Околу сликите: тоа е правило според медиумското вознесение - и ако ме праша некој мене, не би сакал да се објавуваат, ама нека, нека послужат во вакви случаи за поголемо згрозување и прст на чело, бидејќи сме премногу вознесени и самите и бројките од весник ништо не ни значат...
Сакате пример?
Бујрум:
Ен,
два,
три,
четири...
Без никаква интенција да релативизирам, секој ден читаме бројки во весниците кои зборуваат за намалување на контото на активни живи учесници во она што го нарекуваме живот, поради некаква човечка грешка...
Тука за мене прекинуваат сите други „важни“ факти од типот: од кај биле, каква намера имале, колку стари биле итн итн... Просто, тие биле луѓе. Како мене, и како тебе. Нечии мајки, татковци, синови, ќерки, браќа, сестри. Full stop.
За сликите: ако е за “гледаат и мали деца“ нека гледаат. Незнам дали за да малите деца внимаваат и во иднина да не се качуваат на брод воопшто, или за надлежните да размислат до која мера одат „отстапките“ (кои за жал се нормални) при технички контроли, просто да ја сфатат својата улога која ја имаат технички гледано при спречување на некои можни несреќи, трагедии како оваа...
За охриѓани - со сета одговорност која ја носам како администратор на овој форум - дозволете да ви кажам нешто: Мајката да ви ја ебам кретени нечовечки, кои брзате незнаејќи како да се справите со оваа случка, прва од овој тип во нашата земја, да искомпензирате за сладоледот или салатата која ви била преплатена или ненавремено доставена да ги обвините „охриѓани“. Па да ви се посерам на објективноста, ако одиме во нечовечност, камо ви се пофалбите за сите кои дошле да помогнат колку можат, колку знаат, неколку моменти по несреќата? Да спасат кого можат?! Уште еднаш, да ви се посерам на објективноста.
За преоптовареноста: студирам на факултет кој секојдневно се бави со безбедноста на луѓето, покрај другите елементи при проектирањето (студирам архитектура). И знам дека кога ќе димензионирам плоча, онаква на каква сите од вас седите во моментот, јас предвидувам четирикратна заштита за вас, значи четири пати повеќе од нормалното оптоварување кое треба да се издржи, за во случај на несреќа.
Без никаква намера да релативизирам непочитување на прописите кое несомнено се случило од страна на капетанот на бродот, за што се надевам најискрено дека ќе одговара пред законот, ќе ја добие заслужената казна (која ама никако нема да ја надомести штетата за трагедијата; и не само тој, туку и тие кои му ја дале дозволата за пловидба, односно оние кои не ја вршат контролата) и ќе послужи како пример за останатите... Наша штета е што како лимонада земја со нула одговорност (нула во наводници чунким има исклучоци) мораме да учиме од „практични“ примери како овој, за да корегираме нешто (или за воведеме некаква забрана, како што ни е пракса).
За „одговорот“ на трагедијата: сметам лично, од моите информации во медиумите, дека нашите одговорни направија се што е можно за да спасат што повеќе луѓе при оваа несекојдневна, страшна трагедија.
Моите молитви одат до фамилиите на починатите, моето сочуство до Бугарија, како земја од која доаѓаат (малтене) сите мртви, мојата желба вакво нешто НИКОГАШ да не се повтори.
И кога ќе се дрзнете за да пишувате за оваа тема, не заборавајте дека она што за нас е бројка, реално е нечиј човечки живот. Покажете почит и извлечете поука.
Со почит,
Богдан Илиевски, Serpico, администратор на Кајгана форумот.