Потребни ми се прозорци со максимална изолација на звук - ве молам за совет

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
фрлиму нешто саламче ова она зачинето, вервајми поевтино ке поминиш;)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Брат , заеби не мењај прозори на ова криза..него земи утепај џукелата да не ти лае под прозор.
Ма ОК е, не е само ради кучето, и онака нема никаква изолација, и комшиските деца кога си играат се слуша многу, итн.

Ке сменам, а како што читам веројатно ке му ропнам 5 стакла како што било по аеродромите па што сака нека биде.

Само еве сеуште разгледувам цени, опции, квалитет итн. И нормално, искуства од други корисници.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Е, тоа е тоа што ми треба мене, да си ми жив и здрав. Колкави се димензиите и колку пари те чинеше?
--- надополнето: 27 март 2012 во 13:51 ---

Па ако не ти е мака, би можел по ПП да ми го дадеш бројот, само кажи ми од Скопје ли е фирмава?
--- надополнето: 27 март 2012 во 13:52 ---

Супер, но ако може да ми даде некој сајтови од истите да проверам, пошто јас не ги ни знам фирмите.
Buco Enfapen 070-355-548 Од Скопје е и не се секирај дома ќе ти дојде да земе мера.

А ме чинеше 1200 еур за 2 соби со се ролетни надворешни. Комплет 6 џама и сите да можат да одат на кипање. Значи фулл верзија од сите дрангулии освен ролетна за комарци.
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Малку веројатно е дека во приватен стан постои петослојно стакло, да не се работи за петокоморен профил?
Кажувам дека малку веројатно е заради тоа што, на пример 1 м2 двојно стакло тежи некаде околу 23 кг, а петослојно стакло би тежело одприлика повеќе од дупло од тоа (околу 50кг) и нема прозор што може да го издржи тоа (освен алуминиум) и ќе има многу краток рок на траење.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не знам колку тежи, но кога го монтираа го пукнаа едното стакло па 2-3 дена чекав за ново. Не бев во моментот кога го монтирале ама ги начекав мајсторите и ѓи прашав "Мајстори, зарем толку лесно се кршат џамовиве а тие: батка само зоља сега може да ти ги скрши. Еве 2 години се поставени и едниот од џамовите имаше прилика да попие чекич директ, ни зуцка не му направи.....
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
dzamovi.jpg

Еве како изгледаат прозорците и какви се димензиите. Ке има ли голема разлика во цената пример двата лево да се отвараат двокрилно, и тој од десно да се отвора исто?

Значи зборуваме максимално да бидат отпорни на надворешен звук.
И работата е тоа дали ке можат да се чистат ролетните од внатрешната страна кај оние прозорци што не се отвараат...

Отворен сум на сугестии :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Тешко дека ќе можеш ролетните да ги чистиш ако не се отвара џам.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Денес разгледував и наидов на повеке опции и разлики во цени.

Дали има многу голема разлика, во поглед на изолацијата од звук, ако прозорецот диктува на 2 и на 3 места ??

И двата прозорци се
- 3 стакла по 4 милиметри
- меѓу стаклата има Аргон
- 6 комори на профилот

Не ми е јасно бидејки и двата прозорци се РЕХАУ а едниот е 340 евра (Од фирма од Кавадарци, диктува на 3 места), другиот 250 евра (Од фирма од Кочани. диктува на 2 места).

Дали овој од Кавадарци е прескап, или едноставно многу подобар од овој од Кочани? Дали има големо влијание материјалот на профилот?
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Како што ти пишав и во пораката, многу е важно со каков оков се работи. Имаш оков од 10 па се до 80 еур.
Аргонот нема врска со звучна изолација,
Профилот има, ама не толку голема врска со звучна изолација.
Веројатно МИ Комерц (Кавадарци) се прескапи а тој од Кочани работи со фуш оков.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Разликата во цената е голема од причина што и разликата во профилите е голема кога се работи за Рехау Генео (со три) и Рехау Дизајн (со два).
Мој совет е да си побараш да ти вградат нискоемисионо стакло (Low-E) без разлика кој профил ќе го одбереш за да заштедиш на енергија.
Оков мислам декa Siegenia-Aubi или Maco е солиден, во секој случај барај му подолга гаранција на оковот (10тина години) ако стави нешто фалш.
 
А дали ова нискоемисионо стакло има поголема изолација на звук од обичните што би биле? (Три стакла, аргон, ама обични). За оковот гаранција - мислиш на она што го држи профилот?
--- надополнето: 5 април 2012 во 15:42 ---
Како што ти пишав и во пораката, многу е важно со каков оков се работи. Имаш оков од 10 па се до 80 еур.
Аргонот нема врска со звучна изолација,
Профилот има, ама не толку голема врска со звучна изолација.
Веројатно МИ Комерц (Кавадарци) се прескапи а тој од Кочани работи со фуш оков.
Што е тоа фуш оков друже....? Мислиш на неубав?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А дали ова нискоемисионо стакло има поголема изолација на звук од обичните што би биле? (Три стакла, аргон, ама обични). За оковот гаранција - мислиш на она што го држи профилот?
--- надополнето: 5 април 2012 во 15:42 ---

Што е тоа фуш оков друже....? Мислиш на неубав?
Не, мислам дека само се подобрува топлотната изолација со нискоемисионото стакло.

Да тоа што го држи профилот и исто така рачките, ментеше и останато.
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Јас на оковот (МАКО - Австрија) давам 10 години гаранција, на херметичност на термопан стакло 5 години гаранција, на профилот 50 години гаранција ( и ова не е она селска гаранција, туку фабричка за неменување на боја, својства, извитоперување и сл.)
А за оковот има многу да се зборува. На кратко ке кажам дека можеш да го имаш најдобриот профил, најдоброто стакло, ако имаш фуш (чкарт) оков - прозорот нема да функционира.
Една од добрите ствари на МАКО-то е што се регулира во сите рамнини (3 - висински, ширински и длабински) најголем број од механизмите го немаат третото регулирање - длабински, иако тоа е најважниот дел, односно го прави прозорот да дихтува подобро.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Па, да направам освежување на темава, поставив прозорци.

Профилот е Euro 70 Rehau (5 комори, 70мм)
Три слоја К стакло 4мм, (К - за температурна изолација)
Без аргон и без механизам за вертикално подотварање.

285 евра.

Ефектот е доста солиден. Совршена тишина неможе да се добие, ионака зидовите не ми се со изолација, туку со обична фасада. Но во секој случај е многу многу подобро од тоа што беше. Кога имам ептен тивка музика пуштено скоро и да не го слушам песот надвор.

И сега треба да ставам ролетни, сакам да поставам однадвор некакви (туку-речи најевтини), и зборот ми е дали има шанси да се заебе профилот (и целата изолација да отиде упм.) нешто ако треба да се продупчи низ него за да се постави конецот од ролетната?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom