Според инфорациите на А1, извлечени се уште 5 тела со што бројот на загинати се искачи на 22. Во бродот имало група од 62. туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“.
Несреќата се случила 15-тина минути пред 11 часот. Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.
Според податоците од Катепатинијата во Охрид бродот „Илинден“ поседувал сертификат за пловидба од 29 Мај 2009. година во важност од една година. Бродот е регистриран за 43 патници, а според податоците од Капетанија, бродот превезувал 74 патници.
Министерот за транспорт Миле Јанакиевски си поднесе оставка од морални причини.