да си дозволам да ме прелаже лисицата како со оној гавранот во басната. Ако лисицата каже „добар ден гавране“ јас ќе се правам на луд, зашто ако прозборам ќе ми падне лебот.“
Така лисицата, која исто така ја читала басната, го здогледала гавранот со парче леб, и се одлучила повторно да се обиде да биде главна во литературата.
Л: Добар ден гавране.
Г: (молчел)
Л: Добар ден гавране!
Г: (молчел)
Л: Гавране, директорот ти се швалерисува со жената!
Г: Штоооо? (и отиде лебот)
Поука: Молчи кога директорот ќе ти ја легне жената затоа што ќе останеш без леб!