Ништо за вечерва
Никогаш не сум разбрал зошто сексуалниот нагон кај мажите и жените толку многу се разликува. Никогаш не ја разбрав целата Венера и Марс работа. Никогаш не разбрав зошто мажите мислат со главата а жените со срцето.
На пример: пред неколку вечери, со девојка ми се подготвуваме да си легнеме. По пат почна да се појавува малку страст и работите полека се вжештија.
По некое време, одеднаш ми рече: "Знаеш драги, мислам дека е подобро да не го правиме тоа, вечерва сакам само да држиш во раце ."
"ШТО??!! Што беше ова," со запрепастување ја прашав.
По што, таа ми го даде одговорот од кој секој дечко на планетава се плаши...
"Ти едноставно не си доволно во допир со моите емоционални потреби како жена, за јас да можам да ги задоволам твоите физички потреби како маж."
А на мојот целосно збунет поглед, се дополни со прашањето:
"Не ли може да ме сакаш за тоа што сум а не за работите што ги правам за тебе во креветот?"
Сфатив дека нема ништо да добијам таа вечер, се свртев и заспав.
Следниот ден, направив се за да земам слободен ден од работа за да можам повеќе време да минам со нејзе. Бевме на убав ручек а потоа отидовме на шопинг во еден огромен трговски центар.
Се шуткав наоколу додека таа пробуваше неколку доста скапи комбинации на облека. Не можеше да се реши која да ја одбере па и реков сите да ги купи. Сакаше и нови кондури што ќе и одат со новата облека, па и реков да одбере по еден пар за секое парче облека што го купи. По ова отидовме во одделот со накит, каде избра убав пар дијамантски менѓуши. И да ви кажам... изгледаше по возбудено од кога и да е. Сигурно мислеше дека сум на работ на разумот. Почнав да мислам дека ме тестира кога побара и опрема за тенис и покрај тоа што воопшто не знае да игра тенис. Мислам дека ќе се онесвестеше кога и реков "нема проблем драга." Изгледаше како да ќе доживее оргазам од возбуда. Со огромна насмевка од се што и се случуваше конечно рече:"Мислам дека тоа е се драги, може да одиме на каса."
Одвај може да се воздржам кога и реков: "Знаеш драга, мислам дека е подобро да не го правиме тоа."
Експресно пребледе и со последни сили изговори :"ШТО???"
"Драга! Сакам само да ги ДРЖИШ работиве во раце. Ти едноставно не си доволно во допир со моите финансиски потреби како маж, за да можам да ги задоволам твоите шопинг потреби како жена." И таман кога и се гледаше во очи дека се подготвува да ме убие, дополнив: "Зошто не може да ме сакаш за тоа што сум а не за работите што ти ги купувам?"
Изгледа, и вечерва нема да добијам секс.