Деновиве треба да се одлучам за телефон, со ова продолжувањево на договори од One. Не сум некој забеган по смартфони, мобилниот го користам најчесто за неговата основна намена, јавување. Ама веќе кога ми даваат бонус, би одбрал некое смартфонче за промена, без да фрлам многу пари...
Ми треба мислење од тие што се повеќе упатени, околу овој модел:
Alcatel OT-995
Еве и
ЛИНК со спецификации.
Вака на хартија изгледа супер телефончево. Нуди многу повеќе во однос на останатите во истиот ценовен ранг. За истите пари отприлика би можел и HTC Desire C или Samsung Galaxy Ace S5830. Послаби се од Alcatel-от, ама па повеќе им верувам како производители.
И да напоменам,
важно ми е да е квалитетен телефонот (изработката), софтверот да е добар и екранот да е што поквалитетен и да е што поедноставен за користење телефонот. Не ми е толку важна камерата, какво видео снима и слични глупости...